Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА – нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија
Економија

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА – нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

20/05/2024

AA

Откако пред нешто
повеќе од еден месец, преку берзанска блок трансакција беа продадени акции за
над два милиони евра на хотелиерската компанија „Македонијатурист“, во петокот
минатата недела повторно се случи голем акционерски трансфер.

Имено, Берзата објави
две блок трансакции со акции на „Македонијатурист“, кои исто така се на
прилично значајни суми, и тоа првата на близу 717 илјади евра, а втората рамно
на 150 илјади евра.

Во првата блок
трансакција се продадоа 7.167 акции на ова акционерско друштво, по цена од
6.150 денари за акција, со што вкупната вредност на зделката беше 716.700 евра.
Додека, пак на втората трансакција поминаа 1.500 акции, по истата цена, што
направи овој блок вкупно да тежи 150.000 евра.

Не се знае дали се икстите купувач и продавач на двата блока, или станува збор за различни субјекти.

Со оглед на фактот
што ова акционерско друштво има издадено вкупно 452.247 акции, поминатиот прв
блок од 7.167 акциои претставува 1,58 отсто од вкупниот акционерски пакет на
хотелиерската компанија. Додека, пак, вториот блок е многу помал акционерски
процент.

Но, тоа е сепак
сериозно акционерско поместување во друштвото кое од поодамна има тројца доминантни акционери во својата сопственичка структура.

Ако го погледнеме
графиконот на движење на цената на акцијата на „Македонијатурист“, ќе видиме
дека таа постојано оди нагоре во последниов период. Последното тргување било на
10 мај оваа година, кога цената доживеала голем раст, и изнесувала 5.900 денари
за акција. Со оглед што цената која е постигната за двете блок трансакции, изнесува
6.150 денари за акција, тоа говори дека некој бил навистина заинтересиран да
купи акции од „Македонијатурист“, односно му значело силно да ги добие овие
количини акции, со оглед што претходно на редовниоот пазар се тргуваше со
помали количини, со исклучок на февруари, кога одеднаш поминаа 800 акции.

А, како што имаше информации Фактор пред еден месец кога помина блок трансакцијата на вкупна вредност од над два милиони евра, всушност, најверојатно македонскиот поп-композитор Григор Копров ги продаде тие акции. Стануваше збор за 20.708 акции во „Македонијатурист“, вредни 2,07
милиони евра,
кои претставуваа 4,58 отсто од акциите со
право на глас.
Тогаш тие акции беа продадени по цена пониска за 1.000 денари од петочната блок
трансакција, односно по 5.150 денари за една
акција.

Тогаш Фактор објави, а веста од никого не
беше демантирана, дека според бројот на акции
голема е веројатноста дека своите акции ги продал долгогодишниот акционер Копров, кој, според досега
објавувани податоци од годишниот извештај на најголемата хотелиерска компанија, имаше всушност идентичен број акции. Тој долги години наназад беше четврт по
големина акционер во „Македонијатурист“.

Најголем акционер во таа
компанија Доне Таневски, актулен претседател на Надзорниот одбор на
„Македонијатурист“ и нејзин долгогодишен директор тогаш контролираше 19,2 отсто од акциите со
право на глас. Втор по големина акционер е Соња Бибановска која исто така беше
долгогодишна директорка и сега е акционер што поседува 11,3 отсто од акциите.
Трет акционер е задолжителниот пензиски фонд со кој управува „Сава пензиско
друштво“, со 8,8 отсто од акциите.

Сега, односно во понеделникот минатата недела, тоа АД ја имаше буквално истата акционерска структура,
со тоа што Таневски сега поседува 19,59 отсто од акциите, според последната состојба
од ЦДХВ.

Но, излегува дека овие тројца најголеми
акционери не ги купиле акциите на Копров, бидејќи нивните пакети се речиси идентични
како и пред таа трансакција. Што значи, тоа е некој кој претходно немал или
имал многу малку акции, па не го надминал лимитот од 5 проценти, до кој
акционерите не се видливи за пошироката јавност.

За тоа пак, кој во петокот купи пакет од 1,58
отсто, но и еден помал пакет, ќе мора да го почекаме денешното рефреширање на
базата на Централниот депозитар, и повторно, услов ќе биде тој евентуален
акционер да го надмине прагот од 5 проценти.

Нето добивката на компанијата лани изнесува 1,57 милиони евра што
е за 3 пати подобро од претходната година.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Мицкоски: Корисниците на вториот пензиски столб можеби ќе бидат разочарани

22/06/2026
Македонија

И Здравје и Работа: Државата има должност да ги искористи

22/06/2026
Македонија

Македонскиот рубин доби официјална заштита и стана национално богатство

22/06/2026
Македонија

Драматично попладне во Македонија: Локализирани 14 пожари, три огнени стихии

21/06/2026
Македонија

Четири лица се лишени од слобода од вкупно пет пријави

21/06/2026
Македонија

Уапсени 20 возачи за безобѕирно управување возило, 16 возеле без

21/06/2026
Македонија

Бугарин следел жена во Скопје и се самозадоволувал пред неа

21/06/2026
Македонија

Крвав инцидент во Тетово: Дваесетгодишник избоден со нож пред Универзитетот,

21/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43865
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Мицкоски: Корисниците на вториот пензиски столб можеби ќе бидат разочарани

22/06/2026

Вториот пензиски столб се наметнува како една од клучните теми во најавените реформи на пензискиот систем. Меѓу идеите што се

И Здравје и Работа: Државата има должност да ги искористи своите ресурси за подобар животен

22/06/2026

Македонија не е сиромашна земја. Македонија е земја која со години не знае или не сака да ги искористи своите

Македонскиот рубин доби официјална заштита и стана национално богатство

22/06/2026

Македонскиот рубин официјално доби статус на заштитено национално минерално наследство, со што е направен значаен исчекор во зачувувањето на едно

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy