Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОГА ЌЕ СЕ ЗНАЕ ПО КОЛКАВА ЦЕНА ЌЕ ГО ПЛАЌАМЕ ПАРНОТО ОВАА СЕЗОНА – Бислимовски уверува дека нема да има ценовен шок за граѓаните
Економија

КОГА ЌЕ СЕ ЗНАЕ ПО КОЛКАВА ЦЕНА ЌЕ ГО ПЛАЌАМЕ ПАРНОТО ОВАА СЕЗОНА – Бислимовски уверува дека нема да има ценовен шок за граѓаните

07/10/2023

AA

Одлуката за цената на парното ќе ја донесеме кога официјално ќе добиеме цврсто уверување дека ќе се монтира новиот топловод на мостот „Беласица“ и дека ќе започне да се реализира тој проект, а по информациите што ги имам нема никаков проблем помеѓу ЕСМ и Град Скопје. Со таа одлука нема да дозволиме да има какви било ценовни шокови за потрошувачите на топлинска енергија во Градот Скопје, рече вчера претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски. 

– Скопје ќе има парно греење, никогаш тоа не било доведено во прашање. Она на што инсистира РКЕ  е тоа да биде по далеку пониски трошоци и РКЕ од тоа нема да отстапи. Скопје и со постојната инфраструктура што ја има со двете топлани без кој било цевковод може да се снабдува со топлинска енергија и ќе нема никаков проблем во однос на снабдувањето со топлинска енергија. Поентата на сето тоа на што ние реагираме е што е можно повеќе топлинска енергија да ни дојде од ТЕ-ТО за да ги намалиме трошоците на целокупниот систем, рече Бислимовски.

Нагласи дека ТЕ-ТО дава топлинска енергија која што е со пониска цена за 2,5 – 3 пати отколку цената на топланите во Градот Скопје.

– И да не работи ТЕ-ТО, тоа ќе биде проблем на ЕСМ, и нема тоа да биде вкалкулирано во пресметките. Ако носиме одлука за цена дали е помал цевковод или поголем не не’ интересира. Ние во калкулациите ќе влеземе дека од ТЕ-ТО ќе се добие 60 до 70 проценти од топлинската енергија за да ја сочуваме ценовната стабилност. Зголемените трошоци во однос на тоа се разбира дека ќе си одат на тој којшто има проблеми да го реализира, посочи Бислимовски и додаде дека нема да има никаков проблем со снабдувањето и потврди дека РКЕ нема да дозволи да има какви било ценовни шокови. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во

10/08/2026
Македонија

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две

10/08/2026
Македонија

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026
Македонија

МВР: Селекцијата за полициското училиште е во тек, сите кандидати

10/08/2026
Македонија

Истрагата за загадената вода во Гостивар во напредна фаза, Финансиската

10/08/2026
Македонија

32 пакувања марихуана пронајдени во пратка за затвореник во „Идризово“

10/08/2026
Македонија

Во Драчево граѓаните во паника веднаш бараат лекарска помош по

10/08/2026
Македонија

Ѝ го украле ранецот на 67 годишна пензионерка во Центар,

10/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44951
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во здравствена установа, и им се

10/08/2026

На 09.08.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 16:50 часот во здравствена установа на подрачјето на

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две недели

10/08/2026

Во следните две недели не очекува претежно сончево и исклучително топло време, со високи дневни температури кои на моменти ќе

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026

До редакцијата на 4NEWS.MK се обрати читател од Драчево, кој алармира за сериозен проблем со натрупување отпад на паркинг-просторот спроти

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy