Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НА 51 КИЛОМЕТАР ОД КУМАНОВО: Кумановци одат на шопинг во Косово
Економија

НА 51 КИЛОМЕТАР ОД КУМАНОВО: Кумановци одат на шопинг во Косово

10/01/2024

AA

Кумановци одат на
шопинг во косовскиот град Гнилане. Тој се наоѓа на 51 километар од Куманово. Го
посетуваат Албанци, a во помал број и Македонци, пред сè поради евтината гардероба. Граѓаните се
групираат со приватни возила или патуваат со автобус.

„За време на
продолжениот викенд за првпат бев во Гнилане. Од пријатели слушнав дека биле
претходно на шопинг. Ми посочија неколку локации во градот каде пазареле. Има евтина гардероба, но и цените во
угостителските објекти се прифатливи, а што се однесува до маркетите, цените се
тука некаде како нашите или дел од продуктите се поскапи. Купивме облека за
возрасни, за децата,  мала греалка, бевме
на скромен ручек и се вративме назад. Во однос на јазикот, дел од продавачите
зборуваа српски јазик и немавме проблем со комуникацијата. Се стига за брзо
време, така што во еден ден имате време да прошетате по дуќани, да разгледате, да купите ако нешто ви одговара и да се вратите“, вели наш соговорник.

Друга жителка на
Куманово објаснува дека на секои два месеци оди во Гнилане.

„Јас одам на 2
месеци за да купам гардероба. Има евтини работи и за облека и за обувки. Има и
попусти за празници како Нова година на пример или кога се паѓа Black
Friday. Знам и други луѓе што одат,
претежно Албанци, но и Македонците можат да одат, зошто да не?“, рече Веса С. од Куманово.

Некои од жителите
на Куманово и Липково имаат и роднини во соседно Косово и тоа е причина плус поради која го посетуваат. Дел од локалните
туристички агенции велат дека во зима посетеноста е помала, а во лето очекуваат
повеќе патници. Додаваат дека на шопинг во Косово повеќе одат жените. Некои од скопските
туристички агенции организираат и шопинг тури во Приштина и Призрен, но и во Урошевац.
Конкретно за Косово, дел од медиумите пишуваа дека државата има трговски
центри, граѓаните ги посетуваат, таму го поминуваат слободното време, но за
сметка на тоа ретко посетуваат културни настани. Што се однесува за нашите граѓани, тие одат на шопинг тури во Врање во Србија, во бугарскиот главен град Софија и во Солун во Грција. Турите обично се организираат за викендите. 

Сања Атанасовска

foto Wikipedia/Planeti

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ

09/11/2026
Македонија

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои

09/11/2026
Македонија

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три

09/11/2026
Македонија

ОПШТИНАТА НЕ Е СПОСОБНА ДА СЕ СПРАВИ СО КРАВИТЕ, ПА

09/11/2026
Македонија

ГИ ГРАДИМЕ ТЕМЕЛИТЕ ЗА СЛЕДНИТЕ ПОБЕДИ Мицкоски на прослава на

09/11/2026
Македонија

ДО ВИКЕНД ТОПЛО И ДОЖДЛИВО, СО ТЕМПЕРАТУРИ НАД 20 СТЕПЕНИ

09/11/2026
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ БИТ-ПАЗАР Гори магацин, огнот го гаснат со

09/11/2026
Македонија

ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ СЕ ПОЧИТУВА ВО ИЈЗ, ДУИ НАПАЃА ОД

09/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46685
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ РЕДОВНИ ИЗБОРИ Гаши уверен дека

09/11/2026

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, смета дека партиите треба да седнат на разговор за измените на Законот за јавните набавки,

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои работи отидоа предалеку

09/11/2026

Претседателот на Собранието Африм Гаши вели дека Европската Унија сторила неправда кон Македонија со тоа што по потпишувањето на Преспанскиот

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три куќи, гаснеле 22 пожарникари

09/11/2026

Пожарот што избувна попладнево кај Бит-пазар во Скопје е ставен под контрола. Во интервенцијата учествуваа 9 противпожарни возила и 22

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy