Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЕ САКА НЕВЕРНИК: Словачката претседателка одби да го именува Хулиак за министер за животна средина
Македонија

НЕ САКА НЕВЕРНИК: Словачката претседателка одби да го именува Хулиак за министер за животна средина

20/10/2023

AA

Доколку сака да ја претставува својата земја на средбата на Европскиот совет на 26 и 27 октомври, мандатарот за состав на новата словачка Влада, Роберт Фицо ќе мора да предложи нов кандидат за министер за животна средина, откако претседателката на Словачка, Зузана Чапутова го одби сегашниот предлог за прв човек на овој ресор Рудолф Хулиак, објави „Еурактив“.

Хулиак, кој е кандидат за министер на предлог на неговата десничарската Словачката национална партија (СНС), е познат по тврдењата дека климатските промени се измислени за да им се одземат автомобилите на луѓето, кој поборниците на зелената транзиција во ЕУ ги нарече „бриселски еко-терористи“ и кој бараше бесење на еколошките активисти. Меѓу останатото, тој има изјавено дека лично ќе ја посети Русија и „ќе побара прошка“ за досегашната политика на Братислава, често е обвинуван за ширење дезинформации на социјалните мрежи и е познат по нападите врз ЛГБТ+ заедницата.

Во образложението на својот став, Чапутова изјави дека не може за министер за животна средина да именува „кандидат кој долго време го негира научниот консензус за климатските промени и вели дека нема вистинска климатска криза“.

Според професорот по уставно право на Универзитетот „Матеј Бел“, Камил Бараник, Уставот на Словачка не ја обврзува Чапутова да ја прифати номинацијата на Хулиак и ако Фицо сака да биде именуван за премиер, ќе мора на претседателката да достави предлог листа за членови на владата што за неа би биле прифатливи.

– Ако сака да го испочитува рокот, треба да соработува, изјави Бараник.

Чапутова додаде и дека „нема проблем со ниту една од другите номинации“, со што сопартијката на Хулиак, Мартина Шимковичова останува кандидат за министерка за култура, иако работи за медиум кој често е обвинуван за ширење дезинформации. Шимковичкова претходно беше отпуштена од работа од најголемата словачка телевизија ТВ Маркиза, поради расистички изјави против мигрантите за време на мигрантската криза во 2015 година.

И додека кандидатите за министри на СНС се објавени, Фицо одбива да ги обелодени предложените членови на владата од неговата популистичка партија Насока – Словачка социјална демократија (СМЕР-ССД).

Сепак, дел од словачките медиуми, објави дека кандидат за министер за надворешни работи е потпретседателот на СМЕР-ССД, Јурај Бланар, кој во своите јавни настапи војната во Украина ја оквалификува како „конфликт меѓу САД и Русија“ и според кого, санкциите на ЕУ кон Москва „мора да се преоценат“.

Фицо одби да ги потврди информациите дека Бланар е кандидат за шеф на дипломатија, но нагласи дека за таа позиција барал „неконвенционален кандидат за да го растресе Министерството“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
Македонија

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му

11/08/2026
Македонија

30-годишна жена со дрвен предмет го истепала сопствениот татко во

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44970
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

Путин: Замрзнувањето на руските златни и девизни резерви на Запад не е кражба, туку грабеж!

26/06/2025

Можната конфискација на руските златни и девизни резерви замрзнати во западните банки е грабеж, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy