Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НАТО ОБЈАВИ КОГА ДА ЈА ПОКАНИ УКРАИНА: Столтенберг ги откри деталите
Македонија

НАТО ОБЈАВИ КОГА ДА ЈА ПОКАНИ УКРАИНА: Столтенберг ги откри деталите

11/07/2023

AA

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска на прес-конференција во Вилнус изјави дека Алијансата ќе ја покани Украина да се приклучи „кога сојузниците ќе се договорат и кога ќе се исполнат условите“.

Тој додаде дека пристапниот процес нема да има две фази, туку само една.

-Вечерва се среќавам со Зеленски. Утре ќе се одржи состанок на Советот на НАТО – рече Столтенберг.

Нема референца за време

Како што пренесуваат медиумите, лидерите на земјите-членки на НАТО денеска се согласиле дека иднината на Украина е во Алијансата, но не му предале покана на Киев ниту пак прецизирале конкретна временска рамка за приемот што Украина го побарала.

НАТО го отстрани и условот Украина да го исполни т.н акционен план за членство, кој практично ја отстрани една од двете пречки на Киев за членство, пренесува Ројтерс.

– Иднината на Украина е во НАТО. Ќе бидеме во позиција да ја поканиме Украина да влезе во алијансата кога сојузниците ќе се договорат и ќе ги исполнат условите“ – се наведува во декларацијата што денеска ја договорија лидерите на земјите членки на Алијансата, истакнувајќи дека евроатлантската интеграција на Киев ја надмина потребата од Акционен план за членство.

Иако лидерите не ги прецизираа условите што треба да ги исполни Украина, беше наведено дека Алијансата ќе му помогне на Киев да постигне напредок во воената интероперабилност, како и во дополнителни реформи во демократскиот и безбедносниот сектор.

Зеленски лут поради НАТО

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рано денеска бурно реагираше затоа што „недостига цврста временска рамка“ во врска со пристапот на Украина во НАТО.

Украинскиот претседател рече дека би било „апсурдно“ доколку Украина не биде поканета да стане членка на НАТО и дека неизвесноста околу нејзиното членство е мотивација за Русија „да продолжи со својот терор“.

– Ги цениме нашите сојузници. Ја цениме нашата заедничка безбедност. И секогаш го цениме отворениот разговор. Украина ќе биде претставена на самитот на НАТО во Вилнус. Затоа што се работи за почит – напиша Володимир Зеленски на Твитер.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

ВИДЕО Силно невреме ја погоди Франција: Две лица загинаа, 17 повредени!

26/06/2025

Најмалку две лица загинаа, а 17 се повредени во силното невреме што ја погоди Франција, соопшти тамошниот Сектор за цивилна

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy