Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 На нова берза во Македонија се свртеле 34 милиони евра за половина година
Економија

На нова берза во Македонија се свртеле 34 милиони евра за половина година

06/03/2024

AA

Околу 34 милиони евра се свртеле на берзата за купување на електрична енергија „ден однапред“ за нешто повеќе од половина година откако започна со работа во 2023. Ова го покажува извештајот за работа на националниот оператор на пазарот на електрична енергија во Македонија, МЕМО, преку кој лани се движеле трансакциите. 

Од 10 мај, од кога започна со работа берзата, до крајот на 2023, биле истргувани околу 530.000 мегаватчасови, а самиот МЕМО како организатор и словенечкиот сопственик на платформата за тргување обезбедиле неколку стотици илјади евра за себе од приходите за учество и провизии од дневните трансакции.

До крајот на годината за тргување на берзата за електрична енергија „ден однапред“ се пријавиле 28 учесници, меѓу кои такви како ЕВН Електрани, ГЕН-И, Дуферко, ТЕ-ТО Скопје, РЕС; Енерџи Активе, Универзал Енерџи, МЕПСО, Окта, ЕДС, ЕТМТ, Протергиа, ЕСМ,  Данске Комодитис и други.

„Во периодот од отпочнување на работа на организираниот пазар на електрична енергија, секојдневно се одржуваа аукции и истите се реализирани без никакви проблеми од аспект на навременост на извршување и објавување на резултатите од аукциите“, заклучува МЕМО во годишниот извештај за работењето.

Инаку МЕМО на дневна основа ги објавува количините на дневни аукции во тргувањето со електрична енергија, но имиња на учесници и суми не се споменуваат. Сите учесници имаат доставено гаранции од депозити и банкарски гаранции.

Проектот е работен над пет години, а официјално заживеа по измените на Законот за енергетика во 2018 година, со што формално беше либерализиран и пазарот на електрична енергија, а законодавството во оваа сфера беше прилагодено на европското. 

Берзата ја поттикнува конкуренција за постигнување оптимални цени на електричната енергија, подобрување на користењето на енергетската мрежа и обезбедување на дополнителни можности за инвестиции во областа на обновливи извори на енергија. Замислено е во иднина поврзување со берзите во соседството, а потоа и со пазарите во Европа. 

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАКЕДОНСКИ ВОЈНИЦИ НА УКРАИНСКО ТЛО НЕМА ДА ИМА Мисајловски тврди

01/10/2026
Македонија

МИНУС НАУТРО, ПЛУС 26 ПРЕКУ ДЕН Северен ветер и сончево

01/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА И САД, СОЈУЗНИШТВО ЗАСНОВАНО НА ДОВЕРБА Мицкоски објави фотографија

01/10/2026
Македонија

ДАВАЛ ПОТКУП ЗА ЛИЦЕНЦА ИАКО „ПУЛС“ НЕ ГИ ИСПОЛНУВАЛ УСЛОВИТЕ

01/10/2026
Македонија

„ИМЕТО Е СМЕНЕТО, ЗНАМЕТО Е СМЕНЕТО, ХИМНАТА Е СМЕНЕТА…“ Мисајловски

01/10/2026
Македонија

ГАЗДА ДЕКО ПРЕД НОВ ПРИТВОР, ОТВОРЕНА НОВА ИСТРАГА Обвинителството бара

01/10/2026
Македонија

СО БУГАРИЈА НИ ТРЕБА ЕВРОПСКИ, А НЕ СРЕДНОВЕКОВЕН ДИЈАЛОГ Димитровски

01/10/2026
Македонија

ОД РИМ НАЈАВА ЗА НОВА ЕРА ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА Македонија

01/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45928
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАКЕДОНСКИ ВОЈНИЦИ НА УКРАИНСКО ТЛО НЕМА ДА ИМА Мисајловски тврди дека Македонија нема да испрати

01/10/2026

Македонија нема да испраќа свои војници во Украина, порача министерот за одбрана Владо Мисајловски, нагласувајќи дека државата никогаш не презела

МИНУС НАУТРО, ПЛУС 26 ПРЕКУ ДЕН Северен ветер и сончево време низ Македонија

01/10/2026

Метеоролозите најавуваат ведро и студено утро, по што во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена

МАКЕДОНИЈА И САД, СОЈУЗНИШТВО ЗАСНОВАНО НА ДОВЕРБА Мицкоски објави фотографија од приемот кај Трамп

01/10/2026

Премиерот Христијан Мицкоски објави фотографија од приемот кај американскиот претседател Доналд Трамп, на кој присуствувал за време на престојот во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy