Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Муцунски: Во 14 европски држави се хоспитализирани 116 пациенти, продолжуваме со целосна поддршка
Македонија

Муцунски: Во 14 европски држави се хоспитализирани 116 пациенти, продолжуваме со целосна поддршка

22/03/2025

AA

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска одржа прес-конференција на која информираше за тековните активности и мерки преземени од Министерството во врска со згрижувањето и поддршката на македонските граѓани повредени во пожарот во Кочани, кои во моментов се хоспитализирани во 14 европски држави.

„Преку Кризниот штаб и нашите дипломатско-конзуларни претставништва направивме сè што е во рамките на нашите надлежности и можности – и ќе продолжиме со истата посветеност сè додека не обезбедиме најдобра можна помош и грижа за нашите сограѓани повредени во трагичниот настан во Кочани“, истакна министерот Муцунски.

Тој информираше дека вкупно 116 пациенти се хоспитализирани во 14 држави, од кои за 38 лица медицинската грижа е обезбедена преку Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија, активиран веднаш по несреќата од страна на Владата на Република Северна Македонија.

Министерот изрази посебна благодарност за брзата и ефикасна реакција на Кризниот штаб во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, кој во координација со дипломатските мисии и сите надлежни институции овозможи транспорт на пациентите до странски болници во најкус можен рок и според највисоките медицински стандарди.

Според податоците што беа презентирани, во Србија се лекуваат 31 пациент, во Бугарија 15, во Турција и Грција по 12, во Шпанија 7, во Австрија и Унгарија по 6, во Хрватска 5, а по 4 пациенти се згрижени во Белгија, Литванија, Италија, Словенија и Шведска. Во Полска се лекуваат 2 пациенти. Дополнително, Чешка и Израел испратија медицински тимови, а Романија, Луксембург, Норвешка и Финска обезбедија логистичка поддршка за транспортот на повредените.

Министерот Муцунски нагласи дека лично ги посетил болниците во Солун, Софија, Белград, Загреб, Виена и Љубљана, и најави посета на Будимпешта во наредните денови.

„Се сретнав со нивните семејства и со медицинскиот персонал, од кои добив детални информации за здравствената состојба на секој пациент. На најблиските им пренесов дека државата стои целосно зад нив, додека на здравствените работници им изразив длабока благодарност за пожртвуваноста и професионалноста во битката за спасување животи. Исто така, реализирав  средби со моите колеги министри за надворешни работи и здравство, на кои упатив благодарност за солидарноста и подготвеноста да помогнат во овие исклучително тешки моменти. Нивната поддршка ни значи многу – не само од медицински аспект, туку и како израз на блискост, човечност и пријателство“, рече Муцунски.

Тој потенцираше дека трошоците за лекувањето на пациентите се покриени од страна на државите-домаќини, додека Владата на Република Северна Македонија ги покрива сите трошоци за пат, сместување и логистика за семејствата. Министерството, преку своите дипломатско-конзуларни претставништва, е во постојана комуникација со семејствата и со надлежните здравствени институции во странство, а дежурните телефонски броеви на Министерството и Службата за општи и заеднички работи остануваат достапни за сите потреби и информации.

„Во овие моменти на длабока тага, наша обврска е да останеме целосно посветени, одговорни и хумани – насочени кон поддршка на семејствата на починатите и на повредените. Подготвени сме да продолжиме со иста решителност и ангажман во обезбедувањето на брза, ефикасна и достоинствена здравствена грижа“, додаде министерот.

На крајот, Муцунски упати благодарност до сите вработени во здравствениот систем, кои покажаа исклучителна пожртвуваност и професионалност. Тој истакна дека веднаш по завршувањето на прес-конференцијата, во Министерството ќе се одржи координативен состанок за организација на претстојната репатријација на пациентите кои ќе завршат со лекување во странство, како и на нивните семејства.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Додека се гасне пожарот кај Селце, фатени тројца дрвокрадци во

02/09/2026
Македонија

Пожарот од Косово се движи кон Грачани – ангажирани „ер-тракторите“ на

02/09/2026
Македонија

Приведен 27-годишен скопјанец: Сопругата го пријавила дека ја нападнал дома,

02/09/2026
Македонија

Арљинда Хасани Синани именувана за нова вицегувернерка на Народната банка

02/09/2026
Македонија

Македонската химна одекна во Таранто: Белистојаноски освои злато!

02/09/2026
Македонија

„Комити“ најавија бојкот на Вардар: Бараат оставка од управата предводена

02/09/2026
Македонија

Вештачење за „Пулс“: 13 години немало противпожарна инспекциска контрола во

02/09/2026
Македонија

Шасивари: Борбата против криминалот и корупцијата во затворите е приоритет

02/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45401
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Додека се гасне пожарот кај Селце, фатени тројца дрвокрадци во близина на Штип

02/09/2026

Во момент кога стотици пожарникари, припадници на службите и граѓани се ангажирани во справување со пожарот во штипскиот регион, во

Пожарот од Косово се движи кон Грачани – ангажирани „ер-тракторите“ на ДЗС

02/09/2026

Пожарот кој во текот на ноќта навлезе од косовска страна на македонска територија продолжува да се шири во реонот над

Приведен 27-годишен скопјанец: Сопругата го пријавила дека ја нападнал дома, па ја однел во шума

02/09/2026

Полицијата привела 27-годишен скопјанец по пријава од неговата 21-годишна сопруга за физички напад, кој, според нејзиното сведоштво, продолжил и откако

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy