Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 📽️ НЕМА КОМПРОМИС СО КРИМИНАЛОТ, ПОРАЧАА ТОШКОВСКИ И МИЦКОСКИ Првично запленетите 40 тони марихуана ќе се чуваат во МВР како доказ
Македонија

📽️ НЕМА КОМПРОМИС СО КРИМИНАЛОТ, ПОРАЧАА ТОШКОВСКИ И МИЦКОСКИ Првично запленетите 40 тони марихуана ќе се чуваат во МВР како доказ

10/02/2026

AA

Министерството за внатрешни работи ги објави првите снимки од досега запленетите 40 тони марихуана во големата полициска акција. Министерот Панче Тошковски заедно со премиерот Христијан Мицкоски, тимот од МВР и директорот на Бирото за јавна безбедност испратија јасна порака дека криминалот ќе биде обелоденет и дека истрагата продолжува.

– Денеска заедно со претседателот на Владата, директорот на Бирото за јавна безбедност и тимот од МВР имаме можност да ги видиме првите 40 тони марихуана запленети во првичната фаза од големата полициска истрага. Според комисијата за здравство марихуаната е произведена и чувана надвор од законските протоколи. Истата привремено ја складиравме во простории на МВР со цел за понатаму да биде искористена како дел од доказната постапка. Продолжуваме со активности заедно со обвинителството за организиран криминал ОЈО ГОКК и со останатите обвинителства за истрагата за да можеме докрај да го расветлиме случајот. За жал, негрижата и катастрофалниот однос во овој и во повеќе сектори предизвикале екстремно штетни последици. Во соработка со сите надлежи инстицуии, комисии и инспекции сметам дека во наредниот период ќе делуваме соодветно за да можеме да ја отстраниме незаконито произведената дрога чија крајна цел биле или македонските или европските улици – изјави првиот човек на МВР Панче Тошковски.

Премиерот Мицкоски испрати порака до криминалците дека жестоко ќе бидат казнети и дека криминалот бил исплатлива работа во некои други минати времиња.

– Почитувана македонска јавност, она што го гледате зад мене е дел од оние 40 тони цвет од канабис, нешто кое претставува резултат на погрешни политики од едно друго време. Очекуваме на денешната седница на влада се донесе одлука за формирање комисија која ќе влезе во повеќе правни лица и ќе испита кои правни субјекти го изиграле законот. Со сето ова кое се случуваше изминатите денови имавме цел да покажеме дека никој не е над законот, дека нема компромис со корупцијата, дека МВР со сите капацитети ќе се справи со случајот. Сакам да испратам порака до сите кои мислеле дека криминалот е исплатлива работа, денеска криминалот не се исплати. Ќе бидете пронајдени и ќе бидете жестоко казнети сите вие кои мислите дека ова се исплати – изјави премиерот.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Кошта утре пристигнува на средба со Мицкоски

01/06/2026
Македонија

Маж ѝ истурил хемиско средство во очите на својата партнерка

31/05/2026
Македонија

Приведено лице баранo со судска наредба за криумчарење на мигранти

31/05/2026
Македонија

Алијанса за Албанците стана „Албанска лига“ – Села најави силна

31/05/2026
Македонија

Четири лица уапсени и еден извршен службен разговор по седум

31/05/2026
Македонија

Со тротинет удрил во пешак во Гостивар и избегал!

31/05/2026
Македонија

Филипче: Евроинтеграциите зависат само од власта, уставните измени не се

31/05/2026
Македонија

20 ученици со симптоми на стомачни тегоби: Се испитува дали

31/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43569
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Кошта утре пристигнува на средба со Мицкоски

01/06/2026

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, оваа недела започнува нова регионална турнеја низ Западен Балкан посветена на проширувањето на Европската

Маж ѝ истурил хемиско средство во очите на својата партнерка додека биле во автомобил!

31/05/2026

На 30.05.2026 година во СВР Скопје, 37-годишна жена пријавила дека во близина на нејзиното работно место, додека била во возило

Приведено лице баранo со судска наредба за криумчарење на мигранти

31/05/2026

Денеска (31.05.2026) во 15:00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, постапувајќи по судска наредба, го

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy