Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Најмал временски период за записникот од М-НАВ е една недела – Томовска со апел да се остават инспекторите професионално да ја завршат работата
Македонија

Најмал временски период за записникот од М-НАВ е една недела – Томовска со апел да се остават инспекторите професионално да ја завршат работата

15/01/2024

AA

Директорката на Државен инспекторат за труд, Весна Томовска денеска во изјава за медиумите посочи дека извршениот надзор во М-НАВ е согласно владината одлука.

Таа вели дека станува збор за пообемен надзор, за кој најмал временски период во којшто може да се изготви записникот е една недела.

„Согласно Законот за инспекциски надзор, ние имаме рок за изготвување на ваквите инспекциски надзори подолг временски рок. Значи, да оставиме да си ја завршат инспекторите професионално работата, да ги утврдиме сите факти и докази како би можела јавноста да не има понатамошни шпекулации во делот на она како и што се случило во делот на постапките за вработување кај работодавачот“, посочи Томовска.

Томовска упати апел да се остават инспекторите професионално да ја завршат работата, да ги утврдат сите факти и докази за да не се појават понатамошни шпекулации во јавноста, а додаде и дека инспекторатот во претходните години нема извршено инспекциски надзор во М-НАВ.

„Надзорот во М-НАВ е направен согласно одлуката на Влада. И да, во претходните години немаме извршено инспекциски надзор. Меѓутоа, без разлика дали ќе имаше ваква одлука Инспекторатот постапува и по допрен глас во услови кога има одредени неправилности коишто укажуваат во делот на правата од работен однос“, рече Томовска и додаде дека и финансиската полиција извршила надзор во М-НАВ, па најверојатно ќе треба да се координираат, за да се одлучи дали надзорот ќе се прошири или ќе остане.

Прашана дали ќе се прошири истрагата во М-НАВ по обвинувањата дека таму се вработени роднини на одредени функционери, Томовска посочи кога станува збор за вработен, нерелевантно е чиј роднина е.

„Кога станува збор за вработен, за нас е неважно е чиј роднина е. За нас сите се вработени. Така што, доколку постои повреда на право од работен однос или незаконита постапка на вработување, во тој случај за нас важен е поимот вработен и работник. Дали е тој роднина на кој било, за нас е ирелевантно. Значи, надзорот ќе се спроведе на начин и постапка согласно закон. Инспекторатот не врши истрага. Инспекторатот спроведува инспекциски надзор. За истрага е задолжен друг орган“, додаде Томовска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
Македонија

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија

12/08/2026
Македонија

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот

12/08/2026
Македонија

Повеќе лица повикани во полиција по ширењето информации за наводна

12/08/2026
Македонија

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош,

12/08/2026
Македонија

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат

12/08/2026
Македонија

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет –

12/08/2026
Македонија

Изречена првата казна за напуштање новородени животни: Скопјанец ќе плати

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44989
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од земја и воздух

12/08/2026

Пожарот кој изби во општината Студеничани, во близина на местото Рамни Габер, продолжува да гори и во текот на ноќта.

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија апел за итно отворање центар

12/08/2026

По долга и исцрпувачка борба на ветеринарниот тим и активистите, познатиот срнак Мартин денеска подлегна на тешките повреди. Неговата состојба

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот на ноќта

12/08/2026

Пожарот кој се прошири од село Моране зафати дел од подрачјето на село Габер, каде што во текот на денот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy