Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Министерството за здравство го мапира човечкиот капитал во здравствениот систем низ целата држава
Македонија

Министерството за здравство го мапира човечкиот капитал во здравствениот систем низ целата држава

21/11/2025

AA

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска на прес-конференција соопшти дека Министерството започнало со прва темелна анализа на човечките ресурси во здравствениот систем, како јавен така и приватен, низ целата држава.

„Кога кажав дека здравствениот систем ќе го гледаме како жив организам, а не како хаотична збирка од установи, многумина се прашуваа што тоа значи во пракса. Денеска имаме прв одговор – анализа на податоците за моменталната состојба на човечки ресурси во сите здравствени установи“, изјави Алиу.

Процесот вклучува вкрстување на податоци од повеќе институции, меѓу кои Централниот регистар, Агенцијата за вработување, Лекарската и Стоматолошката комора, Фармацевтската комора, Управа за електронско здравство и Фондот за здравствено осигурување.

Според анализата, во земјата има вкупно 3.779 здравствени установи, од кои 2.942 се дел од мрежата на здравствени установи, а 837 се надвор од мрежата. Од нив, 2.830 се приватни, додека 112 се јавни здравствени установи, вклучувајќи и институции како Војната медицинска академија, Медицинскиот и Фармацевтскиот факултет во Скопје.

Бројот на вработени изнесува 32.383 лица, од кои 18.536 работат во јавниот, а 13.847 во приватниот сектор. Во јавниот сектор, 4.746 се лекари на секундарно и терцијарно ниво, 7.003 се медицински сестри, а останатите се медицински и немедицински кадар, како возачи на брза помош, хигиеничари, магационери и клинички фармацевти.

Алиу нагласи дека резултатите од анализата ќе послужат како основа за креирање на здравствени политики базирани на точни и ажурирани податоци. „Ова е динамичен регистар кој ќе овозможи да се следи движењето на човечките ресурси во реално време – од пензионирања и нови вработувања до специјализации и трансфери меѓу установите“, рече министерот.

Министерот додаде дека анализата ќе овозможи оптимизација на човечките ресурси, рамномерна распределба на кадарот и планирање на нови вработувања според конкретните потреби на здравствениот систем. Особено внимание ќе се посвети на недостасокот на лекари и медицински сестри според европските стандарди, како и на профили каде што има излишок или недостаток на кадар.

„Сега, кога ќе зборуваме за зајакнување на примарното здравство или отворање нови специјализации, тоа ќе биде базирано на реални потреби и точни бројки, а не на желби или историја. Со оваа матрица на човечки ресурси ќе можеме правично да ги распределиме кадрите и да ја зголемиме ефикасноста на здравствениот систем“, нагласи Алиу.

Овој проект е дел од националната стратегија за здравствен човечки капитал на Министерството за здравство за наредните десет години и претставува основа за реформите во целиот здравствен екосистем.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ЗА ГЛАСАЊЕ КАЈ СРПСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ ВО МАКЕДОНИЈА Пријавени

25/10/2026
Македонија

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА ПАТОТ СТРУМИЦА-РАДОВИШ Загина 58-годишен возач

25/10/2026
Македонија

ДО 12 ЧАСОТ НА ГЛАСАЊЕ ИЗЛЕГЛЕ 5,8% ОД ГЛАСАЧИТЕ Скромен

25/10/2026
Македонија

СЛУЧАЈНО СО ПИШТОЛ ГО РАНИЛ СВОЈОТ ДРУГАР ВО СТОМАКОТ Малолетник

25/10/2026
Македонија

ТРАКТОРСКИ МЕХАНИЗАМ ЈА ПОВЛЕКОЛ ЖЕНАТА ВО НИВА Тешко повредена 46-годишна

25/10/2026
Македонија

ТИНЕЈЏЕР ПРОНАШОЛ И ВРАТИЛ ПАРИЧНИК СО ОКОЛУ 4.000 ЕВРА Пример

25/10/2026
Македонија

ВО МАКЕДОНИЈА МИНИМАЛЕН ИНТЕРЕС ЗА ГЛАСАЊЕ НА БУГАРСКИТЕ ИЗБОРИ Се

25/10/2026
Македонија

УБИЕН Е ПОЗНАТИОТ БУГАРСКИ БИЗНИСМЕН СЛАВИ БИНЕВ ВО СОФИЈА Тројца

24/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46361
  • Регион 3997
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ЗА ГЛАСАЊЕ КАЈ СРПСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ ВО МАКЕДОНИЈА Пријавени се 1.438 за гласање во

25/10/2026

Во Македонија 1.438 српски државјани се пријавија за да гласаат на предвремените парламентарните избори во Република Србија. Зголемен е бројот

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА ПАТОТ СТРУМИЦА-РАДОВИШ Загина 58-годишен возач

25/10/2026

На 25.10.2026 околу 02:00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Радовиш, во близина на село Радичево,

ДО 12 ЧАСОТ НА ГЛАСАЊЕ ИЗЛЕГЛЕ 5,8% ОД ГЛАСАЧИТЕ Скромен одѕив на претседателските избори во

25/10/2026

До 12 часот, одѕивот на претседателските избори во Бугарија изнесува 5,8 проценти или на гласање излегле 385.092 гласачи, соопшти портпаролката

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy