Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЕМААТ ВРСКА СО ВРЕМЕНСКАТА ПРОГНОЗА, АМА БАРААТ ДИРЕКТОР – ќе седне ли Селами и официјално на првата фотелја на Бирото за метрологија
Економија

НЕМААТ ВРСКА СО ВРЕМЕНСКАТА ПРОГНОЗА, АМА БАРААТ ДИРЕКТОР – ќе седне ли Селами и официјално на првата фотелја на Бирото за метрологија

19/09/2023

AA

Владата преку оглас бара директор на Бирото за метрологија. Во објавата
на нејзината веб страница таа навела еден куп општи и посебни услови кои треба
да ги исполнуваат лицата што сакаат да се кандидираат за местото прв човек на
оваа институција.

Во моментов на чело на Бирото е Авдуљ-Селам
Селами, кој од пред неколку месеци е на позицијата вршител на должноста директор. Селами, инаку, е кадар на една од
владејачките партии, ДУИ.  

Како што памети јавноста, Селами на еден начин се „прослави“ по повод
светскиот ден на метрологијата, кога на шега кажа дека пред да стане директор
на таа позиција, мислел дека оди во институција која што ги следи промените на
времето, односно метеоролошките промени.

Според нашите
сознанија, огласот за редовен директор за периодот од следните четири години е
отворен и на него ќе можат да се пријават сите кандидати што ги исполнуваат
условите, но при изборот предност најверојатно ќе има токму Селами.

Како што стои
во огласот, за директор на
Бирото може да биде именувано лице кое e државјанин на земјава, не му
е со правосилна судска пресуда изречена
казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или
должност, како и да има
стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен.

Како еден од
условите кој го навела Владата на огласот, е кандидатот што ќе се пријави да
има најмалку пет години работно искуство
во областа на метрологијата.

Натаму,
потенцијалниот нов директор треба да поседува еден од меѓународно признатите сертификати или уверенија за
активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години, a потребни се и дополнителни критериуми, кои исто така, се наведени во пријавата. Кандидатот
треба да достави и мотивациско
писмо, како и план и програма
за неговата идна работа, но и доказ дека има најмалку пет години
работно искуство во областа на метрологијата. Сите
заинтересирани кандидати можат да се пријават заклучно со петти октомври оваа
година.

Инаку, Авдуљ-Селам Селами, е поранешен заменик-директорот на Управата за
јавни приходи, а од пред неколку месеци е в.д. директор на Бирото за метрологија, орган во
состав на Министерството за економија.

Во својот
свечен говор по повод Светскиот
ден на метрологијата, во мај годинава, Селами
призна дека мислел оти оваа државна институција ги следи метеоролошките промени
и дека ќе работи на науката за времето.

„Метрологијата
е наука за мерењата, метрологијата нема врска со временска прогноза во која што
и јас, очигледно да ви кажам, до пред некое време грешев, мислев дека е наука
за времето“, рече
Селами.

Таа негова
исповед предизвика бурни реакции во јавноста, критики, но и сочни шеги на социјалните
мрежи.

Инаку, Селами е
правник, а негово прво вработување
било инспектор во УЈП. Информациите кои тогаш ги објавија медиумите беа дека Селами потоа бил заменик директор на
Агенција за финансиска поддршка на земјоделието и рурален развој, заменик
директор на Управа за јавни приходи, бил член на Управен одбор на
Универзитетска клиника за неврологија, како и член на Управен одбор на ЈП Улици и патишта – Скопје.

А, колку за потсетување, Бирото за метрологија е наследник на поранешната Служба
за стандардизација и метрологија, со својство на правно лице
. Бирото ги извршува работите и
задачите од областа на метролошкиот систем на земјава, а кои
се однесуваат на:надзор над употребата и начинот на
пишувањето на законските мерни единици;обезбедување
на следливост, и остварување, чување и одржување на националните еталони и
сертифицираните референтни материјали; обезбедување
на следливост на референтните еталони;калибрација
на еталони и мерила;учество
во постапката за акредитација на лаборатории за калибрација и тестирање врз
основа на Законот за акредитација;надзор
над работењето на правните лица овластени за извршување на одделни работи од
областа на метрологијата;оцена
на сообразноста на типот на мерилата;верификација
на мерилата; и слично.

Mетеорологија, пак, е интердисциплинарна наука која ја проучува атмосферата,
времето и климата и која ги проучува временските појави и процеси,
и во
последните дваесетина години и големата област од науката позната како
климатски промени.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ТДП на чекор до владина коалиција, продолжуваат разговорите со ВМРО-ДПМНЕ

23/06/2026
Македонија

ФОТО КПУ Затвор Скопје ја зголеми безбедноста со четири нови

23/06/2026
Македонија

Претрес во Росоман: Пронајдена дрога, приведено едно лице!

23/06/2026
Македонија

Македонија се приклучува кон EU4Health: Нов чекор кон европски стандарди

23/06/2026
Македонија

Уставниот суд изгласа повисоки плати од октомври, ќе важат старите

23/06/2026
Македонија

Денеска ќе има привремен прекин на системот „МојДДВ“

23/06/2026
Македонија

Пратениците в среда ќе расправаат за интерпелацијата на Панче Тошковски

22/06/2026
Македонија

Кочанчанец избегал од Државна болница и исчезнал, семејството апелира за

22/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43888
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ТДП на чекор до владина коалиција, продолжуваат разговорите со ВМРО-ДПМНЕ

23/06/2026

Турската демократска партија (ТДП) е блиску до договор за влез во Владата, а разговорите со владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжат и

ФОТО КПУ Затвор Скопје ја зголеми безбедноста со четири нови службени кучиња

23/06/2026

Казнено-поправната установа Затвор Скопје ги зајакнува безбедносните капацитети со воведување нова поддршка за чуварската служба. По подолг временски период, установата

Претрес во Росоман: Пронајдена дрога, приведено едно лице!

23/06/2026

Претрес во Росоман, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице На 22.06.2026 во 18:20 часот во Росоман, полициски службеници од

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy