Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 На 29-ти месецов гласање за уставни измени?
Македонија

На 29-ти месецов гласање за уставни измени?

18/10/2023

AA

На 29-ти месецов најверојатно собранискиот спикер Талат Џафер ќе го закаже продолжението на седницата, на која единствена точка на дневен ред се уставните измени, дознава 4NEWS.mk

Според наши информации предлогот ќе го поддржи албанската опозиција и дел од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Како и што веќе објавивме, денот кога ќе се гласаат уставните измени во Скопје ќе биде присутна и шефицата на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен.

Пред една година Фон Дер Лајен беше исто во Скопје кога даде поддршка на скрининг процесот кој се спроведува во земјава.

Посетата денеска ја потврди и евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир.

Последните пораки на францускиот претседател Емануел Макрон од Тирана навестуваат дека во декември  може да има разделување на пакетот Скопје – Тирана, додека Гир денеска уверуваше дека Македонија ужива голема поддршка како од европските институции, така и од самите земји-членки на Европската Унија.

„Мислам дека има силна поддршка за иднината на Северна Македонија во Европската Унија, како од европските институции, така и од членките на Европската Унија. Во јули 2022 година имаше усогласен европски предлог, како можност за отворање преговори со вашата земја. Од друга страна, ова беше можност земјата да оди напред, а за тоа да се случи мора да се одобрат уставни измени. Искрено се надеваме дека земјата ќе може да продолжи со уставните измени, но не само ова, туку и со спроведување на реформите кои всушност се дел од интеграцискиот пат на вашата земја“, изјави Гир.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Шест лица приведени, едно повикано на службен разговор, извршени претреси

01/08/2026
Македонија

Сервисираниот ер трактор повторно во функција по оштетувањата од невремето

01/08/2026
Македонија

Почина Исмаил Бојда, почесен претседател на Сојузот на Македонците со

01/08/2026
Македонија

Жена не може да оди по породување со царски рез

01/08/2026
Македонија

Пеколно утро во Македонија – УХМР соопшти каде е најтопло

01/08/2026
Македонија

Лишени од слобода тројца криумчари, одземени две возила и стока

01/08/2026
Македонија

Гужви на границите, за излез на граничниот премин Богородица се

01/08/2026
Македонија

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба поради опасност од пожари

31/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44795
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Шест лица приведени, едно повикано на службен разговор, извршени претреси за пукањето на семејна веселба

01/08/2026

Шест лица приведени, едно повикано на службен разговор, извршени претреси за пукањето на семејна веселба во гостиварско, пронајдени оружје и

Сервисираниот ер трактор повторно во функција по оштетувањата од невремето

01/08/2026

Сервисот на третиот ер трактор, кој беше оштетен за време на неодамнешното невреме во Скопје, денес е успешно завршен и

Почина Исмаил Бојда, почесен претседател на Сојузот на Македонците со исламска религија

01/08/2026

На 72-годишна возраст, во Скопје, почина Исмаил Бојда, почесен претседател на Сојузот на Македонците со исламска религија (СМИР). Веста ја

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy