Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Не бев овде“, рече премиерот откако новинар праша како „Арбериа дизајн“ ја добила и колку чини организацијата на свеченоста за Kоридорот 8
Македонија

„Не бев овде“, рече премиерот откако новинар праша како „Арбериа дизајн“ ја добила и колку чини организацијата на свеченоста за Kоридорот 8

06/04/2023

AA

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека пред свеченоста за почеток на изградбата на автопат од Kоридорот 8 бил во Србија, Италија и во Словенија и затоа не бил дел од, како што рече, монтажа на бина на автопатот Тетово – Гостивар, пишува 360 степени.

На новинарско прашање дали може, конечно, да се знае колку чинела церемонијата на наплатната станица, колку пари ѝ се исплатени на компанијата „Арбериа дизајн“, дали имало повик или зделката била договорена во четири очи, Ковачевски не одговори, туку раскажа што правел во деновите пред настанот.

Тој ги упати новинарите за ова да го прашаат вицепремиерот Артан Груби.

„Сите информации кои се однесуваат на монтажата на бината и тоа кој ја монтирал, ќе можете да ги добиете од кабинетот на вицепремиерот Артан Груби, кој е претседател на управувачкиот комитет за Kоридорот 8“, додаде тој.

Со ваквиот одговор, Владата го продолжи молкот за тоа кој стои зад организацијата на настанот во вторникот, со кој се одбележа почеток на изградба на автопат од Kоридорот 8.

Од возилата паркирани околу бината беше очигледно дека организацијата ѝ е доверена на „Арбериа дизајн“. Оваа компанија лани во август ја организира прославата за годишнината од Рамковниот договор за 80 илјади евра. Јавната набавка ја спроведе Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, со кое раководи Артан Груби од ДУИ.

Компанијата лани ја организира и прославата за Денот на албанската азбука за речиси 60 илјади евра и е еден од најчестите добавувачи на Министерството за образование, пред сè, во печатењето книги и друг училиштен материјал, бизнис вреден повеќе милиони евра.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОСТАРА ЖЕНА ПОЧИНАЛА ВО „БИТКА“ СО КРАВИТЕ ОД ПАЛАНКА? Бранејќи

14/11/2026
Македонија

СЕГА Е МОМЕНТ ДА ГИ БАРАМЕ АРХИВИТЕ НА УДБА ОД

14/11/2026
Македонија

ПОВЕЌЕ ОД 30 ЧЛЕНОВИ НА СДСМ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ПРЕМИНАА

14/11/2026
Македонија

ТИНЕЈЏЕР СО ГАСЕН ПОШТОЛ СЕ ШЕТАЛ ВО УЧИЛИШТЕ ВО ТЕТОВО

14/11/2026
Македонија

РЕФОРМСКАТА АГЕНДА ЌЕ БИДЕ ЗАВРШЕНА ДО ДЕКЕМВРИ Мицкоски очекува клучните

14/11/2026
Македонија

КРАВИТЕ ОД КРИВА ПАЛАНКА ГО ОБИКОЛЕИЈА СВЕТОТ Медиумите објавија видеа

14/11/2026
Македонија

ДА СЕ ПРИФАТИ ДОГОВОРОТ И ДА НЕМА ДРУГИ БАРАЊА Францускиот

14/11/2026
Македонија

„СДСМ Е НАБЉУДУВАЧ, А СВАТОТ НА АЛИ АХМЕТИ E АКЦИОНЕР“

14/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46772
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОСТАРА ЖЕНА ПОЧИНАЛА ВО „БИТКА“ СО КРАВИТЕ ОД ПАЛАНКА? Бранејќи го имотот од нив добила

14/11/2026

Градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски во „Претрес со Ландов“ пренесе сведоштво од граѓанин кој му раскажал дека неговата мајка

СЕГА Е МОМЕНТ ДА ГИ БАРАМЕ АРХИВИТЕ НА УДБА ОД СРБИЈА! Павле Трајанов смета дека

14/11/2026

Националниот координатор за борба против тероризмот Павле Трајанов, по промената на власта во соседна Србија, гледа можност за повторно иницирање

ПОВЕЌЕ ОД 30 ЧЛЕНОВИ НА СДСМ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ПРЕМИНАА ВО ДВИЖЕЊЕТО ЗНАМ Губењето на

14/11/2026

Повеќе од 30 членови на ОО СДСМ – Ѓорче Петров ја напуштија партијата и пристапија кон Движењето ЗНАМ – За

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy