Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЕ ПРАВЕТЕ ГРЕШКИ: Kaко да се подготвите за интервју за работа?
Економија

НЕ ПРАВЕТЕ ГРЕШКИ: Kaко да се подготвите за интервју за работа?

15/09/2023

AA

Постојат повеќе чекори со помош на кои ќе се подготвите за интервју за работа. Ова им создава недоумица на многу кандидати кои се во потрага по вработување. 

Изабела Христовска Шкоф, сертифицирана кариерна советничка вели дека прво треба да се информирате и да истражите за каков тип на компанија станува збор и какви кадри бараат. Треба да проверите дали поседувате вештини за конкретното работно место.  Додава дека е потребно истражување на историјата на компанијата и производите/ услугите кои ги нуди, нивната мисија, визија и вредности, но исто така и детално запознавање со огласот за работа и вештините кои се бараат на работното место, а се совпаѓаат со вештините на кандидатот. 

„Подготовка за интервјуто – вежбањето на одговорите за најчесто поставувани прашања на интервју е можеби и најважниот чекор доколку сакате да оставите добар впечаток. Со цел да го дадете најдобриот одговор кога ви е поставено прашање користете го STAR методот секогаш кога ви е поставено прашање поврзано со вашето искуство, однесување, или пак техничко прашање. На пример „Можете ли да ни дадете пример за одредена грешка која сте ја направиле на претходното работно место и како сте се справиле со истата?“. Објаснување на пошироката ситуација или контекстот на проблемот со кој сте се соочиле. Пример, во претходната улога на лидер на тимот, се соочивме со обемна задача која требаше да се заврши во краток рок и да се презентира пред клиентот. Објаснете ја задачата или целта која сте се обидувале да ја постигнете. Пример,  мојата задача беше да го координирам тимот за дизајн, да ги соберам сите информации на едно место и да ја подготвам финалната презентација. Меѓутоа, сфатив дека не сум искомуницирал/а ефикасно со тимот дека рокот е критичен, а голем дел од тимот истовремено работеше и на други проекти на кои им ставиле приоритет пред презентацијата. Објаснете каква акција сте презеле за да ја решите ситуацијата. Пример, со цел да се реши проблемот, договорив состанок со тимот, им го објаснив проблемот и заедно направивме реорганизација на работните задачи со цел да ја завршиме презентацијата навреме. Потенцирав колку е важна јасната комуникација и им објаснив како можеме сите да се подобриме во иднина. Објаснете кој бил резултатот на вашиот труд, дали сте ја постигнале целта и што сте научиле од процесот. На пример, како резултат на тимската работа успеавме да завршиме со презентацијата во предвидениот рок, но и научив како подобро да комуницирам со својот тим и појасно да делегирам задачи“, вели таа. 

Додава дека компанијата треба да добие информации за вас, но и вие за компанијата. Добро е со вас да понесете кратка биографија и мотивационо писмо, листа на лица кои би биле препорака за вас, примери од вашата работа. Последното посебно важи за лица кои се занимаваат со креативни професии.  Бидете приспособливи и подготвени за различни формати на интервју и тоа лице в лице, виртуелно, бихејвиорално, техничко, студија на случај. Доколку чувствувате несигурност за време на овој процес, корисно е да побарате помош од кариерен советник.

„Бидете точни – тoa ќе покаже дека сте заинтересирани за работата и го почитувате времето на оној кој ве интервјуира. Облечете се соодветно – истражете го дрес-кодот и компаниската култура  и прилагодете ја гардеробата според тоа со цел да покажете почит кон компанијата. Доколку сте несигурни дали дрес-кодот на компанијата е формален или понеформален, одлучете се за поформална гардероба. За мажи тоа би значело добро прилагодено одело во конзервативна боја (сиво, сино, црно и сл.) со кошула, кравата и класични затворени обувки кои се во добра состојба. За жени тоа би значело пригодно одело со панталони, здолниште или фустан со должина под колена, кошула, обувки со затворени прсти и минимален накит. Внимавајте на говорот на телото – ракувајте се самоуверено (ниту премногу силно, ниту премногу лабаво), седете исправено, гледајте во оној на кој му се обраќате, внимавајте на тоа како ги користите вашите раце додека нешто објаснувате и секако, имајте насмевка на вашето лице.  Активно слушајте – избегнувајте да го прекинувате оној кој ве интервјуира и осигурајте се дека вашите одговори директно се однесуваат на поставеното прашање. Поставувајте прашања и истакнете го вашиот ентузијазам – поставете ги прашањата кои однапред сте ги подготвиле, но и останатите кои можеби ви паднале на памет за време на интервјуто со цел да покажете ентузијазам и да дознаете повеќе за компанијата. Бидете свои – автентичноста е многу важна и често е пресудна кога одредена компанија избира одреден кандидат“, советува  Христовска Шкоф.

По интервјуто испратете мејл за благодарност, не се разочарувајте ако не ја добиете работата и подгответе се да бидете подобри на следното интервју. 

Но, од друга страна и оние кои ве интервјуираат треба да бидат професионални. 

„Како што доцнењето е непрофесионално за кандидатот, исто така е и непрофесионално за интервјуерот. Недостаток на подготовка – доколку оној кој интервјуира не е добро запознаен со информациите кои ги доставил кандидатот. Прекинување на кандидатот – може да создаде непријатна атмосфера и на кандидатот да му даде до знаење дека неговите одговори не се толку важни. Поставување на прашања кои немаат врска со конкретната работна позиција и искуството на кандидатот. Прашања поврзани со возраст, пол, раса, брачен статус или религијата на кандидатот се несоодветни во професионалниот свет и на истите можете да одговорите со пренасочување. На пример на прашањето „Дали сте оженети/ омажени? Дали имате деца?” можете да одговорите со: „Го ценам вашиот интерес за мојот личен живот, но би сакал/а да се фокусираме на разговарање за моите квалификации поврзани со оваа позиција. Можете ли да ми кажете повеќе за тимот со кој ќе работам?” Недостаток на транспарентност – недостатокот на јасни информации за работата, компанијата или процесот на интервју од страна на оној кој го води процесот на интервју може да остават лош впечаток за целата компанија“, вели нашата соговорничка. 

Таа додава дека по завршување со интервјуто, професионално е да се известат сите кандидати кои поминале низ процесот на интервју за резултатот без разлика на тоа дали ја добиле конкретната позиција или не.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/annastills

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МВР: Селекцијата за полициското училиште е во тек, сите кандидати

10/08/2026
Македонија

Истрагата за загадената вода во Гостивар во напредна фаза, Финансиската

10/08/2026
Македонија

32 пакувања марихуана пронајдени во пратка за затвореник во „Идризово“

10/08/2026
Македонија

Во Драчево граѓаните во паника веднаш бараат лекарска помош по

10/08/2026
Македонија

Ѝ го украле ранецот на 67 годишна пензионерка во Центар,

10/08/2026
Македонија

Вработен во Итна помош со остар предмет му се заканувал

10/08/2026
Македонија

Бензините поевтинуваат по 4 денари, дизелот поевтинува 8 денари

10/08/2026
Македонија

Црн викенд со четири жртви, две лица пронајдени починати во

10/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44948
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МВР: Селекцијата за полициското училиште е во тек, сите кандидати имаат еднаков третман

10/08/2026

Во врска со наводите изнесени во јавноста дека кандидат за прием во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ не бил повикан

Истрагата за загадената вода во Гостивар во напредна фаза, Финансиската полиција одзела документација

10/08/2026

Истрагата за случајот со загадувањето на водата во Гостивар е во напредна фаза, а досега е обезбеден значителен дел од

32 пакувања марихуана пронајдени во пратка за затвореник во „Идризово“

10/08/2026

Триесет и две пакувања со марихуана биле пронајдени при претрес на пратка наменета за осуденик во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy