Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЕКА КАЖЕ ФИЛИПЧЕ AKO МУ СЕ ПРОБЛЕМ ВЕЛИКА БРИТАНИЈА И САД Нема М од мигранти, вели Николоски
Македонија

НЕКА КАЖЕ ФИЛИПЧЕ AKO МУ СЕ ПРОБЛЕМ ВЕЛИКА БРИТАНИЈА И САД Нема М од мигранти, вели Николоски

13/01/2026

AA

„Времето ја демантираше опозицијата, мигрантите не се тема на разговор со Велика Британија и тоа нема да се случи, додека СДСМ и Венко Филипче удирајќи по нашите државни партнери ги рушат темелите на Македонија“.

Вака истакна во вечерашното гостување во „Тема на денот„, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

– Првата средба помеѓу премиерот Мицоски и британскиот премиер Стармер се случи во мај минатата година, сега сме јануари 2026, „М“ од мигранти нема, но, има една многу сериозна работа тука. Без разлика кој колку сака да си ја задржи фотелјата во политичката партија и колку одредена политичка партија е слаба во одреден момент, не смее да се удира во темелите на државноста. Ние во моментов имаме три сериозни партнери, тоа се: САД, Велика Британија и Европската Унија. Удирањето по било кој од овие партнери, ги удира темелите на Македонија, а имавме скоро удар по првиот и по вторниот партнер. Интелектуалци блиски на СДСМ, сериозно удираа по претседателот Трамп и САД, а лично претседателот на СДСМ, Венко Филипче, удри по Велика Британија – посочи Николоски.

Тој упати директно прашање до СДСМ и Филипче да кажат која е нивната алтернатива, ако за партнери на државата не ги сметаат Велика Британија, САД и ЕУ.

– Дали за него алтернативата е Северна Кореја, или Русија, Кина, или нешто друго? Треба да знаеме каде е тој, ако проблем се Велика Британија и САД, затоа што овој начин на однесување ги руши позициите на Македонија, затоа што на крајот на денот тие нас не гледаат како една држава, а не како претставници на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ – рече потпретседателот на Владата.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Драчево со пет потврдени случаи, Скопје и Велес главни жаришта

05/08/2026
Македонија

Чаир се пофали: Добија 20 нови клупи за граѓаните

05/08/2026
Македонија

Граѓаните ќе почекаат до 20 август за резултатите од анализата

05/08/2026
Македонија

Ангелов со апел до сите мајстори: „Доволна е само една

05/08/2026
Македонија

Уапсен 62-годишен маж од делчевско, подолг период и се заканувал

05/08/2026
Македонија

Ограбена канцеларијата на директорот на ЈКП Сарај, украдени пари од

05/08/2026
Македонија

Во сред туристичка сезона: Четири дена Трпејца без капка вода!

05/08/2026
Македонија

14 пожари низ Македонија – се уште гори во Македонски

05/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44872
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Драчево со пет потврдени случаи, Скопје и Велес главни жаришта на западнонилска треска

05/08/2026

Скоро сите регистрирани случаи на западнонилска треска во земјава се лоцирани во Скопскиот регион и Велес, соопшти министерот за здравство

Чаир се пофали: Добија 20 нови клупи за граѓаните

05/08/2026

Општина Чаир продолжува со уредувањето на јавните простори, поставувајќи 20 нови клупи на повеќе локации низ општината, со цел да обезбеди подобри

Граѓаните ќе почекаат до 20 август за резултатите од анализата на водата во Гостивар

05/08/2026

Резултатите од анализата на водата за пиење во Гостивар ќе бидат објавени до 20 август, соопшти министерот за здравство Сашо

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy