Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НБРМ: Банкарскиот систем останува здрав и стабилен
Македонија

НБРМ: Банкарскиот систем останува здрав и стабилен

03/07/2023

AA

Советот на Народната банка на истата седница го разгледа и го усвои Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за првиот квартал од 2023 година. Во Извештајот се оценува дека банкарскиот сектор е стабилен и соодветно се справува со тековните предизвици, при што окружувањето и натаму е неизвесно како резултат на глобалните фактори и проследено со сѐ уште високи, иако намалени, стапки на инфлација и затегнување на финансиските услови.

Заклучно со крајот на првиот квартал од оваа година, депозитите од домаќинствата и корпоративниот сектор на годишна основа забележаа забрзан раст, додека растот на кредитите беше помал.  Во услови на задржана доверба во банкарскиот систем, депозитите забележаа забрзан годишен раст до нивото од 7,8%, a oсобено карактеристични се поволните поместувања кај долгорочните депозити, коишто по подолгиот период на намалување, во првиот квартал забележаа раст на годишна основа. При извесно затегнување на финансиските услови, годишниот раст на кредитирањето забави и изнесуваше 6,4%.

Солвентноста на банкарскиот систем бележи подобрување. Стапката на адекватност на капиталот забележа квартално зголемување за 0,3 п.п., достигнувајќи го највисокото ниво во последните шеснаесетина години, од 18%. Подобрата солвентност најмногу е резултат на реинвестирањето на добивките од минатата година. Безмалку една третина од сопствените средства на банкарскиот систем отпаѓа на заштитните слоеви на капиталот или се „слободни“ над потребното минимално ниво, коишто банките може да ги користат за справување со различни предизвици при надолните движењаи од економските циклуси и во кризни услови. Добивката на домашниот банкарски систем се зголеми, додека периодот на посилен раст на приходите на банките се искористи за јакнење на капацитетот за справување со евентуални идни кредитни загуби.

Показателите за ликвидноста се на задоволително ниво. Стапката на покриеност со ликвидност на банкарскиот систем е на значително повисоко ниво од регулаторниот минимум и го потврдува задоволителниот обем на ликвидност со кој располага македонскиот банкарски систем. Резултатите од стрес-тестовите упатуваат на задоволителна отпорност на банкарскиот систем на претпоставените екстремни, поединечни и комбинирани ликвидносни одливи.

Квалитетот на кредитното портфолио на банките се задржа. Вкупните нефункционални кредити продолжија да се намалуваат, со што и нивното учество во вкупните кредити се намали за 0,1 п.п., до ново историски најниско ниво од 2,8%. Сепак, неизвесното окружување, заедно со постепеното затегнување на финансиските услови, наметнува потреба банките и натаму внимателно да го следат кредитниот ризик.

Со цел понатамошно јакнење на отпорноста на банкарскиот сектор, на својата редовна седница Советот на Народната банка донесе макропрудентна мерка за зголемување на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на домашните банки за 0,25 процентни поени, од претходно утврдените 0,75% на 1%, со почеток на примена од 1 јули 2024 година. Зголемувањето на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот има за цел да делува превентивно и да води кон натамошно зајакнување на капиталната позиција на банките, земајќи ги предвид тековните макроекономски услови и движењата на пазарот на недвижности. Оваа мерка е во согласност со мерките што се преземаат во поголем број земји во Европската Унија со кои се бара повисока адекватност на капиталот на банките како заштита од можните ризици од окружувањето.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЕВЕ КАКО ГИ „СПАСИЛ“ ЖЕНИТЕ ОД ПОЛИЦИСКА РАЦИЈА ВО БАР

19/11/2026
Македонија

ИМ ПОКАЖАЛ НА ЖЕНИТЕ ДА ИЗБЕГААТ ОД ЗАДНИОТ ВЛЕЗ ДОДЕКА

19/11/2026
Македонија

34 ПОЛИЦАЈЦИ СЕ ГОНАТ ЗА ПОТКУП, ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНАТА ПОЛОЖБА

19/11/2026
Македонија

ЌЕ СЕ НАЈДЕ ЛИ ЧАРЕ ЗА „КРАВА ПАЛАНКА“? Советниците на

19/11/2026
Македонија

СЕ ТРАГА ПО УШТЕ ЕДНО ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО ПЛАНИРАНИОТ НАПАД

19/11/2026
Македонија

📽️ ТОШКОВСКИ ЈА ПРИМИ НАГРАДАТА ЗА „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ ВО ДУБАИ

19/11/2026
Македонија

СИЛНИОТ ВЕТАР ЌЕ ПРОДОЛЖИ И УТРЕ, НА СИЛА Е ЖОЛТ

18/11/2026
Македонија

НА НОВОРОДЕНЧЕ МУ НАНЕЛЕ ИСЕКОТИНА НА ПРСТЕТО ПРИ ВАДЕЊЕ ИНФУЗИЈА

18/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46841
  • Регион 4000
  • Свет 21
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЕВЕ КАКО ГИ „СПАСИЛ“ ЖЕНИТЕ ОД ПОЛИЦИСКА РАЦИЈА ВО БАР ВО ЧЕГРАНЕ Полицајците на влезна,

19/11/2026

Педесетгодишен жител на гостиварското село Форино е осомничен дека се обидел да ги спречи полицајците во извршување на службените дејствија,

ИМ ПОКАЖАЛ НА ЖЕНИТЕ ДА ИЗБЕГААТ ОД ЗАДНИОТ ВЛЕЗ ДОДЕКА ПОЛИЦИЈАТА БИЛА ВО ЛОКАЛОТ Пријавен

19/11/2026

Педесетгодишен жител на гостиварското село Форино е осомничен дека се обидел да ги спречи полицајците во извршување на службените дејствија,

34 ПОЛИЦАЈЦИ СЕ ГОНАТ ЗА ПОТКУП, ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНАТА ПОЛОЖБА И НАСИЛСТВО Внатрешната контрола отворила

19/11/2026

Вкупно 34 полициски службеници се опфатени со кривични пријави во првите девет месеци од годинава, а меѓу делата за кои

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy