Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БЕСА ГО ОТВОРИ ПАТОТ ЗА СПОЈУВАЊЕ ВО ПАРТИЈА „ВРЕДИ“ Движењето го распушти централното претседателство
Македонија

БЕСА ГО ОТВОРИ ПАТОТ ЗА СПОЈУВАЊЕ ВО ПАРТИЈА „ВРЕДИ“ Движењето го распушти централното претседателство

12/02/2026

AA

Централното собрание на Движење Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на ова партиско тело со цел во иднина партијата да биде дел од процесот почнат за спојување на повеќе политички партии во партијата „Вреди“ (ВЛЕН) како еден политички субјект. Оваа одлука ја донесе Централното собрание вечерва по час и половина заседавање во партиското седиште во Тетово.

– Собранието на Движењето оцени дека треба да се отвори патот за структурирање на „Вреди“ и ја донесе оваа одлука врз основа на мораториумот за партиски активности од страна на субјектите што го сочинуваат „Вреди“. Во оваа прилика Собранието ме овласти мене како претседател да продолжам да со разговорите за иднината на Вреди, давајќи поддршка за спојувањето во еден субјект со решение што го почитува принципот на правда и го слуша гласот на волјата на гласачите на „Вреди“ и сите Албанци, истакна Биљал Касами, претседател на Движење Беса.

На состанокот на собранието била дискутирана и работата на функционерите на Движењето Беса во Владата, рече Касами. Тој пренесе дека членовите на собранието ја поддржале неговата изјава дека Движење Беса има капацитет за многу повеќе работа, отколку што е сработено досега.

– Анализата на работата на функционерите ќе продолжи во наредните денови, додека наодите ќе бидат одразени во идната реконструкција на Владата. Движењето Беса верува дека позициите во Владата се средства за наша најдобра и ефикасна служба на сите граѓани, особено Албанците и сите идни одлуки ќе бидат засновани на овој принцип – истакна Касами.

На новинарско прашање дали тој ќе биде претседател на новата заедничка партија во рамки на коалицијата Вреди, Касами со одговор дека има неколку опции на дискусија.

– Не би сакал да кажам да или не. Сигурно дека доколку заеднички процениме дека јас би требало да преземам некоја обврска, јас сум подготвен – посочи Касами.

Прашан за коментар на изјавата Мицкоски дека тој е носител на мандатот за составување Влада, Касами рече дека се свесни за тоа.

– Но сè додека е политичка Влада во која учествуваа Беса, како дел од Вреди, Беса одлучува кој министер ќе биде предложен од нејзина страна, како дел од идната влада – посочи Касами.

Тој додаде дека има одлука да се оцени работата на сите функционери вклучително и на Фатмир Лимани.

Пред седницата, Лимани, за кој дел од медиумите известуваа дека е во конфликт со лидерот Биљал Касами, одговори на новинарско прашање кој ќе одлучува за него дали ќе биде министер, премиерот Христијан Мицкоски или Касами.

– Работата која сум ја извршил за овие 16/17 месеци, вработувањата и ред други работи и проекти кои се направени во полза на народот и нашата држава, тоа ќе одлучува – истакна Лимани.

Тој  рече дека е потребна разумност и дејствија кои нема да создаваат простор за враќање назад.

– Не се осмелуваме да ја нарушиме структурата на ВЛЕН, бидејќи тоа би значело враќање назад. Не треба да создаваме простор за други структури да станат дел од Владата – рече Лимани.

Лимани, исто така, испрати порака  дека не треба да го гледаат него како поединец во овој процес, туку дека постои поголема политичка застапеност. 

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК

20/09/2026
Македонија

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер

20/09/2026
Македонија

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да

20/09/2026
Македонија

СЛУШНАЛ ВРЕСОЦИ И ТРГНАЛ ПО СИНОТ ВО КАЊОНОТ Таткото загина

20/09/2026
Македонија

ЗНАМ НЕ ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДА ЗА ФОТЕЛЈИ Димитриевски даде отчет

20/09/2026
Македонија

СУДАР КАЈ „ТУЛАНАТА“ НА ПАТОТ БИТОЛА-ПРИЛЕП ОДНЕСЕ ЖИВОТ НА ТИНЕЈЏЕРКА

20/09/2026
Македонија

САКАЛ ДА ИЗЛЕЗЕ ОД МАКЕДОНИЈА КАКО „ИТАЛИЈАНЕЦ“ Со себе имал

20/09/2026
Македонија

„TASK FORCE“ НА БЈБ ЧЕШЛА КРАЈ СТРУГА Во Радожда контролирале

20/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45694
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК ДОЖД До среда ќе дува

20/09/2026

Времето в понеделник, 20 септември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер го пренел по пријава од

20/09/2026

Граѓани околу 14.30 часот пријавиле дека на Шар Планина забележале лице кое не покажувало знаци на живот, по што била

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да ги испита фотките и изјавата

20/09/2026

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков најави дека денеска ќе поднесе кривична пријава против Јон Фрчкоски од СДСМ и непознати лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy