Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НЕ Е ВО РЕД МИНИСТЕРОТ ДА ПРОЗИВА ОБВИНИТЕЛИ И СУДИИ Советот на јавни обвинители не оценува притворски одлуки
Македонија

НЕ Е ВО РЕД МИНИСТЕРОТ ДА ПРОЗИВА ОБВИНИТЕЛИ И СУДИИ Советот на јавни обвинители не оценува притворски одлуки

25/02/2026

AA

Во судскиот систем постои хиерархија и за овој случај има виш јавен обвинител, кој ги следи конкретните предмети, а потоа и републички – изјави претседателот на Советот на јавните обвинители, Башким Бесими, денеска, во однос на вчерашниот повик на министерот за правда Игор Филков, Советот на обвинителите и Судскиот совет да утврдат дали има основ за одговорност кај судијата и кај јавниот обвинител за куќниот притвор на поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.

Бесими пред почетокот на денешната седница на Советот на јавните обвинители на прашањето дали ќе расправаат за куќниот притвор на Груби, рече дека тие може да расправаат, но сепак има виш јавен обвинител, кој работи на конкретни предмети и додаде дека тие работат само по жалби.

– Слушав од медумите за прозивките, но ингеренциите на Судскиот совет и на Советот на јавните обвинители се поинакви. Значи, ние можеме да расправаме, но за тоа одлучуваат републичкиот и вишиот обвинител, значи таму има хиерархија – рече тој.

На новинарско прашање колку е честа праксата на обвинителите да одредуваат мерка куќен притвор за лице што се бара со меѓуанродна потерница и дали тоа не се коси со одредени правила и норми, Бесими одговори дека тоа е став на Обвинителството, кое ја донело одлуката и тој како претседател на Советот не може да каже ништо во однос на тоа.

За прозивањето на Филков за оние кои учествувале во процесот на носење одлука за домашен притвор, рече дека тоа е став на министерот, но тој смета оти не е во ред таковото прозивање со име и презиме и дека секој предмет треба да се гледа поединечно.

Министерот за правда вчера јавно ги повика сите одговорни за одредувањето мерка куќен притвор за поранешниот вицепремиер Груби нагласувајќи дека одговорноста за ваквата одлука мора да биде лоцирана со име и презиме. Тој ги повика Судскиот совет и Советот на јавните обвинители итно да свикаат седници, да го разгледаат овој случај и да утврдат дали има основ за одговорност кај судијата и јавниот обвинител. Филков побара појаснување од јавниот обвинител Даниел Коцев, раководителот на Обвинителството, Анел Фидоски и од судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, Марин Станевски.

Во врска со денешното барање на Здружението на јавни обвинители до Собранието од денешната седница да ги повлече законските измени за платите на обвинителите, со кои се предлага изменување на коефициентите на начин што ќе се спречи натамошниот, како што се наведува во предлог-законот, непропорционален раст на нивните плати, Бесими рече дека го подржуваат барањето.

– Не треба да стагнираме и сметам дека платите како и за другите, треба да се покачат согласно законот. Ова прашање се актуализира секоја година, при што процентот на усогласување се намалува. Како Совет мора да ги поддржиме јавните обвинители – рече Бесими.

На дневен ред на денешната седница на Советот на јавни обвинители беше одлуката за утврдување на бројот на слободни јавно-обвинителски места во основните јавни обвинителства за наредните две години, разгледување и усвојување на Годишниот извештај за работата на Советот за 2025 година, како и разгледување и усвојување на завршна сметка на Советот.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОБЛЕМОТ СО СОФИЈА ЌЕ СЕ РЕШИ АКО 5-6 ГОЛЕМИ ЧЛЕНКИ

13/10/2026
Македонија

„РОЗОВ ПУЛС ЗА БИТОЛА“ Грижа, поддршка и солидарност со жените

13/10/2026
Македонија

ФРАПАНТНО И НЕВИДЕНО Е ОДНЕСУВАЊЕТО НА БУГАРИЈА ЗА СЛУЧАЈОТ СО

13/10/2026
Македонија

СИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР ЌЕ ДОНЕСЕ СТУД Променливо облачно и постудено

13/10/2026
Македонија

НИКОЛОСКИ ОЧЕКУВА СОФИЈА ДА ЈА ИСПОРАЧА МИХАИЛОВА Најголемиот проблем е

13/10/2026
Македонија

РАБОТОДАВЕЦОТ НА ЗАГИНАТИОТ ДУРМИШИ БАРА ПРАВДА „Михаилова мора да одговара

13/10/2026
Македонија

АЗИЗИ, ПЕЛИВАНОВ, РАИЧЕВИЌ, ХАЏИ ВАСИЛЕВА И ЦВЕТАНОВСКИ ВО ТРКА ЗА

13/10/2026
Македонија

ОД БРЕМЕНОСТА ДО ПРВИТЕ ЧЕКОРИ НА БЕБЕТО „Матрона“ и dm

13/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46150
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОБЛЕМОТ СО СОФИЈА ЌЕ СЕ РЕШИ АКО 5-6 ГОЛЕМИ ЧЛЕНКИ ПОСАКАТ ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕУ Во

13/10/2026

Доколку се врати апетитот за проширување во 5 до 6 поголеми земји членки на Европската Унија, прашањето со Бугарија нема

„РОЗОВ ПУЛС ЗА БИТОЛА“ Грижа, поддршка и солидарност со жените што се соочуваат со рак

13/10/2026

  Во Офицерскиот дом во Битола вечерва се одржа настан „Розов пулс за Битола“ со цел подигнување на свеста за

ФРАПАНТНО И НЕВИДЕНО Е ОДНЕСУВАЊЕТО НА БУГАРИЈА ЗА СЛУЧАЈОТ СО МИХАИЛОВА Истрагата ќе открие како

13/10/2026

Обвинетата Ива Михаилова, која викендов се појави на медиумите во Бугарија, нелегално ја напуштила државата, а истрагата ќе покаже како

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy