
📷 НЕМА ДА ОСТАНАТ СЕЛА ОТСЕЧЕНИ ОД АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД Почна да се гради натпатник кај Подмоље

Коце Трајановски, директорот на Јавното претпијатие за државни патишта информира дека интензивно се работи на проекти кои ќе обезбедат населените места кои гравитираат на патот Кичево – Охрид, да добијат пристапност, до и од новиот автопат кој е во изградба.
„Денеска започна поставување на бетонските греди на натпатникот кај Подмоље. Планот e до крајот на следниот месец натпатникот комлетно да биде ставен во функција. За многу скоро ќе се вози по новата автопатска делница од селото Клименштани до Охрид, или целосно како автопатско решение ќе бидат ставени во функција дел од делница 4 и комплетно делница 5“ – напиша Трајановски на својот профил на Фејсбук.
.

