Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Наќе Георгиев и Антонета Димовска избрани за членови на Судскиот совет
Македонија

Наќе Георгиев и Антонета Димовска избрани за членови на Судскиот совет

13/07/2023

AA

Судијата Наќе Георгиев од Врховниот суд, кој беше единствен кандидат од редовите на врховните судии, е избран за член на Судскиот совет на денешните избори. За член на Советот од листата за скопското апелациско подрачје и од управните судови е избрана Антонета Димовска, судија на Граѓанскиот суд Скопје.

Претседателот на Комисијата за избор Субхи Јакупи соопштувајќи ги првичните резултати попладнево рече дека Наќе Георгиев добил шест гласа како единствен кандидат од општата листа на кандидати од Врховниот суд на РСМ. Гласале 13 од 16 запишани избирачи, седум ливчиња биле неважечки и три неупотребени.

Од листата за скопското апелациско подрачје и од управните судови, кандидатката Антонета Димовска, судија на Граѓанскиот суд Скопје, добила 110 гласови, а Лазар Нанев од Основниот суд Кавадарци добил 49 гласа. За кандидатите од оваа листа гласале 185 од 220 запишани гласачи, 26 ливчиња биле неважечки и 35 неупотребени.

Изборите беа спроведени за да се пополнат две места во Судскиот совет по оставките на врховната судијка Мирјана Радевска-Стефкова и на Зоран Герасимовски – судија од скопска Апелација.

Гласањето траеше седум часа (од 8 до 15 часот) и право на глас имаа 236 судии, 16 врховни судии и 220 судии од скопското апелационо подрачје – Основниот граѓански суд Скопје, Основен кривичен суд Скопје и основните судови од Велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Куманово, Крива Паланка и Кратово, како и судиите од Управниот и Вишиот управен суд.

Јакупи рече дека Комисијата за избор го следела изборниот процес во сите 13 гласачки места за двете листи на кандидати за кои излезеноста на гласачите била 84 отсто.

-Немаме досега никакви забелешки ниту од кандидати, ниту од комисиите кои го извршиле изборот. Задоволни сме од исходот од изборниот процес, рече Јакупи.

Според член 26 од Закон за Судски совет на РСМ, има два рока за приговори од кандидатите – првиот рок е за текот на гласањето и трае пет часа односно од затворање на гласачките кутии (во 15 часот) и ќе трае до 20 часот.

Вториот рок за приговори до Комисија за избор, кој исто така трае пет часа, се однесува на резултатите и тече од нивното соопштување.

– Ако од кандидатите нема приговори, ние имаме право во рок од 48 часа да ги соопштиме конечните резултати. Ќе причекаме дали ќе има приговори, ако не, може и утре да ги објавиме конечните резултати за двете листи на кандидати, рече Јакупи.

Судскиот совет е составен од 15 члена, од кои осум члена ги избираат судиите од своите редови, петмина се избираат во Собранието, од кои двајца предлага Претседателот на државата, а по функција членови на Советот се и претседателот на Врховниот суд и министерот за правда.

Мандатот на избраните членови трае шест години со право на уште еден избор, додека на претседателот на Врховниот суд и на министерот за правда со престанок на функцијата им престанува и мандатот во Советот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

УХМР ПРЕДУПРЕДУВА НА СИЛЕН ЈУЖЕН ВЕТЕР На места ќе дува

12/11/2026
Македонија

ЕТАПНО ЌЕ СЕ ПОКАЧАТ ПЛАТИТЕ НА ОБВИНИТЕЛИТЕ ДО 40% Јавниот

12/11/2026
Македонија

ПЕТ ЗГРАДИ ОСТАНАА БЕЗ СТРУЈА ПОРАДИ ДЕФЕКТ НА ПОДЗЕМЕН КАБЕЛ

12/11/2026
Македонија

1.026 МАГИСТРИ И 39 ДОКТОРИ НА НАУКИ СЕ ВОДАТ КАКО

12/11/2026
Македонија

НЕ Е ДО БУЏЕТОТ, ЛОШИТЕ РЕЗУЛТАТИ ВО ПРАВОСУДСТВОТО СЕ ОД

11/11/2026
Македонија

ИСЛАМСКИОТ МЛАДИНСКИ ФОРУМ ЈА ОСПОРУВА ОДЛУКАТА НА ЕГИПЕТ ДЕКА СЕ

11/11/2026
Македонија

ЌЕ ДУВА ТОПОЛ ЈУЖЕН ВЕТЕР, СО БРЗИНА НАД 80 КИЛОМЕТРИ

11/11/2026
Македонија

СДСМ ТОЧНО ЗНАЕЛ КОЈ Е МАЦУРА, СЕ ПОКАЖА НЕГОВОТО ЛИЦЕМЕРИЕ

11/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46740
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

УХМР ПРЕДУПРЕДУВА НА СИЛЕН ЈУЖЕН ВЕТЕР На места ќе дува со над 80 километри на

12/11/2026

Силен јужен ветер, кој на места повремено ќе достигнува брзина од над 80 километри на час, се очекува во текот

ЕТАПНО ЌЕ СЕ ПОКАЧАТ ПЛАТИТЕ НА ОБВИНИТЕЛИТЕ ДО 40% Јавниот обвинител Савески вели дека тоа

12/11/2026

Платите на вработените во обвинителството би можеле да се зголемат до 40 проценти, но покачувањето ќе се реализира етапно, најави

ПЕТ ЗГРАДИ ОСТАНАА БЕЗ СТРУЈА ПОРАДИ ДЕФЕКТ НА ПОДЗЕМЕН КАБЕЛ Скеле го попречило пристапот до

12/11/2026

Пет станбени згради на улицата Индустриска 1 во Скопје повеќе од 19 часа беа без електрична енергија поради дефект на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy