
Најмалку 100 луѓе загинаа во напад со дрон во сирискиот град Хомс
Најмалку 100 луѓе загинаа во вчерашниот напад со беспилотни летала на воена академија во градот Хомс во централна Сирија, објави Ројтерс.
Тоа е еден од најсмртоносните напади врз сириска воена единица и единствен од ваков вид во однос на употребата на беспилотни летала вооружени со експлозив во земјата.
Сирија е распарчена од граѓанска војна веќе 12 години .
Сириското Министерство за одбрана информираше дека меѓу жртвите има и цивили и воен персонал, додавајќи дека слични беспилотни летала користат терористички групи.Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.