
На подморницата „Титан“ снема кислород! Откриено како ќе изгледаат последните моменти на екипажот
Се верува дека подморницата Титан, која исчезна во неделата, останала без кислород во 13:08 часот по средноевропско време, а д-р Кен Ледез, експерт за хипербарична медицина на Универзитетот Меморијал, даде свое предвидување за последните моменти на екипажот.
Тој рече дека преживувањето по губењето на кислород ќе зависи од метаболизмот на секоја личност и дека некои може да преживеат подолго од другите.
– Не е како да ги гасиш светлата, повеќе е како да се качиш на планина. Ќе направат се што можат за да ја намалат потрошувачката на кислород, ќе се одморат, ќе се трудат да бидат што е можно поопуштени и смирени – изјави Ледез за Би-Би-Си.
Тој додаде дека преголемата активност може да предизвика зголемување на метаболизмот и да создаде повеќе јаглерод диоксид.
Д-р Ледез истакна дека „хипотермијата може да биде нивен пријател“.
– Постои можност доколку доволно се оладат и изгубат свест да преживеат. Срцето може да биде многу бавно кога е ладно, рече тој.
На прашањето дали би можеле да преживеат една недела откако ќе истече кислородот, докторот одговара дека се сомнева во тоа.

