![Со МО до изборот на нов министер ќе раководи заменик министерот Јајага](https://novina.mk/wp-content/uploads/2024/06/mo-jpg.webp)
Со МО до изборот на нов министер ќе раководи заменик министерот Јајага
Министерството за одбрана денеска информира дека со верификација на пратеничкиот мандат на 28 јуни, на министерката за одбрана Славјанка Петровска и заврши функцијата. До изборот на нов министер, наведуваат во соопштението, со Министерството за одбрана во полн капацитет ќе раководи заменик министерот Тирон Јајага.