Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МЗТ без мака го преслуша ТФТ и си осигура плејоф во АБА2-лигата (ФОТО)
Спорт

МЗТ без мака го преслуша ТФТ и си осигура плејоф во АБА2-лигата (ФОТО)

20/03/2024

AA

Кошаркарите на МЗТ Скопје на две кола пред крајот на регуларниот дел од сезоната и теоретски обезбедија пласман во плејофот во АБА2-лигата, откако вечерва без поголеми проблеми го добија македонското дерби против ТФТ (95-69).

Аеродромци беа апсолутно подобар противник на средбата одиграна на турнирот во Широки Брег, во која триумфот го најавија уште на самиот старт кога со 11 поени во серија дојдоа до првото двоцифрено водство (13-3). Македонскиот шампион набрзо потоа дојде и до плус 14 (26-12), со што дојде до победничка предност која потоа само умешно ја одржуваше до самиот крај. Сино-белите во второто полувреме во неколку наврати имаа плус 20, а највисоката предност изнесуваше 24 поени (81-57), како доказ за огромната доминација на паркетот.

Марко Баковиќ со 22 поени и осум скока беше најдобар кај „металците“, а веднаш зад него со учинок беше Харис Делалиќ со 20 поени. Американецот Верц со 14 и Андреј Ташовски со 13 поени беа најпрецизни кај ТФТ.

МЗТ сега има скор 8-3 со што на крајот од 11. коло најлошо што може да бидат пласирани е на третата позиција на табелата. Во следната рунда, македонскиот првак в петок ќе ги одмери силите со екипата на Златибор (15 часот), директен ривал за највисок пласман, додека ТФТ ден претходно ќе ги одмери силите со Војводина (21 часот). Три часа претходно задутре својата пресметка ќе ја одигра и Пелистер против Подгорица.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
Македонија

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му

11/08/2026
Македонија

30-годишна жена со дрвен предмет го истепала сопствениот татко во

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44970
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026

Семејството упати итен апел до сите граѓани за помош во пронаоѓањето на нивен роднина по име Љупчо Стојановски, кој е

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата недела на македонското Радио 2

11/08/2026

Една необична музичка нумера предизвика вистинска еуфорија во радиоетерот и ги преплави социјалните мрежи со прашања. По минатонеделниот избор за

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026

По повод националниот празник 2 Август – Илинден, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука за помилување на вкупно 25 осудени лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy