Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Не спиев по голот на збогувањето на Адеми, тој ми е најдраг, а дресот – вечно ќе го чувам!“
Спорт

„Не спиев по голот на збогувањето на Адеми, тој ми е најдраг, а дресот – вечно ќе го чувам!“

21/03/2023

AA

Капитенот на македонската репрезентација Стефан Ристовски со гол за победа против својот екс-клуб Риека го испрати соиграчот од Динамо и националниот тим Аријан Адеми на печалба во Кина, па откри дека тој погодок му е најпосебен кој посебно ќе го памети, а дресот со кој настапи – вечно ќе го чува.

Ристовски веќе две години е дел од Динамо, наскоро ќе следи нов договор, зашто актуелниот му истекува за неполна година, но посебно емотивно го одигра мечот на својот брат Адеми, па и прославата на голот беше посветена на капитенот на „модрите“, од кого нема човек во Хрватска кој не се збогува со посебни зборови.

„Цела ноќ после мечот не можев да спијам, толку ме понесоа емоциите поради тој гол на збогувањето на Аки (прекарот на Аријан Адеми – н.з.). Погодив и статива, уште тоа да влезеше… Јас играч со број 13 го дадов победничкиот гол за негово заминување по 13 години. Го задржав тој дрес и вечно ќе го чувам. А, му реков дека на него мора да ми напише некоја посвета. Од сите голови, овој ми е некако најдраг, најпосебен“, вели Ристовски, додавајќи: Што човек повеќе да каже за Аријан од тоа што досега е кажано. Не сакам да откривам детали, ама можам само да ви кажам дека можеби е и најзаслужен што јас сум сега во Динамо. Мислам дека со ова доволно кажав сѐ“.

Капитенот на Македонија откри дека веќе почнал разговори за новиот договор со тренерот Анте Чачиќ, кој патем е и спортски директор, но за конкретизација е оставено за на лето по завршување на сезоната, нешто што и претходно хрватските медиуми го објавија.

„Да, разговаравме неодамна со тренерот, ја начнавме таа тема, ама не отидовме до крај. Не се оптеретувам со тоа сега, има уште време, пред нас се уште многу мечеви и потпочн фокус е на тоа. Мене во Динамо ми е навистина супер, сѐ ми одговара и не можам на ништо да се пожалам. Што се однесува до мене, јас сакам да останам. Но знаете дека во фудбалот сѐ е можно, многу работи се менувале преку ноќ, зависи од многу фактори. Почнавме разговори, ќе разговараме допрва и тешко е однапред да се зборува“, додаде Ристовски.

Македонскиот репрезентативец во овој втор дел од сезоната има спектакуларна статистика со четири гола и две асистенции за Динамо, кој е на пат до нова шампионска титула.

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026
Македонија

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026
Македонија

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал

15/08/2026
Македонија

Скопјанка измамена за околу 200.000 денари со понуда за каско

15/08/2026
Македонија

Земал 200 евра за наводно лекување на ќерка му, па

15/08/2026
Македонија

Четворица приведени во Шуто Оризари: Насилно ѝ дале марихуана на

15/08/2026
Македонија

Во понеделник почесна стрелба за Денот на Армијата

15/08/2026
Македонија

Ренџерите на Пелистер и СВР Битола лоцираа и приведоа вооружени

15/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45036
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026

Потврдени се три нови случаи на западнонилска треска, со што вкупниот број се искачи на 34, соопштија од Центарот за

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала попладнево е регистриран во западниот дел на Македонија, во поширокиот регион

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал на медицинарите

15/08/2026

Педесет и петгодишен жител на селото Уларци, општина Чешиново-Облешево, е пријавен во полиција откако, според пријавеното, злоупотребил повик до Итната

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy