МЗТ го прегази ТФТ за прв трофеј во новата сезона!
МЗТ имаше одличен почеток на мечот и ја доби првата четвртина со 23-14, додека водството до полувреме го зголеми на +16 (41-25).
ТФТ не успеа да го возврати ударот во вториот дел, односно МЗТ продолжи да доминира на паркетот и да го зголемува водството до конечни 81-56.
Андреј Магдевски беше најефикасен кај шампионот со 15 поени, седум скокови и четири асистенции, додека Георги Зафиров постигна 11 поени, еден скок и една асистенција за ТФТ.
Во дуелот за трето место славеше Работнички со 89-80 против Кожув. Најдобар во победничкиот тим беше Стојан Ѓуровски со 17 поени, три скока и две асистенции, додека Фран Пилепиќ постигна 19 поени, три скока и четири асистенции.