Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Народна банка: Има забрзан раст кај депозитите, којшто ги надмина очекувањата
Економија

Народна банка: Има забрзан раст кај депозитите, којшто ги надмина очекувањата

03/08/2023

AA

На 1 август 2023 година се одржа редовна седница на Советот на Народната банка на која беа донесени измени во Одлуката за задолжителна резерва. Седница одржа и Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за домашната и глобалната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика.

На седницата на Комитетот за оперативна монетарна политика беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се зголеми за 0,15 п.п. до нивото од 6,15 oтсто. На седницата беше донесена одлука за зголемување и на каматните стапки на расположливите депозити, исто така за по 0,15 п.п., со што каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена ќе изнесуваат 4,05 отсто и 4,10 отсто, соодветно. Понудата на благајнички записи на редовната аукција е непроменета и изнесува 10 милијарди денари. Одлуката за промена во каматните стапки е донесена во услови на постепена стабилизација, но и понатаму постојат ризици, поради што е оценето дека има потреба од понатамошна претпазливост во водењето на монетарната политика. Со оглед на применуваната монетарна стратегија, при носењето на монетарните одлуки се зема предвид и поставеноста на политиката на Европската централна банка (ЕЦБ), којашто на последниот состанок донесе одлука за дополнително зголемување на каматните стапки.

„Монетарното затегнување започна од крајот на 2021 година, прво преку интервенциите на девизниот пазар, а потоа од април минатата година и со зголемување на каматната стапка на благајничките записи, како и на каматните стапки на другите монетарни инструменти. Овие промени се поддржани и од измените во инструментот на  задолжителна резерва, коишто беа насочени кон зголемување на денаризацијата каде што се забележуваат позитивни трендови. Заради зајакнување на досегашните позитивни ефекти од овие мерки, Советот на Народната банка во август донесе дополнителни измени кај инструментот на задолжителна резерва. Заради натамошна поддршка на процесот на денаризација на билансите на банките, е донесена одлука за зголемување на стапката на задолжителна резерва на девизните обврски од 19 отсто на 20 отсто, зголемување на стапката на задолжителна резерва на обврските во денари со девизна клаузула од 50 отсто на 100 отсто, како и пораст на процентот на одржување на задолжителната резерва од обврските во странска валута којашто се исполнува во евра, од 77 отсто на 80 отсто“, соопштија од Народна банка. 

Монетарната поставеност е поддржана и со донесените макропрудентни мерки, односно зголемувањето на противцикличниот заштитен слој на капиталот, како и мерките поврзани со поставувањето прагови за следење на квалитетот на кредитната побарувачка. Со овие мерки се зајакнува системската отпорност на банкарскиот систем, како и преносот на монетарните сигнали.

Во однос на одделните показатели релевантни за монетарните одлуки, домашната инфлација и натаму забавува и во јуни 2023 година се сведе на едноцифрено ниво од 9,3 отсто (11,3 отсто во претходниот месец), при поумерено забавување и кај базичната инфлација. Последните промени кај цените се во согласност со оцените на Народната банка за забавување на стапката на инфлација во рамките на априлскиот циклус проекции.Забавувањето на годишната стапка на инфлација е условено од забавениот раст на цените кај сите три компоненти, при што најголем придонес за ваквата динамика имаат прехранбената и енергетската компонента. Сепак, инфлацијата е сѐ уште над историското ниво, а базичната инфлација упатува дека преносните ефекти од цените на енергијата и храната сѐ уште не се целосно исцрпени. Воедно, иако постои тренд на надолна корекција на цените на примарните производи што придонесува за намалување на домашните инфлациски притисоци, неизвесноста од идната динамика на цените на примарните производи на берзите заради војната во Украина сѐ уште постои, што наметнува потреба за претпазливост.

Во согласност co меѓународните стандарди, нивото на девизните резерви на крајот на јуни е соодветно за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута. Движењата на домашниот девизен пазар и во текот на вториот квартал беа поволни, при што Народната банка интервенира со откуп на девизи на девизниот пазар, а овие трендови беа засилени и во текот на јули. Во однос на последните расположливи податоци од надворешниот сектор,трговскиот дефицит во периодот април ‒ мај 2023 година е понизок од очекувањата за вториот квартал од годината, според априлската проекција. Податоците за менувачкото работење за вториот квартал од 2023 година укажуваат на остварени нето-приливи од приватните трансфери коишто се повисоки од очекувањата за вториот квартал според априлската проекција.

Што се однесува до домашната економска активност, во првиот квартал растот на економската активност беше умерено повисок од проекциите на Народната банка, а високофреквентните податоци за периодот април ‒ мај 2023 година главно упатуваат на натамошен раст на економската активност во вториот квартал од годината, но поумерен. Така, и во овој период се бележи раст на индустриското производство, но истовремено кај прометот во вкупната трговија и градежништвото се забележува реален годишен пад, по нивниот раст во претходниот квартал.

Во монетарниот сектор, последните податоци заклучно со јуни 2023 година и натаму упатуваат на забрзан раст кај депозитите, којшто ги надмина очекувањата, со поволни поместувања во валутната и рочната структура, поточно пораст на штедењето во домашна валута и на долг рок. Кредитната активност постепено забавува, но и понатаму бележи солиден годишен раст, којшто главно е во согласност со априлската проекција за вториот квартал од годината.

Општо земено, инфлациските остварувања во комбинација со неизвесноста од надворешното окружување, којашто сѐ уште постои, налагаат натамошна претпазливост од носителите на макроекономски политики и соодветна реакција со цел да се закотват инфлациските очекувања и да се стабилизира инфлацијата на подолготрајна основа. Народната банка внимателно ги следи макроекономските податоци и ризиците и е подготвена да ги употреби сите неопходни инструменти и да презема мерки со коишто ќе се придонесе за задржување на стабилноста на девизниот курс, стабилизирање на инфлациските очекувања и за ценовна стабилност на среден рок.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Приведен малолетник во делчевско по пријава за обљуба врз 17-годишно

01/03/2026
Македонија

Млад скопјанец тешко повреден откако со мотор удрил во куче!

01/03/2026
Македонија

СДСМ ЗНАЕ ДА ЈА ПРОДАВА ДРЖАВАТА И ДА МЕСТИ ТЕНДЕРИ

01/03/2026
Македонија

Уапсен скопјанец, искршил врата и прозори на зградата на општината

01/03/2026
Македонија

Седум лица се степале пред кафана во Скопје

01/03/2026
Македонија

Филипче со остри критики: Власта во Македонија наликува на режимите

01/03/2026
Македонија

РАСТЕ БРОЈОТ НА МАКЕДОНЦИ ЗАТЕЧЕНИ ВО ЗАГРОЗЕНИТЕ ПОДРАЧЈА Министерството презема

01/03/2026
Македонија

Се зголемува бројот на Македонци кои бараат помош од загрозените

01/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42093
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Приведен малолетник во делчевско по пријава за обљуба врз 17-годишно девојче

01/03/2026

На 28.02.2026 во 14:30 часот во делчевско од страна на полициски службеници од ОВР Делчево лишен од слобода бил 15-годишник,

Млад скопјанец тешко повреден откако со мотор удрил во куче!

01/03/2026

На 28.02.2026 околу 16:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локалниот пат с.Р’жаничино-с.Таор, скопско, Р.И.(29) од с.Орешани, скопско,

СДСМ ЗНАЕ ДА ЈА ПРОДАВА ДРЖАВАТА И ДА МЕСТИ ТЕНДЕРИ Петрушевски жестоко ја критикува опозицијата

01/03/2026

На денешната прес-конференција, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, жестоко го критикуваше СДСМ, истакнувајќи дека партијата се занимава со „театар и

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy