Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Најголем дел од извозно ориентираните компании зависат од солунското пристаниште': Николовски од Солун вели „имаме обврска да обезбедиме модерни врски“
Економија

„Најголем дел од извозно ориентираните компании зависат од солунското пристаниште': Николовски од Солун вели „имаме обврска да обезбедиме модерни врски“

22/10/2024

AA

Имаме амбициозна програма со која започнавме да ја менуваме сликата за Македонија. Ја реализираме наголемата инвестициона активност во патната мрежа каде започнуваме постапки за изградба на неколку автопати. Завршуваме со изградба на неколку брзи патишта. Нашиот најамбициозен проект е изградба на брза пруга токму на коридор 10 со што ќе овозможиме брза врска до солунското пристаниште и до Централна Европа.

Ова денеска го истакнаа заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, на Форумот за поврзување со Југоисточна Европа што се одржува во Солун.

–  Започнавме и со промена на перцепцијата за инвеститорите, да понудиме услови кој ќе бидат конкуретни за инвеститорите и да бидеме препознати како погодна земја за инвестирање – истакна тој на настанот, додавајќи дека линкот до солунското пристаниште е Македонија и затоа треба да се размислува меѓу земјите партнери на Коридор 10 како да се олесни транспортот и трговијата и да се упростат постапките за компаниите.

– Имаме обврска како Влади да обезедиме брз и сигурен транспорт. Јас си поставив една цел а тоа е да изградам брза пруга и тоа токму во делот на Коридор 10, значи од границата со Србија па се до границата овде во Грција. Оваа пруга што сега ја имаме е бавна и не ја исполнува целта на брзиот транспорт. Коридор 10 е стратешки коридор за сите нас и затоа мора да ги искористиме неговите предности. 

Овој наш план е амбициозен, истовремено е приоритетен проект на кој многу посветено работиме. Паралелно со ова започнуваме со реконструкција и на постојаната пруга за да може и таа да ја биде во функција за да се користи за домашен и меѓународен транспорт. Дополнително работиме на изградба и на железница на Коридор 8 кон Бугарија. 

Во делот на патната мрежа силно сме фокусирани на изградба на неколку автопати и брзи патишта на Коридор 8 и 10 со што создаваме нова мрежа на патишта низ земјата – истакна Николоски.

Пред бројните компании тој ги претстави инвестициските услови потенцирајќи дека следи период кога економските индекси значително ќе бидат подобрени.

– За следната година очекуваме да имаме најголем раст на БДП-то во регионот. Започнавме да работиме на заедничко поврзување со Грција преку интерконекторот каде ќе се поврземе на гасот од Азербејџан. Очекуваме во следниот период овој гасовод да биде изграден и да ја намалиме зависноста од рускиот гас што значително ќе влијае врз производството. Во овој период имаме силен развој и во сегментот на снабдување со енергија од фотонапонски централи. Работиме на професионализација на администрацијата, на поедноставување на процедурите. Нашите планови се сериозни и верувам дека ќе ги реализираме. Најголем дел од извозно ориентираните компании зависат од солунското пристаниште и затоа имаме обврска кон нив да обезбедиме модерни врски, евтини врски за да ја олесниме нивната работа. Тоа и го работиме – потенцираше министерто Николоски. 

Во текот на денот министерот Николоски ќе оствари билатерални средби со министерот за инфраструктура и транспорт на Грција, Христос Стакурас, како и со министерот за поморски работи и островска политка, Христос Стилинидис.

Форумот за поврзување со Југоисточна Европа, претставува собир на највлијателните  компании и организации за транспорт од Грција, стопански комори, логистички центри и различни финансиски институции.   

Воедно Николоски оствари билатерална средба со Христос Стилинидис, министер за поморски работи и островска политка на Грција. На средбата која е прва меѓу двајцата министри се разговараше за економската соработка меѓу двете земји.

Министерот Николоски ја истакна силната заложба на Владата за економски развој на регионот преку учество во заеднички проекти, притоа потенцирајќи ја потребата од квалитено инфраструктурно поврзување.

Во духот на добрососедските односи а имајќи предвид дека регионалната соработка зависи од двете Влади, министерот Николоски изрази уверување дека Македонија е подготвена да учестува во реализација на проекти со кои ќе се зацврсти конкурентската позиција на европските коридори.

На средбата, исто така министерот Николоски истакна дека голем дел од извозно ориентирани компании од Македонија соработуваат со солунското пристаништа со што се отвора потребата за поквалитетно поврзување и побрз  транспорт на добрата и услугите.

Двајцата министри се согласија дека ова е почетна точка во индната соработка меѓу двете Влади, со што изразија уверување дека постои огромен простор за зголемување на економската соработка во различни дејности.

Министерот Николоски во рамки на работната посета на Солун, учествува на  Форумот посветен за развојот на инфраструктурата и поврзување со Југоисточна Европа.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФИЛИПЧЕ ОТКРИ КРИМИНАЛ НА ПОРАНЕШНАТА МИНИСТЕРКА ЗА ОДБРАНА Влаејачката ВМРО-ДПМНЕ

04/10/2026
Македонија

ДЕНОТ ЗАПОЧНА СО МИНУСНА ТЕМПЕРАТУРА Во Берово измерени 4 степени

04/10/2026
Македонија

ЗИМАТА СЕ ИЗМЕША СО ЛЕТОТО ВО ОКТОМВРИ До четврток студени

03/10/2026
Македонија

КАЗНИ И ЗА МОТОЦИКЛИСТИТЕ КОИ НЕ НОСАТ КАЦИГА Тошковски најави

03/10/2026
Македонија

ГОРЕШЕ ТЕКСТИЛЕН ОТПАД ВО БЛИЗИНА НА ПЛАТО ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА

03/10/2026
Македонија

ВКУПНО 71 ЗАБОЛЕН ОД ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА Прв случај регистриран во

03/10/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ОЦЕНЕТИ КАКО ИМПРЕСИВНИ, А МАКЕДОНИЈА ДОБИВА 140 МИЛИОНИ ЕВРА

03/10/2026
Македонија

ЗА 2 ГОДИНИ ПО АТЕНТАТОТ ВРЗ ГЛИГОРОВ МИСТЕРИОЗНО ЗАГИНУВААТ 8

03/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45966
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФИЛИПЧЕ ОТКРИ КРИМИНАЛ НА ПОРАНЕШНАТА МИНИСТЕРКА ЗА ОДБРАНА Влаејачката ВМРО-ДПМНЕ бара да ги достави доказите

04/10/2026

ВМРО-ДПМНЕ денеска го повика лидерот на СДСМ Венко Филипче  да ги достави доказите за сомнежите дека пратеничката Славјанка Петровска додека

ДЕНОТ ЗАПОЧНА СО МИНУСНА ТЕМПЕРАТУРА Во Берово измерени 4 степени под нулата

04/10/2026

Најниска температура утрово е измерена во Берово – 4 степени. Во Битола температурата беше еден степен, во Скопје-Петровец, Маврови Анови,

ЗИМАТА СЕ ИЗМЕША СО ЛЕТОТО ВО ОКТОМВРИ До четврток студени утра, а деновите со летни

03/10/2026

Ведро и студено утро, а во текот на денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од северен правец. 

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy