Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 📽️ НЕМА ИМПРОВИЗАЦИИ, ОВАА ВЛАДА ИСПОРАЧУВА Партнерството со САД е децениско, ќе се зголемува трошењето за НАТО
Македонија

📽️ НЕМА ИМПРОВИЗАЦИИ, ОВАА ВЛАДА ИСПОРАЧУВА Партнерството со САД е децениско, ќе се зголемува трошењето за НАТО

17/09/2026

AA

Кога нешто ќе се вети, мора и да се испорача, порача премиерот Христијан Мицкоски во разговор во Атлантскиот совет во Вашингтон. Тој рече дека импровизациите не се рецепт за „вистинска политика“ и дека Владата има план што го следи.

Настанот на Атлантскиот совет беше посветен на стратешкото партнерство со САД, економската иднина на Македонија и нејзиниот пат кон ЕУ.

– Ние испорачуваме и го правиме тоа што го зборуваме. Кога кажуваме и ветуваме нешто, се обидуваме да го исполниме. Го правиме тоа што го зборуваме – и во животот и во политиката, вистинската политика. Не треба да импровизирате. Подобро е да молчите отколку да импровизирате и да кажете нешто што не сте во можност да го испорачате. Така што, сè она што го кажуваме и зборуваме – го правиме. Имаме план. Сега сме меѓу земјите во НАТО и сојузниците во НАТО кои ги исполнуваат своите обврски и цели, достигнувајќи 3,5 отсто до 2035 година за воени расходи и како надополнување на тоа, 1,5 проценти инвестиции во стратешката инфраструктура – што значи автопати, железници, водови за пренос на енергија, што се сметаше за вид тесно грло на нашиот континент. Затоа, мора гордо да кажам дека, да, посветени сме, имаме план и го следиме тој план, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во интервју за Атлантскиот совет.

Мицкоски оцени дека земјава е во многу подобра форма од пред три години и уверен е, како што напомена, дека за три години ќе биде во уште подобра позиција.

-Ако ја анализираме ситуацијата во мојата земја, веројатно можам да кажам дека да, во подобра форма сме од пред една година и во многу подобра форма сме во споредба со ситуацијата во мојата земја пред три години. Цврсто верувам дека за три години од сега, мојата земја ќе има подобра позиција и ќе биде во подобра форма во споредба со денес, нагласи премиерот.

Според него, стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник.

– Нашето стратешко партнерство со САД не дојде одненадеж. Тоа е децениски старо стратешко партнерство и продолжување на таа траекторија. Ние веруваме дека нашиот најсилен сојузник се Соединетите Американски Држави. Веруваме и јас и нашата Влада дека ги делиме истите вредности, а во животот, кога избирате партнер, избирате партнер. Играњето двојни игри или имањето двојни стандарди не е нешто што е посакувано за мене лично, ниту за мојата Влада. Затоа, стоењето рамо до рамо со стратешките партнери — избрани еднаш – треба да трае засекогаш. Ако го менуваме нашето мислење во зависност од дневната политика, тогаш никој нема да ви верува и никој нема да има доверба во веќе идното партнерство. Ние можеме само да го продлабочиме нашето стратешко партнерство со САД. Можеби сме мала земја, но сме со многу добра геопозиција во срцето на Балканот. Можеби сме неколку километри подалеку од морето, но сме природен крстопат на неколку многу важни проекти во регионот и во Европа, генерално. Така што, мислам дека нашето стратешко партнерство со САД ќе биде од корист за сите, не само за двете земји, туку и за регионот и за Европа – рече премиерот.

Денешниот разговор е дел од иницијативата „Балканот напред“ на Центарот за Европа, која работи на одржување на Западен Балкан на надворешнополитичката агенда во Вашингтон и на олеснување на дијалогот и анализите за најгорливите прашања со кои се соочува регионот.

Премиерот Мицкоски со владина делегација е во посета на Соединетите Американски Држави (САД). Предвидено е да има средби во Сенатот, Конгресот и Стејт департментот, со претставници на финансиската институција DFC, со државници и со влијателни тинк-тенк организации. Мицкоски престојува во Вашингтон, но ќе учествува и на годинешното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕВРЕМЕ СО ГРМЕЖИ И ПОРОЕН ДОЖД, ПОТОА НАГЛО ЗАЛАДУВАЊЕ На

10/10/2026
Македонија

ПОЛИЦАЕЦ АЛБАНЕЦ ОД КРИМИНАЛИСТИЧКАТА ПОЛИЦИЈА ПОСОЧЕН КАКО ГЛАВЕН ТЕПАЧ Се

10/10/2026
Македонија

ДА ЈА ВРАТИМЕ ДРЖАВАТА ВО СЛУЖБА НА НАРОДОТ Филипче од

10/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА СВЕТИ ВО ЗЕЛЕНО ЗА НОВ ЖИВОТ Објекти низ државата

10/10/2026
Македонија

„DIE TAGESPOST“ ЈА ЦИТИРА МАКЕДОНСКАТА ПРЕТСЕДАТЕЛКА Пред да се прошири

10/10/2026
Македонија

МИЦКОСКИ СЕ РАДУВА ШТО ПОЧНАЛ ДИЈАЛОГОТ СО БУГАРИЈА Прмиерот очекува

10/10/2026
Македонија

ПИТА ДОЛГА 4,4 МЕТРИ ЈА ОТВОРИ „ПИТИЈАДА“ ВО ВЕЛЕС Џиновскиот

10/10/2026
Македонија

УАПСЕНИ ДИРЕКТОР И ВРАБОТЕНА ВО „НАЦИОНАЛНИ ШУМИ“ Одземени камиони и

10/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46099
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕВРЕМЕ СО ГРМЕЖИ И ПОРОЕН ДОЖД, ПОТОА НАГЛО ЗАЛАДУВАЊЕ На повисоките планини можен и снег

10/10/2026

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи и

ПОЛИЦАЕЦ АЛБАНЕЦ ОД КРИМИНАЛИСТИЧКАТА ПОЛИЦИЈА ПОСОЧЕН КАКО ГЛАВЕН ТЕПАЧ Се очекува санкција за случајот со

10/10/2026

Полициски службеник од албанска националност, припадник на криминалистичката полиција, е посочен како главен учесник во наводното физичко малтретирање на двајца

ДА ЈА ВРАТИМЕ ДРЖАВАТА ВО СЛУЖБА НА НАРОДОТ Филипче од маршот за 11 Октомври порача

10/10/2026

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на маршот во Прилеп по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, под

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy