
На 48 години почина снимателот на МРТ Александар Мижимаков
На 48-годишна возраст почина снимателот на Македонската радио-телевизија, Александар Мижимаков. Тој беше еден од поискусните сниматели во јавниот сервис, со долгогодишна работа на документарни проекти, информативни содржини и филмски продукции.
Мижимаков беше член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).
Од ЗНМ упатија искрено сочувство до неговото семејство, колегите и пријателите.

