Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Намалување на бројот на заболени од грип во Македонија 
Македонија

Намалување на бројот на заболени од грип во Македонија 

22/02/2026

AA

Оваа недела бројот на пријавени случаи на грип и заболувања слични на грип во Македонија продолжува да опаѓа, соопштуваат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Според последниот извештај, оваа недела се евидентирани 1.150 нови случаи, што претставува намалување од 11,9 проценти во споредба со минатата недела, кога биле пријавени 1.306 заболени.

Во споредба со истиот период минатата сезона, кога биле пријавени 2.726 случаи, намалувањето е значително – 57,8 отсто. Анализата по возрасни групи покажува дека најзагрозена категорија се лица на возраст од 15 до 64 години со 621 заболено лице, потоа следуваат деца од 5 до 14 години (229 случаи), деца до 4 години (157 случаи) и лица над 65 години (143 случаи).

Од почетокот на сезоната 2025/2026, вкупниот број на пријавени случаи на грип и заболувања слични на грип достигна 13.871. Најголем дел од случаите биле регистрирани во јануари (9.135 случаи), додека во февруари бројот паднал на 2.456. Во декември имало 1.324 случаи, а во ноември и октомври се забележани значително помал број случаи – 438 и 338, соодветно.

Податоците укажуваат дека сезоната го достигнала својот врв во јануари, по што следи постепено намалување на бројот на заболени. Здравствените власти апелираат на почитување на превентивните мерки, особено кај најмладите и повозрасните граѓани, кои се дел од најризичните групи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

27/07/2026
Македонија

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026
Македонија

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026
Македонија

Водата во Крушево е чиста на второто тестирање, но забраната

27/07/2026
Македонија

Осумдневен притвор за Словенец кој физички ја нападнал девојката во

27/07/2026
Македонија

Истрага против четири лица во Скопје за дрога – запленети

27/07/2026
Македонија

Собранието го усвои Дополнителниот ребаланс на Буџетот за 2026: Повеќе

27/07/2026
Македонија

Цените на нафтата значително паднаа

27/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44701
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

27/07/2026

По десетдневна принудна пауза, водата во Гостивар од денеска може да се користи за лична хигиена и чистење во домовите,

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026

Угостителските објекти во Струга ќе работат еден час подолго во летниот период, додека за претстојниот празничен викенд работното време ќе

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026

Просториите на културно-уметничкото друштво „Српски вез“ во Куманово биле мета на вандалски чин, при што објектот е оштетен, а на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy