Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЕ САКАЛЕ ДА ИМ ИСПЛАТАТ ПЛАТИ: Кинеските газди истепале индиски работници во Србија
Економија

НЕ САКАЛЕ ДА ИМ ИСПЛАТАТ ПЛАТИ: Кинеските газди истепале индиски работници во Србија

01/02/2024

AA

Кинеските газди истепале работници од Индија на градилиште во Србија. 

Настанот се случил во градот Зрењанин, пишуваат српските медиуми. На ова реагираше и српскиот синдикатот „Слога“ кој оцени дека Србија станува земја во која работодавачите се однесуваат според робовладетески манири.

„Луѓето од компанијата се лоши. Не тепаа“, велат работниците од Индија.

Како што раскажуваат Индијците, меѓу 10 и 12 кинески менаџери дошле со намера да ги принудат работниците веднаш да го напуштат сместувањето и да заминат во Белград и да не им ги исплатат заостанатите плати.

Откако одбиле, настанала тепачка во која менаџерите физички ги нападнале Индијците, а на еден работник во Ургентниот центар му се констатирани полесни повреди.

Работниците побарале полициска заштита и дека некој ќе им гарантира дека ќе ги добијат парите и дека ќе имаат каде да престојуваат во наредните три дена, затоа што нивното заминување е планирано за 4 и 5 февруари.

Изјавиле дека најчесто работеле на височини без соодветна заштитна опрема, дека не биле физички малтретирани, туку биле принудени на брза и тешка работа. Како заштитна опрема имале само шлемови.

Работниците од Индија изјавиле дека  позајмиле по 3.500 долари за да дојдат во Србија во јули 2022 година. Нивната плата била 700 долари месечно за десет часа работа дневно, шест дена во неделата. Останале неисплатени 2.400 долари, а по вчерашниот петчасовен разговор со полицијата постигнале договор со Кинезите да им платат 1.700 долари. 

Во Србија има работници од Индија, Бангладеш, Филипини и други земји. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

5 пожари се сѐ уште активни, најкритично кај Кавадарци

03/08/2026
Македонија

Жештините не попуштаат: Утре до 40 степени, од четврток можен

03/08/2026
Македонија

Предложен притвор за предизвикување општа опасност со пукање во Добри

03/08/2026
Македонија

Двајца бугарски пратеници кои имаат забрана за влез во Македонија

03/08/2026
Македонија

Крадци влегле во црква во Трново, украле пари и бакарен

03/08/2026
Македонија

Со возило удрил во 4-годишно дете во Гостивар, итно е

03/08/2026
Македонија

Уапсена жена од Кратово кај локалитетот „Куклица“, нападнала посетители!

03/08/2026
Македонија

РЕАКТИВИРАН ПОЖАРОТ ВО КАВАДРЕЧКО: Два „ер трактори“ го гаснат огнот

03/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44835
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

5 пожари се сѐ уште активни, најкритично кај Кавадарци

03/08/2026

Центарот за управување со кризи (ЦУК) ја објави најновата состојба со пожарите на отворен простор на територијата на државата за

Жештините не попуштаат: Утре до 40 степени, од четврток можен дожд во попладневните часови

03/08/2026

Времето утре ќе биде сончево и многу топло, со мала локална облачност и слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура

Предложен притвор за предизвикување општа опасност со пукање во Добри Дол

03/08/2026

По кривична пријава на Министерството за внатрешни работи, Основното јавно обвинителство во Гостивар поведе постапка против четворица лица од селото

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy