Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СО ТРЕНДАФИЛОВ НИ Е ЗАЕДНИЧКО САМО ТОА ШТО НÈ ПРАТАТ СЛУЖБИТЕ Филипче има идеја како да се дојде до 600 евра минимална плата
Македонија

СО ТРЕНДАФИЛОВ НИ Е ЗАЕДНИЧКО САМО ТОА ШТО НÈ ПРАТАТ СЛУЖБИТЕ Филипче има идеја како да се дојде до 600 евра минимална плата

12/02/2026

AA

 

Лидерот на СДСМ Венко Филипче во интервју за Канал 5 вели дека нема комуникација ниту координација со претседателот на ССМ, додека се пожали дека и тој како и Трендафилов наводнно биде следени од власта.

„Слободан Трендафилов од ССМ сум го сретнал пред година ипол во Собрание кога беа тие иницијативни и толку. Со човекот немам никаква комуникација ниту пак некаква координација. Единствено нешто што заедничко еве гледам сега последниве денови имаме е тоа што власта тренира злоупотреба на институциите, го сликаат, го пратат итн. Мене ме сликаат на аеродроми. Излегува пратеникот Бране Петрушевски кажува кога сум ја напуштил земјата. Од каде знаат тие луѓе каде се движам? Каква е таа злоупотреба на безбедносните служби?, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче во ‘Само интервју’ на Канал 5 Телевизија, зборувајќи за злоупотребите коишто ги прави власта“.

Филипче додаде дека Македонија, како што вели, повторно се враќа во периодот на злоупотреба на безбедносните служби во времето на Груевски.

– Сè е исто во практицирањето на власта. Ова само уште еден показател за тоа.

Говорејќи за барањата на за зголемување на минималната плата на работниците и Синдикатите Филипче порача дека поддршката на СДСМ за зголемување на платите е принципиелна и конзистентна.

– Станува збор за една тема којашто сериозно засега илјадници семејства во државата и мислам дека оваа тема како ниту една друга на виделина ја носи конзистентноста на нашите политики, ставови и така натаму, и лицемерието на моменталната власт. Барањата се реални. Луѓето тешко врзуваат крај со крај. Во првите две години од нашата власт социјалната помош ја зголемивме за 300%, минималната плата од 8.000 на 14.000 денари. Сега, по две години од оваа власт – што зголемија? Ништо. Ние имаме конкретен предлог од каде да се обезбедат средства – кратење на непродуктивни трошоци , патувања, репрезентации, нов мебел, опрема на кабинети. Со тоа може да се обезбедат околу 200 милиони евра – доволно за минимална плата од 600 евра и субвенционирање придонеси за компаниите. Но оваа влада нема волја да се откаже од луксузот – рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Зборувајќи за наводите за запленетиот канабис и големата полициска акција Филипче вели дека повеќе им верува на српските власти и на американската служба ДЕА за петте тони марихуана со потекло од Македонија кои беа запленети во Србија.

– Ако во Србија има официјален документ од Српското Обвинителство во кој што се спомнува Македонија како извор на дрогата, ако Американската Агенција ДЕА за борба против нелегална трговија со наркотици е вклучена во ова и кажува дека се случил таков шверц, извинете ние повеќе веруваме на дела, отколку на ВМРО и на премиерот. Во повеќе наврати е покажа дека ниту премиерот, ниту оваа влада се кредибилни и не може да им се верува на изјавите – рече Филипче.

Во интервјуто тој посочи дека власта упорно молчи и одбива да одговори на клучните прашања со овој скандал, со што дополнително се продлабочуваат сомнежите.

– Вистинското прашање е зошто нема одговори од институциите? Тоа е вистинското прашање.  Кој дозволил четири или пет шлепери да транзитираат низ државата, да стигнат на граница, да ги пропушти полиција, да ги пропушти царина и да завршат во Србија. Има ли снимки, дали некој ги пропуштил на граница. Кој бил на смена од цариниците, кој бил на смена од полициските службеници и тоа се прашања на коишто ниту премиерот, ниту владата не одговараат, ниту некоја од соодветните институции – рече Филипче.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК

20/09/2026
Македонија

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер

20/09/2026
Македонија

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да

20/09/2026
Македонија

СЛУШНАЛ ВРЕСОЦИ И ТРГНАЛ ПО СИНОТ ВО КАЊОНОТ Таткото загина

20/09/2026
Македонија

ЗНАМ НЕ ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДА ЗА ФОТЕЛЈИ Димитриевски даде отчет

20/09/2026
Македонија

СУДАР КАЈ „ТУЛАНАТА“ НА ПАТОТ БИТОЛА-ПРИЛЕП ОДНЕСЕ ЖИВОТ НА ТИНЕЈЏЕРКА

20/09/2026
Македонија

САКАЛ ДА ИЗЛЕЗЕ ОД МАКЕДОНИЈА КАКО „ИТАЛИЈАНЕЦ“ Со себе имал

20/09/2026
Македонија

„TASK FORCE“ НА БЈБ ЧЕШЛА КРАЈ СТРУГА Во Радожда контролирале

20/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45694
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК ДОЖД До среда ќе дува

20/09/2026

Времето в понеделник, 20 септември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер го пренел по пријава од

20/09/2026

Граѓани околу 14.30 часот пријавиле дека на Шар Планина забележале лице кое не покажувало знаци на живот, по што била

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да ги испита фотките и изјавата

20/09/2026

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков најави дека денеска ќе поднесе кривична пријава против Јон Фрчкоски од СДСМ и непознати лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy