Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Најтешката година заврши со најслатка убедлива победа – Вардар се врати во Прва лига! (ФОТО)
Спорт

Најтешката година заврши со најслатка убедлива победа – Вардар се врати во Прва лига! (ФОТО)

21/05/2023

AA

По две години талкање и тешка агонија со беспарицата во последнава полусезона по второлигашките терени, најтрофејниот македонски клуб Вардар се врати во Првата лига откако избраниците на Бобан Грнчаров денеска со шампионски танц го прегазија Скопје со 3-0 во баражот за последното место за идната сезона во домашната елита.

Иако цела полусезона играа без пари, оставени сами на себе и единствено со поддршка од навивачите Комити, вардаровите фудбалери го одиграа најдобриот меч кога беше најпотребно. Во баражот за Прва лига, како најважен меч на оваа генерација која играше за своја чест, гордост и од инает кога сите се обидуваа да му одмогнат на најголемиот македонски клуб, носени од фанатичните Комити, одиграа шампионски. Како во времињата кога Вардар доминираше во македонскиот фудбал. Од прва до последна минута, па Скопје треба да биде и среќен што мечот го загуби вака, а не со тотална катастрофа.

Дарко Размоски со два гола и Дарко Глишиќ со еден за еден час игра ја обезбедија победата, но буквално сите од голманот Филип Гачевски до центарфорот Дарио Десниќ денеска ги заслужуваат сите аплаузи за начинот како одиграа, за сега енергија, агресивност и пожртвуваност.

А, сѐ почна експресно по три минути откако размоски од непосредна близина погоди за водство за ерупција кај Комити, за да продолжи со низа извонредни шанси, две на Размоски, една на Ненад Мишковски, една на Филип Јаневски, кои ги одбрани Андреа Ефемов, а дека сѐ е отворено за кам-бекот во Прва лига се погрижи Миле Тодоров со глупоста на годината, откако факел на теренот го фрли на трибината на вардаровите навивачи и доби црвен картон.

Кусокот на еден фудбалер, Вардар го искористи во првата третина од вториот дел, пет минути по рестартот Размоски го дуплираше водството, а печат на веќе сигурната победа стави Глишиќ со голот на неполн час од мечот. И сѐ потоа беше јасно дека тешко Скопје ќе може да се приближи за да го донесе мечот во неизвесност, а неколку контри можеа да донесат уште поубедлива победа.

Вардар на теренот го обезбеди враќањето во Прва лига, но битките за враќањето на Вардар на старата слава продолжуваат, зашто сега следува и поголемата за решавање на финансиските проблеми и блокираната сметка, со реструктуирање на клубот, со најавената поддршка од неколку скопски општини како вовед дека се гледа крајот на агонијата низ која поминуваше најголемиот македонски бренд од 2020 година наваму кога почна и пропаста со испаѓањето во Втората лига.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВОЗЕЛЕ БЕЗ ДОЗВОЛА И СО ЗАБРАНА Полицијата приведе осум лица,

17/02/2026
Македонија

ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ СО ХЕЛИКОПТЕР НА МВР ЛЕТАА ДО ПРИЛЕП

17/02/2026
Македонија

Реките се полнат, Вардар и Треска неколкупати над просекот: Поплавените

17/02/2026
Македонија

МУРТЕЗАНИ ВО БРИСЕЛ, МАНГОВА ВО ЛОНДОН, ИЉАЗОСКА ВО ХАГ… Владата

17/02/2026
Македонија

Владата ја „освежува“ дипломатијата: Орхан Муртезани оди во НАТО, Илина

17/02/2026
Македонија

„Повредата на данскиот скијач не се случи на патека под

17/02/2026
Македонија

СИНДИКАТОТ БАРА НЕШТО ШТО СДСМ 7 ГОДИНИ НЕ МУ ГО

17/02/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова на средба со Никол Варнс: САД остануваат стратешки партнер

17/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41591
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВОЗЕЛЕ БЕЗ ДОЗВОЛА И СО ЗАБРАНА Полицијата приведе осум лица, еден бил и пијан

17/02/2026

Осум возачи биле приведени во текот на вчерашниот ден во различни градови низ државата поради сериозни прекршоци во сообраќајот. Седуммина

ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ СО ХЕЛИКОПТЕР НА МВР ЛЕТАА ДО ПРИЛЕП Ги злоупотребуваа државните ресурси, а

17/02/2026

СДСМ повторно покажува дека нема никаква визија и идеја за развој на Македонија,  без идеи секојдневно растура пердуви во јавноста

Реките се полнат, Вардар и Треска неколкупати над просекот: Поплавените подрачја се санираат!

17/02/2026

Обилните врнежи од дожд предизвикаа драстичен пораст на нивото на реките низ целата држава, оставајќи ги надлежните служби во состојба

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy