
Најопасното сирење со црви на светот: Забрането, но локалното население го јаде со векови
На италијанскиот остров Сардинија се произведува касу марзу, сирење полно со црви, кое во 2009 година беше прогласено за најопасно сирење на светот.
Сирните мушички, Piophila casei, ги несат јајцата во пукнатините што се формираат во сирењето, а потоа излегуваат и го претвораат производот во меко, кремасто сирење.
Касу марзу има интензивен вкус. Некои велат дека тоа е афродизијак. Други велат дека тоа би можело да биде опасно за здравјето на луѓето бидејќи црвите би можеле да бидат одговорни за мијаза, микроперфорации во цревата, но досега такви случаи не се поврзани со ова сирење, според Си-Ен-Ен.
Сирењето е забрането за комерцијална продажба, но локалното население на островот го јадело со векови.
Само за избраните
„Наездата од црви е шармот и задоволството на ова сирење“, вели Паоло Солинас, гастроном од Сардинија.
Некои луѓе се згрозуваат од самото спомнување на ова сирење, додека други уживаат во него.
„Некои овчари веруваат дека ова сирење дава единствена лична сатисфакција, нешто што само неколкумина можат да го вкусат“, истакнува Солинас.
Десет други италијански региони имаат своја варијација на сирење полнети со црви, но иако таквите производи се сметаат за уникатни на друго место, касу марзу е суштински дел од културата на храна на Сардинија.
Сирењето има неколку различни имиња, како што се casu becciu, casu fattittu, hasu muhidu, formaggio marcio. Секој подрегион на островот има свој начин на производство со користење на различни видови млеко.
