Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Не е тајна! Колку пари заработуваат македонските банкари и кои банки плаќаат најдобро?
Економија

Не е тајна! Колку пари заработуваат македонските банкари и кои банки плаќаат најдобро?

07/10/2024

AA

Највисоката просечна нето плата во македонскиот банкарски сектор лани ја плаќала „Комерцијална банка“ и таа изнесува 1.243 евра. Просечната нето плата на ниво на банкарски сектор лани изнесува 952 евра, најмалата просечна нето плата ја исплаќала најмалата од банките односно „Капитал банка“. Македонските 12 деловни банки лани вработувале 5.854 лица за чии плати исплатиле 66,9 милиони евра

Банкарската професија има добра репутација и важи за посакувано работно место во Македонија. Можеби порано тоа беше и престижна па дури, за многумина и недостижна работа, а и денеска важи за вработување на кое може да се гради кариера и да се заработува добро и чесно.

Со цел да видиме колку се заработува во банка „Фактор“ направи анализа во која ги вкрсти официјалните податоци за трошоците за плати на вработени со бројот на вработени во секоја од дванаесетте деловни банки што работат на нашиот финансиски пазар.

Користените податоци се од финансиските извештаи ревидирани од независните ревизорски компании, согласно со позитивната законска регулатива. Воедно податоците за бројот на вработени се изворно добиени од јавно достапни полугодишни известувања што на своите сајтови ги објавуваат банките.

Корисно е да се знае дека лани сите 12 приватни деловни банки вработувале вкупно 5.854 лица, а за нивните плати исплатиле 66,9 милиони евра. Ова значи дека на ниво на цел банкарски сектор просечната нето плата лани била 952 евра!

Највисока просечна нето плата за 2023 година на своите вработени исплатила најголемата домашна банка (според актива), а тоа е „Комерцијална банка“. Таа вработувала 955 вработени, за нивните плати издвоила 14,24 милиони евра. Просечната нето плата во „Комерцијална банка“ лани била 1.243 евра.
Втора на листата највисока нето банкарски просечни плати за лани е Халк банка. За плати на своите 773 вработени лани оваа банка издвоила вкупно 10,53 милиони евра односно исплатила просечна нето плата од 1.135 евра по вработен.

Изненадувачки, трета највисока просечна нето плата лани дала Прокредит банка. Таа изнесува 969 евра. Вкупно за своите 234 вработени оваа банка лани издвоила 2,72 милиони евра.

Веднаш зад неа според нето исплатена просечна плата е УНИ Банка една од поголемите две банки од групата средни банки на нашиот финансиски пазар. За своите 387 вработени оваа банка лани платила 4,44 милиони евра, а просечната нето плата изнесува 957 евра.

НЛБ Банка, една од трите најголеми деловни банки (според активата) на нашиот пазар е следна на листата според просечна исплатена нето плата. НЛБ Банка лани исплати 10,5 милиони евра за своите 954 вработени, а просечна нето плата изнесува 917 евра. Но вреди да се истакне и тоа дека освен плати оваа банка на награди за вработените исплатила 682.000 евра.

Комерцијална банка и НЛБ Банка се и најголеми банки – работодавачи. Првата лани вработувала 955 лица, а втората 954 вработени.

Стопанска банка Скопје е во тројката најголеми банки според бројот на вработени, а го има приматот за најголемо пазарно учество во кредитирање население. За плати на своите 941 вработен лани исплатила 9,64 милиони евра. Просечната нето плата таму е 854 евра, а вреди да се додаде дека закористи за вработените исплатила 400.000 евра.

Шпаркасе банка е една од петте најголеми банки (по превземањето на „Охридска банка“). Лани на своите 658 вработени исплатила 6,5 мил.евра и била најдарежлива од аспект на наградите за кои дава 2,2 милиони евра. Просечната нето плата лани во Шпаркасе банка изнесува 823 евра.

Стопанска банка Битоладо скоро беше актуелна поради, сега веќе неуспешната понуда за превземање од „Комерцијална банка“. Оваа банка лани за плати на 216 вработени потроши 2,1 милиони евра односно просечната нето плата изнесува 810 евра по вработен.

Силк Роуд Банка е една од помалите банки на нашиот пазар. Лани за плати на вработените дала 1,37 милиони евра. Имала 157 вработени, а просечната нето плата изнесувала 729 евра.

Во оваа конкуренција се и Централна кооперативна банка (ЦКБ Банка) и ТТК Банка. Кај ЦКБ Банка просечната нето плата е 718 евра, а оваа банка за плати дала 1,94 милиони евра на 225 вработени. ТТК Банка на своите 254 вработени исплатила 2,16 милиони евра за плати, односно дала просечна нето плата од 710 евра.

Најмалата банка на нашиот банкарски пазар е Капитал банка. Таква е и просечната нето плата и таа изнесува 626 евра. Оваа банка лани вработувала 100 лица, а за нивните плати исплатила 751.000 евра.

Р. Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Лажни лекари бараат по 20.000 евра за операции – три

18/02/2026
Македонија

Панчевски во контранапад: Кривична пријава за Советот на обвинители –

18/02/2026
Македонија

СНЕГ ДО КОЛЕНА НА ПОПОВА ШАПКА Северец дува со 60

18/02/2026
Македонија

ПОРАДИ ИЗЛЕВАЊЕ НА ВАРДАР ЗАТВОРЕН Е ПАТОТ ГОСТИВАР – СЕЛО

18/02/2026
Македонија

ВОЗЕЛЕ БЕЗ ДОЗВОЛА И СО ЗАБРАНА Полицијата приведе осум лица,

17/02/2026
Македонија

ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ СО ХЕЛИКОПТЕР НА МВР ЛЕТАА ДО ПРИЛЕП

17/02/2026
Македонија

Реките се полнат, Вардар и Треска неколкупати над просекот: Поплавените

17/02/2026
Македонија

МУРТЕЗАНИ ВО БРИСЕЛ, МАНГОВА ВО ЛОНДОН, ИЉАЗОСКА ВО ХАГ… Владата

17/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41595
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Лажни лекари бараат по 20.000 евра за операции – три жени мета на измамници

18/02/2026

Серија измами го тресе Тиквешкиот регион. Три жени од Кавадарци и Неготино станаа жртви на добро познатите шеми со „лажни

Панчевски во контранапад: Кривична пријава за Советот на обвинители – „Ме одбија со небулозно оправдување

18/02/2026

Владимир Панчевски, кандидатот за државен јавен обвинител кој вчера не ја доби довербата од Советот на јавни обвинители, најави жесток

СНЕГ ДО КОЛЕНА НА ПОПОВА ШАПКА Северец дува со 60 км на час и го

18/02/2026

Попова Шапка утрово се разбуди со Дебела снежна покривка и со најниска температура во државава. Во 7 часот биле измерени

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy