Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НА РИСТОСКА СЕГА Ѝ Е ДОБАР СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ По нејзиното известување Советот ќе отвори постапка затоа што премиерот Мицкоски ја нарече медиокритет
Македонија

НА РИСТОСКА СЕГА Ѝ Е ДОБАР СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ По нејзиното известување Советот ќе отвори постапка затоа што премиерот Мицкоски ја нарече медиокритет

09/01/2026

AA

Советот на јавни обвинители ќе отвори постапка по известувањето на обвинителката Ленче Ристоска против премиерот Христијан Мицкоски, откако тој ја нарече „медиокритет“ и дел од „клиентелистичко-политичка матрица“, а таа реагираше дека со ваквите изјави се врши притисок и се нарушува нејзината самостојност во работењето.

Претседателот на Советот Башким Бесими во кратка изјава за „Слободен печат“ потврдил дека го примиле известувањето од Ристовска и ќе постапуваат според донесениот Правилник за обезбедување и гарантирање на самостојноста на јавните обвинители, односно ќе формираат Комисија која ќе треба да донесе заклучоци. Правилникот беше донесен во ноември минатата година.

„Надворешно нарушување на самостојноста претставува секое постапување на лица надвор од Јавното обвинителство и Советот на јавните обвинители со кое се загрозува професионалниот интегритет на јавните обвинители и може да се оцени како нарушување на самостојно, одговорно, законито, непристрасно и објективно извршување на јавнообвинителската функција“, предидува правилникот.

Советот формира комисија од тројца членови, која може да прибира податоци и информации за утврдување на околностите. Комисијата може да побара од Мицкоски писмено или усно да се произнесе.

Премиерот Мицкоски во видео интервју за порталот Вечер.мк ја критикува Ристоска дека таа била најгласна за новите измени на Кривичниот законик.

– Недостасуваат измените на Кривичниот законик бидејќи некој претходно направил авантура (зборувам за измените на претходната влада) и добро, поднесовме измени на КЗ до Собранието. Веднаш излегоа поединци, и тоа најгласен коментатор беше еден поранешен припадник на поранешното СЈО, кој вели дека со овие нови измени се намалувале казните и овозможувале да се досудат, внимавајте, значи они веќе ги осудија луѓево, да се досудат условни казни. А претходно немаше никакви казни, ама тогаш не ги слушнавме кога оние ги бришеа комплетно од КЗ. Замислете каква им е матрицата на размислување. Пазете, обвинител коментира веќе досудена работа. Бидејќи обвинителот и адвокатот се две спротиставени странки во процесот. И сега јас ја слушам и просто не можам да верувам со каков тип на медиокритети ние имаме работа. Но, во ред, тоа е тоа – рече премиерот Мицкоски.

Ристоска побара и јавно извинување од премиерот за навредите и професионалните дисквалификации кон неа.

„По однос на интервјуто на премиерот во кое за мене беа изнесени навреди и неосновани професионални дисквалификации, презедов соодветни институционални и лични чекори за заштита на мојата чест, углед и професионална самостојност. Претседателот на Владата изнесува неточни и понижувачки вредносни судови, имплицирајќи дека сум „медиокритет“ со „клиентелистичко-политичка матрица“, а дополнително ме поврза и со целосно измислени тврдења за изјави кои не сум ги дала, со очигледна тенденција да се доведе во прашање мојот професионален интегритет. Со цел заштита на мојот личен и професионален углед, од Претседателот на Владата писмено побарав јавно извинување и повлекување на спорните наводи. Истовремено, писмено го известив и Советот на јавни обвинители, укажувајќи дека со ваквиот јавен говор се нарушува мојата самостојност во вршењето на јавнообвинителската функција. Нагласувам дека Претседателот на Владата е и претседател и законски застапник на политичката партија која е опфатена во кривични постапки во кои јас постапувам како јавен обвинител и има јасен правен интерес од нивниот исход. Поради тоа, овие изјави ги доживувам како несоодветен притисок врз мојата работа и обид да се влијае врз моето постапување и одлучување“, најави обвинителката Ристоска.

Пред две години обвинителката Ристоска тврдеше дека Советот на јавни обвинители е извор на тргување на влијание и треба да се реформира.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РОДИТЕЛИ ПРИВЕДЕНИ ПОРАДИ МАЛТРЕТИРАЊЕ НА ТРИТЕ ДЕЦА Случајот се случувал

25/11/2026
Македонија

КЛЕКОВСКИ ОЧЕКУВА СЕРТИФИКАТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ЗА ДА ИМА УВИД ВО

25/11/2026
Македонија

КЛЕКОВСКИ НАЈАВИ РЕШЕНИЕ ЗА МАМОГРАФОТ ВО „БУКУРЕШТ“ Недозволиво е поликлиника

25/11/2026
Македонија

СТОКАТА ВРЕДНА 5,6 МИЛИОНИ ЕВРА ЈА ИМАЛО САМО НА ХАРТИЈА

25/11/2026
Македонија

ОЧЕКУВАМ ДА СЕ ПОТВРДИ ДЕКА МЕСТОТО НА ЗАПАДЕН БАЛКАН Е

25/11/2026
Македонија

ТРОЈЦА МАЖИ НАПАДНАЛЕ ЧОВЕК КОЈ ДРЖЕЛ ДЕТЕ ВО РАЦЕТЕ!? Притоа

25/11/2026
Македонија

ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ВО СЛЕДНИТЕ ТРИ ДЕНА На планините нова снежна

25/11/2026
Македонија

ПРИЈАВИЛ ГРАНУЛАТИ, МУ НАШЛЕ 5.000 ШТЕКИ ЦИГАРИ Се бара притвор

25/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46925
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РОДИТЕЛИ ПРИВЕДЕНИ ПОРАДИ МАЛТРЕТИРАЊЕ НА ТРИТЕ ДЕЦА Случајот се случувал подолг временски период

25/11/2026

Двајца родители од скопскиот регион се приведени по пријава дека подолг временски период физички и психички ги малтретирале своите три

КЛЕКОВСКИ ОЧЕКУВА СЕРТИФИКАТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ЗА ДА ИМА УВИД ВО ДОСИЕТО ЗА КАРДИОХИРУРШКИ ИНТЕРВЕНЦИИ Ќе

25/11/2026

Министерот за здравство Сашо Клековски очекува наскоро да добие пристап до досието за кардиохируршките интервенции, по што најави дека ќе

КЛЕКОВСКИ НАЈАВИ РЕШЕНИЕ ЗА МАМОГРАФОТ ВО „БУКУРЕШТ“ Недозволиво е поликлиника што опслужува 70.000 граѓани да

25/11/2026

Министерот за здравство Сашо Клековски најави решавање на проблемот со мамографот во поликлиниката „Букурешт“ во скопската општина Карпош. Апаратот повеќе

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy