Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Најбогатиот Македонец ќе произведува струја од над 5 мегавати
Економија

Најбогатиот Македонец ќе произведува струја од над 5 мегавати

29/06/2023

AA

ИГМ Трејд на челичниот магнат Илија Гечев во Кавадарци ќе пушти во употреба уште три фотоцентрали за производство на електрична енергија од обновливи извори, со кои ќе го надмине нивото на моќност од 5 мегавати.

Ова го покажува измената на лиценцата од Регулаторната комисија за енергетика која се врши по барање на ИГМ Трејд поради
зголемување на капацитетите со кои се врши дејноста.

Извозникот на цевки ќе додаде уште три фотоцентрали под името „ИГМ 5 Нова 2“ на веќе постоечките кои ги пушти во употреба минатата година во Кавадарци. Секоја од трите нови фотоцентрали ќе има моќност од по околу 900 киловати.

„Испораката на електрична енергија во електродистрибутивната мрежа од ФЕЦ “ИГМ Цинкара”,
ФЕЦ “ИГМ 2 и ИГМ 3”, ФЕЦ “ИГМ НОВА”, ФЕЦ “ИГМ 5 НОВА 2 БЛОК 1”, ФЕЦ “ИГМ 5 НОВА 2 БЛОК
2” и ФЕЦ “ИГМ 5 НОВА 2 БЛОК 3” ќе се врши согласно дефинираните услови за приклучување во
Решението за согласност за приклучување на електродистрибутивната мрежа УП1-10-798 од 23
декември 2022 година издадено од Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје, со одобрена моќност за
производител од 5.364,44 kW“ пишува во одлуката на РКЕ донесена на 19 јуни.

ИГМ Трејд на крајот од минатата година во регистарот на Агенцијата за енергетика исто така пријавил шест фотоцентрали со капацитет на производство од околу 5 мегавати. Според регистарот на агенцијата, Гечев е еден од најголемите инвеститори во земјата кога станува збор за изградба на капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори.

Македонскиот стопанственик  е првиот македонски милијардер, според ранг листата на најбогати луѓе во регионот што ја објави српски „Недељник“ во новогодишниот двоброј. Гечев и неговата ИГМ „Трејд“ имаат проценето богатство од  1,054 милијарди евра. Ова е прв пат некој бизнисмен од Македонија да ја надмине границата од милијарда евра.

Списокот не покажува колку пари имаат бизнисмените на сметките, туку колку вредат нивните компании и колку пари потенцијално би можеле да добијат доколку ги продадат денеска, објасни тогаш бизнис неделникот.

Гечев е еден од најголемите производители на челични и заварени цевки и профили во Југоистична Европа. Фабриката во Кавадарци е извозно ориентирана компанија, на која 95 отсто од вкупната продажба и е надвор од државата, на пазарите на ЕУ и ЦЕФТА.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЌЕ СЕ РЕФОРМИРА ИТНАТА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ Се подготвува и реорганизација

04/11/2026
Македонија

СИСТЕМИТЕ СЕ ЕЛЕКТРОНСКИ, НО ЗАД НИВ СЕКОГАШ СТОИ НЕКОЈ ЧОВЕК

04/11/2026
Македонија

ВОЗАЧИТЕ НАУЧИЈА КАДЕ СЕ КАМЕРИТЕ, НО СЕГА ЌЕ ГИ ДЕМНАТ

04/11/2026
Македонија

ВГОДИНА ПОЧНУВААТ ДИЈАЛОЗИ ЗА ПОСТЕПЕНА ИНТЕГРАЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ ЗА ЕУ

04/11/2026
Македонија

ПЕНДАРОВСКИ НЕГИРА ДЕКА ГРАДИ ЗГРАДА ВО ВЛАЕ СО МУСЛИУ Тврди

04/11/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПОСТИГНА НАПРЕДОК ВО ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА, ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА И ВО ЈАВНАТА

04/11/2026
Македонија

17-ГОДИШНА ДЕВОЈКА Е ЖРТВАТА ВО ЗАПАЛЕНИОТ АВТОМОБИЛ Нови детали за

04/11/2026
Македонија

НАДЛЕЖНИТЕ ТЕЛА ЌЕ ГИ ИСПИТААТ СТАВОВИТЕ НА ПЕТАР БОГОЈЕСКИ Воената

04/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46570
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЌЕ СЕ РЕФОРМИРА ИТНАТА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ Се подготвува и реорганизација на Ургентниот центар во Клиничкиот

04/11/2026

Поголема достапност на лекови, реформа на итната помош, обнова на болниците и дигитално здравство се дел од проектите за кои

СИСТЕМИТЕ СЕ ЕЛЕКТРОНСКИ, НО ЗАД НИВ СЕКОГАШ СТОИ НЕКОЈ ЧОВЕК Јаневска ги охрабрува студентите да

04/11/2026

Секогаш ќе има поединци што ќе го злоупотребуваат системот, но битно е дека МВР и правдата функционираат. Човекот е откриен,

ВОЗАЧИТЕ НАУЧИЈА КАДЕ СЕ КАМЕРИТЕ, НО СЕГА ЌЕ ГИ ДЕМНАТ И ПОЛИЦИСКИ ВОЗИЛА Најавен нов

04/11/2026

Од 2027 година и возилата на Министерството за внатрешни работи ќе служат за откривање и констатирање сообраќајни прекршоци на местата

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy