Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Нема да има огномет, а еве кои пејачи ќе настапат на плоштад на Нова Година
Македонија

Нема да има огномет, а еве кои пејачи ќе настапат на плоштад на Нова Година

15/12/2025

AA

Новогодишната прослава на Плоштадот Македонија во Скопје годинава ќе помине без традиционален огномет, соопшти градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на денешната прес-конференција на која беше презентирана новогодишната програма.

Како што истакна Ѓорѓиевски, одлуката е донесена со цел дочекот на Новата година да се реализира во поинаков концепт, со акцент на музичка програма и забава за различни возрасни групи. Тој нагласи дека за новогодишната ноќ инсистирал да настапуваат исклучиво домашни изведувачи.

„Покрај програмата за дочекот, во наредните денови ќе има и содржини наменети за деца и за млади. Нашиот фокус е да создадеме забава пред сè за младите и на тоа ќе работиме и во иднина“, изјави градоначалникот.

Ѓорѓиевски појасни дека хонорарите за настапите на пејачите ги покрива Државна лотарија, додека од буџетот на Град Скопје средства се издвоени само за празничното украсување. Според неговите најави, трошоците за украсувањето ќе изнесуваат помалку од 70.000 евра.

На дочекот на Новата година на Плоштадот Македонија ќе настапат Тамара Тодевска, Каролина Гочева, Миле Кузмановски, Огнен Здравковски, Кристина Димитриевска, „Кулу леле“, Лара, Пајак и групата „Два бона“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Нов бран на нестабилност: Попладне можни краткотрајни невремиња во планинските

18/06/2026
Македонија

МВР со алармантни податоци: Зголемено семејното и врсничкото насилство кај

18/06/2026
Македонија

Ордановски: Сите зборуваат за ЕУ, но кога ќе дојдат на

16/06/2026
Македонија

Ордановски: Падот на квалитетното новинарство е глобален процес, но кај

16/06/2026
Македонија

Ордановски: Новинарството треба да биде коректив на власта, но цинизмот

16/06/2026
Македонија

Ордановски: Не сме автократско општество, но не сме ниту демократски

16/06/2026
Македонија

Ордановски: Новинарството станува заменлива професија, вештачката интелигенција го менува светот

16/06/2026
Македонија

Ордановски: Македонското општество е дезориентирано, апатијата станува алатка за владеење

16/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43789
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Нов бран на нестабилност: Попладне можни краткотрајни невремиња во планинските и југоисточните региони

18/06/2026

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер (40km/h) од северен правец, особено во источните делови. Максималната

МВР со алармантни податоци: Зголемено семејното и врсничкото насилство кај децата

18/06/2026

Зголемувањето на случаите на семејно и врсничко насилство ја наметнува потребата од посилен институционален пристап и навремена превенција, порача министерот

Ордановски: Сите зборуваат за ЕУ, но кога ќе дојдат на власт малку прават!

16/06/2026

Политичките пораки за Европската унија често не се претвораат во конкретни политики, смета политичкиот аналитичар Сашо Ордановски. Во разговор за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy