Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НАФТАТА ЌЕ ОДИ НАГОРЕ, А ЗА ХРАНАТА ИМА УБАВИ ВЕСТИ, СЕ ОЧЕКУВА СМИРУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ – НБМ ја намали основната камата на 5,35 отсто
Економија

НАФТАТА ЌЕ ОДИ НАГОРЕ, А ЗА ХРАНАТА ИМА УБАВИ ВЕСТИ, СЕ ОЧЕКУВА СМИРУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ – НБМ ја намали основната камата на 5,35 отсто

05/02/2025

AA

Благо намалување на основната камата на Народната банка, за 0,2 проценти поени, со што таа сега е на нивото од 5,35 проценти. 

Оваа одлука ја донел Извршниот одбор на централната банка, откако констатирале дека и покрај досегашните релативно поволни трендови, ризиците и натаму постојат и се понагласени. Затоа и било одлучено да се продолжи со внимателното нормализирање на поставеноста на монетарната политика. 

„Следствено, на седницата беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се намали за 0,2 п.п., на нивото од 5,35 отсто. Каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена се непроменети. Непроменета е и понудата на благајничките записи на редовната аукција и изнесува 10 милијарди денари“, се вели во соопштението кое беше испратено од Народна банка на Македонија.

Ваквата промена во монетарната поставеност, како што нагласуваат, е одраз на поволните трендови кај инфлацијата и девизни резерви, а при и понатаму присутни и понагласени ризици поврзани со надворешното окружување. Покрај ова, има и ризици од домашните фактори коишто влијаат врз агрегатната побарувачка. 

„Во однос на надворешните ризици, најавата за воведување нови протекционистички мерки може да предизвика повторно глобални инфлациски притисоци. Променливоста на пазарите на примарните производи, исто така, е забележлива, под влијание на нестабилниот геополитички контекст и климатските фактори. Во однос на политиката на Европската централна банка (ЕЦБ), како фактор којшто Народната банка исто така го има предвид, на последната седница во јануари, беше донесена одлука за намалување на каматните стапки за по 0,25 п.п., што е петто намалување од јуни минатата година.

И натаму се очекува дека нивото на каматните стапки, заедно со досегашните промени кај задолжителната резерва и преземените макропрудентни мерки ќе придонесат за ценовна стабилност на среден рок и за стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото“, се вели во соопштението од НБМ.

Инфлацијата, децидни се монетарните власти, се движи во рамките на очекувањата. 

„Годишната стапка на инфлација во декември 2024 година изнесува 4,4 отсто и очекувано се задржа на слично ниво како во ноември, под влијание на споредбената основа во истиот период претходната година, заради мерките преземени тогаш за привремено ограничување на растот на цените. Годишната динамика на цените на храната и на базичната инфлација и натаму е стабилна, додека падот кај цените на енергијата умерено забавува. Притоа, остварената просечна стапка на инфлација во 2024 година изнесува 3,5 отсто и е на исто ниво со проектираната стапка, според октомврискиот циклус проекции. Во јануарските анкети на ЕК за очекувањата на потрошувачите преовладуваат очекувања за намалување на цените во следниот период. Во однос на очекувањата за берзанските цени на примарните производи, според најновите прогнози за 2025 година, направена е нагорна ревизија кај цената на нафтата, а надолна кај основните прехранбени производи. Иако инфлациските движења се во согласност со очекувањата, ризиците постојат и потребно е внимателно следење.

Состојбата на девизниот пазар во континуитет е стабилна и движењата се поволни. Минатата година девизните резерви остварија раст, малку повисок од очекуваниот, со што нивото на девизните резерви на крајот на декември достигна 5.019 милиони евра. Ова е соодветно ниво за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута. Растот главно произлегува од откупот на девизи на девизниот пазар од страна на Народната банка. Во однос на последните расположливи податоци од надворешниот сектор, трговскиот дефицит во периодот октомври ‒ ноември 2024 година засега е понизок во споредба со очекувањата за четвртиот квартал од октомврискиот циклус проекции. Остварувањата на менувачкиот пазар заклучно со крајот на декември се во согласност со проектираните нето-приливи од приватните трансфери“, потенцираат од НБМ. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВИКЕНД СО СОНЦЕ И МАЛКУ ОБЛАЦИ Утрински мраз и магла

05/11/2026
Македонија

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ГО ПОТВРДИ НАПРЕДОКОТ ВО РЕФОРМИТЕ Македонија бара гаранции

05/11/2026
Македонија

ПЕТМИНА ЌЕ ДОБИЈАТ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ПО РАНОУТРИНСКАТА АКЦИЈА ВО КУМАНОВО

05/11/2026
Македонија

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО КУМАНОВО, ГРУПА СО ГОДИНИ ВРШЕЛА ИЗНУДИ Претресена

05/11/2026
Македонија

И ПОКРАЈ БЛОКАДАТА МАКЕДОНИЈА ГИ СПРОВЕДУВА РЕФОРМИТЕ Сиљановска-Давкова побара забрзување

05/11/2026
Македонија

ФОНДОТ РЕАГИРА НА ТВРДЕЊАТА НА КОСТАДИНОВ „Спремни сме за соработка,

05/11/2026
Македонија

ЈАНЕВ ГИ РАЗБИ ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО БОГДАНЦИ Момчето претходно

05/11/2026
Македонија

АЛТА БАНКА ИСПЛАТИ 556 ПЕНЗИОНЕРИ, ЌЕ РАБОТИ ВО ДВЕ СМЕНИ

05/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46608
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВИКЕНД СО СОНЦЕ И МАЛКУ ОБЛАЦИ Утрински мраз и магла по котлините

05/11/2026

Времето в петок, 6 ноември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ГО ПОТВРДИ НАПРЕДОКОТ ВО РЕФОРМИТЕ Македонија бара гаранции за сигурен европски пат

05/11/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во гостувањето во Вестите на Сител ТВ се осврна на последниот

ПЕТМИНА ЌЕ ДОБИЈАТ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ПО РАНОУТРИНСКАТА АКЦИЈА ВО КУМАНОВО Пари и документи откриваат траги

05/11/2026

Пари и документи што упатуваат на лихварство и изнуда биле пронајдени во раноутринската полициска акција во Куманово. Под истрага се

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy