Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Научниците предупредуваат: Топлотните бранови ја загрозуваат безбедноста на храната на светскиот пазар
Македонија

Научниците предупредуваат: Топлотните бранови ја загрозуваат безбедноста на храната на светскиот пазар

22/07/2023

AA

Повторените топлотни бранови ја загрозуваат способноста на природата да обезбеди храна за луѓето, велат истражувачите и предупредуваат на „тивка смрт“ во океаните во услови на рекордни температури кои ја загоруваат Земјата.

Според весникот, топлотните бранови кои се шират низ Европа, САД и Кина ги загрозуваат човечките животи, како и копното и морето од кои зависат.

Нашиот систем за храна е глобален. Постојат зголемени ризици од истовремени големи загуби на култури во различни региони во светот, што навистина ќе влијае на достапноста на храната и нејзината цена. Во наредните децении, тоа е една од работите од кои навистина се плашам“, вели Џон Маршам, професор на Универзитетот во Лидс.

Топлотниот бран што ја зафати Европа во 2018 година доведе до повеќекратно откажување на земјоделските култури и губење на приносот до 50 отсто во централна и северна Европа, пишува Гардијан.

Топлотните бранови се очекува да станат 12 пати почести до 2040 година во споредба со нивоата пред затоплување. Иако еден топлотен бран можеби нема да убие екосистем, подолгите и почести настани ќе значат дека природата нема време да се опорави.

– Луѓето генерално се изолирани од влијанието на времето од кое сите зависиме. Одиме во продавниците за да купиме храна – не ја одгледуваме самите, но ако разговарате со фармерите каде било во светот, тие се исклучително свесни за тоа што прави времето и влијанието што го има врз земјоделството“, рече професорот Маршам.

рофесорката Даниела Шмит од Универзитетот во Бристол рече дека „често размислуваме за влијанијата врз екосистемите на копното“.

– Лесно се гледа – растенијата венеат, а животните премногу се вжештуваат. Сепак, луѓето генерално не размислуваат за морските топлотни бранови. Тоа е она што навистина ме загрижува – тоа невидливо, тивко умирање – изјавила таа.

Некои од најранливите екосистеми се оние кои се навикнати да имаат стабилни температури во текот на годината, како што се видовите во тропските океани. Затоплувањето од два степени Целзиусови се очекува суштински да ги избрише тропските корални гребени.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РАДИЧЕВСКИ НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО БРВЕНИЦА Од локални патишта и

28/09/2026
Македонија

УТРИНСКИ МРАЗ ВО БЕРОВО, ЛЕТНИ 26 СТЕПЕНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА Голема

28/09/2026
Македонија

СДСМ СЕ ПРОТИВ ВЛАДАТА, ПРОТИВ ИНВЕСТИЦИИТЕ, ПРОТИВ СÈ Мицкоски вели

28/09/2026
Македонија

ШЕСТ ЛИЦА УАПСЕНИ ПОД СОМНЕНИЕ ЗА ТЕРОРИЗАМ Неофицијално пронајдени снајперски

28/09/2026
Македонија

САКАМЕ РЕШЕНИЕ СО БУГАРИЈА, НО МОРА ДА ИМА ПРЕДВИДЛИВОСТ Муцунски

28/09/2026
Македонија

📽️ ГЛИНЕНИ ГУЛАБИ ОД МАКЕДОНИЈА ЗА СРПСКОТО ПОДЗЕМЈЕ Најмалку 16

28/09/2026
Македонија

СЕРИСКИОТ УБИЕЦ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ПРИЗНА ДВЕ УБИСТВА, ЗА ДВЕ

28/09/2026
Македонија

ИЗЛЕТАЛ СО КАМИОН ОД ПАТОТ И ЗАГИНАЛ Тешка сообраќајна несреќа

28/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45856
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy