Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „НЕ МОЖЕ ДА СЕ ДОГОВАРАШ СО МИЦКОСКИ, РАСПИШИ РЕФЕРЕНДУМ ЗА РУДНИК ЗА АНТИМОН“ СДСМ го нападна својот градоначалник во Крива Паланка
Македонија

„НЕ МОЖЕ ДА СЕ ДОГОВАРАШ СО МИЦКОСКИ, РАСПИШИ РЕФЕРЕНДУМ ЗА РУДНИК ЗА АНТИМОН“ СДСМ го нападна својот градоначалник во Крива Паланка

22/04/2026

AA

СДСМ со соопштение му се обрати на градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски, кој доаѓа од нивните редови, и побара од него да распише референдум на кој граѓаните ќе одлучат дали се согласуват во нивниот регион да се отвори рудник за антимон или не. Партијата му порача на градоначалникот дека „тој не може да одлучува сам или да се договара со Мицкоски“

„Градоначалникот на Крива Паланка мора да го праша народот – референдум за рудникот за антимон! Народот на Крива Паланка треба да се праша преку референдум за рудникот за антимон. Градоначалникот Сашко Митовски, не може да одлучува сам или да се договара со Мицкоски.

Граѓаните на Крива Паланка, а не експертите поврзани со ВМРО-ОКГ и бизнис интересите на Мицкоски, треба да одлучат дали сакаат рудник за антимон во нивниот крај. СДСМ не е против инвестиции, туку против рудник што загрозува здравје и тивко убива.

Копањето антимон е една од најтоксичните рударски дејности во светот. Тоа носи сериозни здравствени ризици – респираторни заболувања, оштетување на срцето, проблеми со црниот дроб и бубрезите, дерматитис, анемија, репродуктивни нарушувања и зголемен ризик од рак на белите дробови. Антимон триоксид е класифициран како веројатно канцероген за луѓето.

Имаме горчливо искуство токму со рудникот Лојане. Таму отпадот од старите рудници и денес ја загадува почвата, водата и воздухот. Луѓето сè уште страдаат од хронични заболувања, а отпадот продолжува да го труе регионот со децении.

Истото се случува и со проектите за литиум. Се ветуваат работни места, а на крајот остануваат загадена вода, почва и сериозни здравствени проблеми. Македонија веќе е на црната листа по квалитетот на воздухот. Уште еден рудник за токсичен метал значи уште еден проект за убивање на граѓаните.

Градоначалникот мора првенствено да ги слуша своите граѓани, а не човекот кој ја гледа државата како свој тендер. Мора да знае градоначалникот Митовски кога се слуша со Мицкоски, човекот кој се занимава исклучиво со својот приватен бизнис, носи часовници од 65.000 евра додека народот гладува, купува приватни авиони и прави струја преку почесни конзули како неговиот пријател Душан Адамовиќ.

Градоначалниче – референдум! Граѓаните на Крива Паланка сами нека одлучат. СДСМ е и секогаш ќе биде на страната на народот, а не на страната на Мицкоски и неговата тендер-коалиција“ – се вели во соопштението на СДСМ.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
Македонија

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија

12/08/2026
Македонија

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот

12/08/2026
Македонија

Повеќе лица повикани во полиција по ширењето информации за наводна

12/08/2026
Македонија

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош,

12/08/2026
Македонија

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат

12/08/2026
Македонија

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет –

12/08/2026
Македонија

Изречена првата казна за напуштање новородени животни: Скопјанец ќе плати

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44989
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од земја и воздух

12/08/2026

Пожарот кој изби во општината Студеничани, во близина на местото Рамни Габер, продолжува да гори и во текот на ноќта.

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија апел за итно отворање центар

12/08/2026

По долга и исцрпувачка борба на ветеринарниот тим и активистите, познатиот срнак Мартин денеска подлегна на тешките повреди. Неговата состојба

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот на ноќта

12/08/2026

Пожарот кој се прошири од село Моране зафати дел од подрачјето на село Габер, каде што во текот на денот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy