Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 На скопскиот аеродром: ТАВ организираше забава за првите патници на летот Скопје – Љубљана на WIZZ AIR
Македонија

На скопскиот аеродром: ТАВ организираше забава за првите патници на летот Скопје – Љубљана на WIZZ AIR

28/09/2023

AA

Со коктел-забава како изненадување и мали подароци за патниците во заминување на првиот лет, ТАВ синоќа на Меѓународниот Аеродром Скопје го означи стартот на сообраќање на новата редовна линија Скопје–Љубљана, на Wizz Air.

„ТАВ ја прославува оваа одлична пригода – воведувањето на новиот лет на Wizz Air на релација Скопје – Љубљана – Скопје. За оваа авиолинија имаше голема побарувачка, со оглед на тоа што има многу деловни патници, студенти и македонски иселеници кои често патуваат меѓу двата града, а речиси 4 години, од 2019 година досега, немаше директна авиоврска меѓу Скопје и Љубљана. Среќни сме што Wizz Air го препозна ова барање и веруваме дека нивните услуги ќе ги задоволат потребите на нашите патници. Воведувањето на оваа нова рута, исто така, ќе им служи и на рекреативните патници и ќе ги зајакне нашите врски со Словенија. Љубљана, со своето богато културно наследство и енергична атмосфера, беше мошне очекувана дестинација за патниците од Скопје. Би сакал да изразам искрена благодарност до WIZZ за нивната одлука да ја додадат оваа рута од нивната база во Скопје, со што ќе се зајакне регионалната поврзаност. Со нетрпение очекуваме да им посакаме добредојде на патниците на скопскиот аеродром, да обезбедиме беспрекорни аеродромски услуги и да создадеме трајни спомени при нивните патувања“ – изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Со оваа нова рута, патниците од Скопје сега имаат пристап до шармантниот главен град на Словенија, Љубљана. Позната по својот живописен стар град, богатата историја и енергичната културна сцена, Љубљана брзо стана дестинација која мора да се посети во Европа.

„Воодушевени сме што дополнително ја прошируваме мрежата од Скопје со нова конекција до Љубљана. Горди сме што сме лидер на пазарот во Северна Македонија со огромна мрежа од 34 линии до 15 земји, нудејќи над 1.1 милион седишта на продажба за зимската сезона 2023 година, двојно повеќе од минатата година. Фокусирани на континуиран раст, остануваме посветени да им обезбедиме неспоредливо поврзување и искуства од патувањето на нашите патници. Би сакала да им се заблагодарам на нашите колеги од Меѓународниот Аеродром Скопје за нивното одлично партнерство во градењето на подобра поврзаност за Северна Македонија и многу сум среќна што ги пречекувам првите патници од Скопје до Љубљана на летовите на WIZZ.“ – изјави Тамара Никифорова, Менаџер за корпоративни комуникации во групацијата Wizz Air.

Првиот лет од скопскиот аеродром до Љубљана полета вчера, среда, 27-ми септември.

WIZZ ќе лета на оваа релација Скопје – Љубљана – Скопје два пати неделно, секоја среда и недела, нудејќи им на патниците удобен распоред што одговара и на деловните и на рекреативните патници.

Времето на заминување во среда од Меѓународниот Аеродром Скопје е 18:40 часот, со време на пристигнување во Љубљана во 20:20 часот, додека полетувањето од Љубљана е во 20:55 часот со слетување на скопскиот аеродром во 22:30 часот.

Времето на заминување во недела од Меѓународниот аеродром Скопје е 19:00 часот, со време на пристигнување во Љубљана во 20:40 часот, додека полетувањето од Љубљана е во 21:15 часот со слетување на скопскиот аеродром во 22:50 часот.

Авиобилетите се во продажба по цена почнувајќи од само 1.539 денари. За информации за резервации на авиобилети и за да дознаете повеќе за летовите на WIZZ, посетете ја официјалната веб-страница на Wizz Air.

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на Групацијата АДП, го заокружи периодот од јануари до август 2023 година со вкупно 2.049.157 патници кои патувале преку двата македонски аеродрома – Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле – Охрид. Ова претставува пораст од 32% споредено со истиот период во 2022 година, додека споредено со 2019, референтната година во авијацијата, статистиките во авиосообраќајот бележат 15% зголемување на бројот на патници.  Во однос на бројот на летови, во 8-те месеци од 2023 година реализирани се 15.344 летови, или 20% повеќе летови од 2022, односно 4% повеќе споредено со 2019 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Тошковски: Да ја чуваме слободата, да ја јакнеме државата и

02/08/2026
Македонија

Се скарале за паркинг во Охрид, па му вперил пиштол

02/08/2026
Македонија

Ахмети со честитка за Илинден: Слободата се гради врз еднаквост,

02/08/2026
Македонија

Утрово спасувачка акција кај манастирот Св. Илија во Струмица, мајка

02/08/2026
Македонија

Трите Илиндена не се само датуми, туку сведоштво дека Македонија

02/08/2026
Македонија

Филипче од Крушево: Сеќавањето на Илинден има вредност ако градиме

02/08/2026
Македонија

Нема нови случаи на западнонилската треска во Гостивар

02/08/2026
Македонија

Стабилна состојбата во Гостивар, на 1 август регистрирани вкупно 57

02/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44807
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Тошковски: Да ја чуваме слободата, да ја јакнеме државата и да ги негуваме вредностите што

02/08/2026

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска, како дел од владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, присуствуваше на одбележувањето

Се скарале за паркинг во Охрид, па му вперил пиштол во ходник

02/08/2026

На 01.08.2026 во 13:05 часот  во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Т.Р.(73) од Охрид, постапувајќи

Ахмети со честитка за Илинден: Слободата се гради врз еднаквост, а не врз надмоќ

02/08/2026

По повод Денот на Републиката – 2-ри Август, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, упати празнична честитка во која се осврнува

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy