Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЕПАЛЦИТЕ БЕГААТ ОД МАКЕДОНИЈА: Дали Хрватска и Грција се попримамливи за нив?
Економија

НЕПАЛЦИТЕ БЕГААТ ОД МАКЕДОНИЈА: Дали Хрватска и Грција се попримамливи за нив?

29/07/2024

AA

Откако имаше повеќе случаи каде работници од Непал избегаа
од земјава, ги прашавме Непалците која е платата за која се нафаќаат да работат
во странство, на што одговараат дека се спремни да работат напорно, но
очекуваат месечно да заработат над 1.000 или 1.500 евра. За нив Македонија не е
предизвик, туку целта им е да отидат во некоја од
развиените европски земји, каде ќе заработат повеќе, а нивните семејства ќе
бидат покомотни. Велат дека ако одат на печалба во странство, сакаат тоа да се
исплати и да почувствуваат промени.

„Непалците ќе бидат задоволни ако платата им е над 1.500
евра за еден месец. Основната плата во Хрватска е 840 евра. Тие пари се за
основните работни часови, но ако стигнат до 12 часа работа, земаат повеќе.
Непалците одат во Хрватска затоа што добиваат од 1.200 до 1.500 евра. Непалците
не остануваат многу во Хрватска. Не се задоволни од платата во Хрватска,
односно Непалците одат во земји како Франција, Германија, Белгија, Португалија,
Полска, Грција. Тие одат таму и работат напорно, сакаат да ја градат својата
иднина, издржувајќи го своето семејство. Moи пријатели отидоа во Хрватска, но
повеќе не се таму и заминаа во подобри земји со повисока заработка. Хрватска не
е баш добра. Оттаму луѓето одат во земји со подобри приходи. Луѓето си одат од
Непал за да можат побрзо да заработат. Јас сега сум во ОАЕ, но оттука заминувам во европска земја“, вели Југен Лама од Катманду.

Суман Упрети кој живее во истиот град во Непал, смета дека
македонските плати не се примамливи.

„Добро би било за Непалците да заработат 1.000 евра
месечно“, додава тој.

Во Скопје, Прилеп, Пехчево, Свети Николе изминативе месеци
имаше пријави дека работници од Непал исчезнале.

„Пред да дојдат, тие знаат за која плата ќе работат и таа е
повисока од онаа во нивната земја. Но, нив ова им е отскочна даска за да
заминат во Хрватска или Грција“, велат од компанија од каде побегнаа работници.

Од една македонска компанија ни потврдија дека работниците
кои избегаа од земјава, на социјалните мрежи објавиле фотографии од кои се
гледа дека се заминати во регионот да работат на море. Meѓу работниците кои
избегаа имаше лица на возраст од 27 до 38 години. Ангажирани беа во текстилот,
но и во други сектори. Хрватските медиуми уште во 2022 година пишувале дека
непалските работници доаѓаат кај нив, но дел од нив експресно бегаат во други
држави. Според пишувањето на босанските медиуми, Непалци работат и во Босна и
Херцеговина(БиХ). Деновиве од Скопје избегаа и работници од Бангладеш. Инаку,
според податоците на Меѓународниот монетарен фонд(ММФ) пред неколку години,
Непал беше меѓу 30-те најсиромашни држави во светот.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РАДИЧЕВСКИ НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО БРВЕНИЦА Од локални патишта и

28/09/2026
Македонија

УТРИНСКИ МРАЗ ВО БЕРОВО, ЛЕТНИ 26 СТЕПЕНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА Голема

28/09/2026
Македонија

СДСМ СЕ ПРОТИВ ВЛАДАТА, ПРОТИВ ИНВЕСТИЦИИТЕ, ПРОТИВ СÈ Мицкоски вели

28/09/2026
Македонија

ШЕСТ ЛИЦА УАПСЕНИ ПОД СОМНЕНИЕ ЗА ТЕРОРИЗАМ Неофицијално пронајдени снајперски

28/09/2026
Македонија

САКАМЕ РЕШЕНИЕ СО БУГАРИЈА, НО МОРА ДА ИМА ПРЕДВИДЛИВОСТ Муцунски

28/09/2026
Македонија

📽️ ГЛИНЕНИ ГУЛАБИ ОД МАКЕДОНИЈА ЗА СРПСКОТО ПОДЗЕМЈЕ Најмалку 16

28/09/2026
Македонија

СЕРИСКИОТ УБИЕЦ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ПРИЗНА ДВЕ УБИСТВА, ЗА ДВЕ

28/09/2026
Македонија

ИЗЛЕТАЛ СО КАМИОН ОД ПАТОТ И ЗАГИНАЛ Тешка сообраќајна несреќа

28/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45856
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РАДИЧЕВСКИ НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО БРВЕНИЦА Од локални патишта и водоснабдување до дигитални услуги

28/09/2026

На вечерашниот митинг во Општина Брвеница, во рамките на предвремените локални избори, под слоганот „Една Брвеница за сите! Да ја

УТРИНСКИ МРАЗ ВО БЕРОВО, ЛЕТНИ 26 СТЕПЕНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА Голема температурна разлика низ земјава

28/09/2026

Променливо облачно време со сончеви периоди нè очекува во поголемиот дел од земјава, а во југоисточните делови ќе има услови

СДСМ СЕ ПРОТИВ ВЛАДАТА, ПРОТИВ ИНВЕСТИЦИИТЕ, ПРОТИВ СÈ Мицкоски вели дека тие се само за

28/09/2026

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски вечерва на митингот на партијата во Брвеница ја обвини СДСМ дека се противи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy