Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НАТОКМИЈА УБАВО ПРОФИТНО „ЧЕКМЕЏЕ“ ОД ЕДЕН И ПОЛ МИЛИОНИ ЕВРА – кои се шпедитерите што не сакаат да се „мрсат“ со дивиденда, ќе земат само „ситно“
Економија

НАТОКМИЈА УБАВО ПРОФИТНО „ЧЕКМЕЏЕ“ ОД ЕДЕН И ПОЛ МИЛИОНИ ЕВРА – кои се шпедитерите што не сакаат да се „мрсат“ со дивиденда, ќе земат само „ситно“

03/06/2024

AA

За Фершпед Фактор
веќе пишуваше дека компанијата го враќа стариот сјај и продолжува да оди по патеките на успешното работење, но деновиве тие покажуваат дека парите од ланскиот профит нема да ги трошат што е можно побргу, односно да ги
повлекуваат во форма на дивиденди, туку дека сакаат дел да реинвестираат, е дел
да чуваат. А, тоа е добро за стабилноста на секоја компанија, кога се има фонд
во случај да дојдат тешки денови.

Фершпед во
минатата година оствари добивка од нешто повеќе од два милиони евра, но на
Собранието на акционери кое било олдржано во петокот минатата недела, донеле
одлука дивиденда да не се дели од ланскиот профит. А, дивиденда сепак ќе има, но таа ќе биде од претходно акумулирани добивки.

Односно, дури
1,53 милиони евра, односно повеќе од 75 проценти, компанијата планира да чува
во форма на нераспределена, односно акумулирана добивка, додека, пак, помал
дел, односно околу 488 илјади евра, ќе се насочат во инвестиции, и тоа
практично ќе биде реинвестирана добивка.

А, за акционерите сепак ќе има дивиденда, но таа не е од ланскиот профит, туку од претходно акумулираната добивка на компанијата. Ќе биде бруто 720 денари за акција, или вкупна сума од оклу 191 илјади евра.

Собранието на акционери
изгласало и назначување на нов член на Одборот на директори, на место кое беше
испразнето.

Односно, за
неизвршен член на Одборот на директори на „Фершпед“ е избран Иван Бошковски,
чии мандат ќе тграе се додека трае мандатот на другите членови на Одборот,
односно до 17 мај 2025 година, што значи ќе има мандат уште околу една година,
а за тој свој ангажман ќе зема месечен надоместок од 20 илјади денари.

Инаку, најголем поединечен акционер во „Фершпед“ е „помалиот брат“ „Макошпет“, со 19,65 отсто од капиталот, а синовите на долгогодишниот директор Штерјо Наков, Драган и Сашо Накови имаат по 11,83 и 11,04 отсто соодветно. Чоколадната фабрика „Европа“ има 9,66 отсто од капиталот, а самиот „Фершпед“ поседува сопствени акции од 9,99 проценти од капиталот.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖДОТ ЌЕ ИСТУРИ И ДО 25 ЛИТРИ НА КВАДРАТЕН МЕТАР

02/11/2026
Македонија

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ЌЕ МОЖАТ ДА ПОДИГНУВААТ ПО 20.000 ДЕНАРИ ОД АЛТА

02/11/2026
Македонија

СКАНДАЛ НА НАЦИОНАЛНА ТЕЛЕВИЗИЈА Богојески го релативизираше семејното насилство и

02/11/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ШИРИ ПАНИКА КАКО ВО ВРЕМЕТО НА КИРЕ НАУМОВ Писмата

02/11/2026
Македонија

КЛЕКОВСКИ НАЈАВИ ПЛАН ЗА КВАЛИТЕТ ВО ЗДРАВСТВОТО Институциите ќе добијат

02/11/2026
Македонија

ПОЧИНА ПОРАНЕШНИОТ ПРАТЕНИК И МИНИСТЕР САМКА ИБРАИМОВСКИ Децениска кариера посветена

02/11/2026
Македонија

НОВИТЕ ТЕРАПИИ ЗА ПАРКИНСОНОВА И ЗА АЛЦХАЈМЕРОВА БОЛЕСТ МОРА ДА

02/11/2026
Македонија

БЕСПЛАТЕН ПАРКИНГ ЗА ПРАЗНИКОТ НА БИТОЛА На 4 ноември јавното

02/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46524
  • Регион 4000
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖДОТ ЌЕ ИСТУРИ И ДО 25 ЛИТРИ НА КВАДРАТЕН МЕТАР Од петок разведрување, за викендот

02/11/2026

Времето во вторник, 3 ноември, ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 25 l/m²). Кон крајот

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ЌЕ МОЖАТ ДА ПОДИГНУВААТ ПО 20.000 ДЕНАРИ ОД АЛТА БАНКА Славески најави посебни шалтери

02/11/2026

Пензионерите и другите клиенти на Алта банка што немаат платежни картички ќе можат да подигнуваат по 20.000 денари со едно

СКАНДАЛ НА НАЦИОНАЛНА ТЕЛЕВИЗИЈА Богојески го релативизираше семејното насилство и побара „машки надзор“ врз жените

02/11/2026

Универзитетскиот професор и лидер на политичката партија Македонски концепт, Петар Богојески, изнесе контроверзни ставови за жените, брачните односи и семејното

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy