Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НАМЕСТО БОЖИЌ, САКААТ ДА НИ НАМЕТНАТ СЕЗОНСКИ ПОТРОШУВАЧКИ ПРАЗНИК Без вера во Бога нема божиќни празнувања, порача бискупот Киро Стојанов
Македонија

НАМЕСТО БОЖИЌ, САКААТ ДА НИ НАМЕТНАТ СЕЗОНСКИ ПОТРОШУВАЧКИ ПРАЗНИК Без вера во Бога нема божиќни празнувања, порача бискупот Киро Стојанов

25/12/2025

AA

По повод празникот Рождество Христово, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов упати божиќна честитка до верниците од католичка вероисповед.

„И Словото стана тело и се всели меѓу нас, полно со благодат и вистина; и ние ја видовме Неговата слава, слава како на Единороден од Отецот“ (Иван 1,14). Божјото Слово доаѓа меѓу нас во облик на човек, како дете родено од жена. „Дојде кај Своите, но Своите не Го примија. А на сите што Го примија – на сите што веруваа во Неговото име – им даде моќ да станат чеда Божји“ (Иван 1,11-12).

Синот Божји лежи во јасли, неразделно вистински Бог и вистински човек во единство на Неговата божествена Личност. Ова е нашата вера. Без оваа вера, Божик не би бил ништо повеќе од она што потрошувачкиот менталитет сака да ни го подметне, сезонски празник, како што некои сакаат да ни го наметнат својот израз на неверие.

Зошто Синот Божји доаѓа кај нас да живее меѓу нас како сиромашно и беспомошно дете? Тој доаѓа кај нас со празни раце, но ни се дава Себеси, највисокото и најважното нешто што можел да ни го даде. Во него е вклучено сè што ни треба. Бидејќи во него Бог живее во сета своја полнота. Кога го примаме, имаме сè што ни треба и го имаме во изобилство. Зашто тој е светлината што ја растерува темнината во светот. Тој е нашиот мир. Тој е вистината што нè ослободува. Тој е лебот на животот. Кој јаде од овој леб, кој во својот живот го прима Христос, вечното Слово на Отецот, тој прима живот. Тој самиот ќе каже за себе, кога ќе порасне и ќе го даде својот живот како откуп за мнозина, дека тој е воскресението и животот. Едноставно кажано, тој е повеќе од целата среќа на светот. Зашто тој е Љубов, која сама нè прави благословени и ни дава живот. Сè што копнееме ни е дадено во ова дете. На сите им посакувам среќен Божик и благословена Нова година! Христос се роди!“, се наведува во честитката од монсињор Киро Стојанов.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Сосед истепал сосетка во скопски Петровец

04/08/2026
Македонија

Временска прогноза за следните 14 дена: Не очекува топол бран

04/08/2026
Македонија

ЦУК: Регистрирани 14 пожари на отворен простор — активен само

04/08/2026
Македонија

44 акциски контроли за санкционирање на незаконит риболов во јуни

04/08/2026
Македонија

Водата во Гостивар сѐ уште е само за техничка употреба:

04/08/2026
Македонија

Велес се прости од д-р Никола Стојановски: Со државни почести

04/08/2026
Македонија

Доенчиња помлади од шест месеци не треба да се мачкаат

04/08/2026
Македонија

456 онколошки пациенти добиваат парична помош во следните два дена

04/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44853
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Сосед истепал сосетка во скопски Петровец

04/08/2026

На 04.08.2026 во 07:10 часот во СВР Скопје, К.К.(60) пријави дека била физички нападната од нејзиниот сосед Б.Ј.(64), двајцата од

Временска прогноза за следните 14 дена: Не очекува топол бран со температури до 38 степени

04/08/2026

Во текот на следните две недели не очекува стабилно, сончево и исклучително топло време, со високи дневни и тропски ноќни

ЦУК: Регистрирани 14 пожари на отворен простор — активен само еден, четири се под контрола

04/08/2026

На територијата на државата заклучно со 18 часот се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор. Од нив, активен е

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy