Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 На местото на нападот во Анкара пронајдени 9,7 килограми експлозив
Македонија

На местото на нападот во Анкара пронајдени 9,7 килограми експлозив

02/10/2023

AA

Речиси 10 килограми експлозив се пронајдени на местото на нападот пред Министерството за внатрешни работи во Анкара.

Според информациите на турската телевизија А-Хабер, 9,7 килограми пластичен експлозив Ц-4 носел терористот што го неутрализираше полицијата пред Министерството за внатрешни работи во Анкара. Полицијата успеала да го застрела терористот пред тој да се разнесе.

Пред тоа неговиот сопатник се разнел пред МВР. Во експлозијата се повредени двајца полицајци.

На местото на нападот пронајдени се и три рачни бомби, фрлач на гранати и огнено оружје, соопшти МВР.

Попладнето стана јасно дека Работничката партија на Курдистан (ПКК) ја презеде одговорноста за нападот.

Министерството за внатрешни работи подоцна соопшти дека еден од напаѓачите бил идентификуван како член на Курдистанската работничка партија (ПКК). Работите за утврдување на идентитетот на вториот терорист продолжуваат, се вели во соопштението на турското МВР.

Во меѓувреме, турското Министерство за национална одбрана на својата социјална мрежа Екс објави дека турските воздухопловни сили извршиле голем број акции во северен Ирак, каде што милитантите на ПКК имаат бази.

За време на операциите беа погодени 20 цели на ПКК во областите Метина, Хакурк, Кандил и Гара. Многу борци на ПКК беа убиени во нападите, соопшти Министерството за национална одбрана.

За време на отворањето на новата парламентарна година во Меџлис, претседателот Реџеп Таип Ердоган рече дека Турција одлучно ќе ја продолжи борбата против тероризмот и дома и во странство „додека не биде елиминиран и последниот терорист“.

Курдистанската работничка партија, која води вооружена борба против турската држава од 1984 година, Анкара, ЕУ и САД ја сметаат за терористичка организација. Групата има бази во северен Ирак, а нејзините борци се активни во северна Сирија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРИНА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски

30/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПРЕДНИЧИ ВО ЕВРОПСКИТЕ РЕФОРМИ Левков вели дека актуелниот парламентарен

30/09/2026
Македонија

ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА Се реконструира

30/09/2026
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ ДРЖАВАТА Се сузбива трговија со дрога,

30/09/2026
Македонија

СУДИИТЕ ЗИМБОВСКА И ГЕРАСИМОВСКИ ВО ТРКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АПЕЛАЦИЈА

30/09/2026
Македонија

СДСМ ГИ САБОТИРА ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНОТО ЗАКОНОДАВСТВО Милошоски ја повикува

30/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45903
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy