Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Можно ли е ова? Која државна научна установа плаќа најскапа струја, 19 отсто поскапо од цената на берза?!!!
Економија

Можно ли е ова? Која државна научна установа плаќа најскапа струја, 19 отсто поскапо од цената на берза?!!!

19/11/2024

AA

Апсурдот на ефектите од либерализацијата на пазарот за електрична енерија кај државни органи и јавни установи болно се огледа во примерот на највисоката научна установа од својата дејност – Универзитетската библиотека „Свети Климент Охридски“. Се е легитимно и легално, по закон и устав, со спроведен тендер. И ефектот од тендерот е највисоката научна установа плаќа струја по цена што е за 18,7 отсто повисока од цената на берзата. И нема државна установа од областа на науката што плаќа поскапа струја од универзитетската библиотека – темел на македонската наука

Националната и универзитетска библиотека ќе плаќа струја што е за 18,7 отсто поскапа од струјата што се продава на унгарската берза ХУПЕКС. Се е легално и легитимно. На распишан тендер за набавка на струја се јавил еден понудувач. Нема конкуренција нема снижување на трговската маржа.

Националната библиотека ќе плаќа цена на струја која е еднаква на просечната дневна цена за тој месец на берзата ХУПЕКС и на тоа освен ДДВ ќе плати и 18,7 отсто трговска маржа. Значи национална установа од витално знаење ќе плаќа 18,7 отсто поскапа струја од таа што се плаќа на берза.

Еве што донесе либерализацијата на пазарот за непрофитните државни установи во Македонија. Ова се резултатите. Дополнителен и голем трошок на централниот буџет, ако се знае дека од таму се покриваат трошоците за најголем дел државни органи, установи и министерства.

Овде во конкретниот случај не е проблем кој го добил тендерот и ја снабдува Универзитетска библиотека. Можел да го добие кој било од тие 30-40 компании кои се занимаваат со таа дејност.  Проблематичен е моделот по кој непрофитни државни установи набавуваат електрична енергија по пазарни цени и тоа зголемени за трговска маржа. А се плаќа од буџет кој го полниме сите ние граѓаните на Македонија. Зошто непрофитни научни, здравствени, образовни и комунални организации се изложуваат на пазарни цени и трговски маржи? Тоа е директно изложување на централниот буџет.

И ова не е проблем само на универзитетска библиотека. Нејзиниот тендер за струја е 27.600 евра за цела година без ДДВ. Од тие пари снабдувачот ќе земе провизија поголема од 5.000 евра. Тоа е цената за услугата за една година. Цената на струјата ќе се утврдува на берза во земја која не ниту сосед на Македонија. А да биде трагедијата на решението уште поголема Македонија има берза за струја која секој ден има тргување и дава релевантни ценовни сигнали еве веќе 18 месеци. Но нив никој не ги гледа или не сака да ги види. А веќе помина година и половина откако нашата берза за струја работи.

И не е само универзитетската библиотека. Пред некој ден објавивме за Универзитетската клиника за хематологија. Таму провизијата на снабдувачот со струја беше 20 отсто на цената на струјата што се постигнува на берзата во Унгарија.

На овој линк се деталите од договорот за Универзитетската библиотека https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/bc3fd3fb-32bb-40fe-b92d-c88b3d9ee428 а во продолжение на оваа платформа има детали за сите државни институции кои набавуваат струја по цени што се повисоки од тие на странската референтна берза ХУПЕКС https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/contracts/0

Р.Ф.

foto freepik.com/jcomp

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПЛАТФОРМАТА 12.05 ЈА ПРОПУШТИЛА ШАНСАТА ЗА ДОБАР ПРВ ВПЕЧАТОК Мицкоски

26/09/2026
Македонија

СОФИЈА НЕ САКА БРИСЕЛ ДА СЕ ВКЛУЧИ ЗА ДА НЕ

26/09/2026
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР НА ОТПАД ЗА АВТОМОБИЛИ ВО ТЕТОВО На граѓаните

26/09/2026
Македонија

СВЕТЛАНА МОЈСОВ ОДЛИКУВАНА СО ОРДЕН „8 СЕПТЕМВРИ“ Македонија се гордее

26/09/2026
Македонија

ПРВО ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА, ПА ОТВОРЕНИ ЛИСТИ Платформата 12.05 нуди

26/09/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ Е ФРАКЦИЈА ВО СДСМ И МОРА ДА ЈА ОСЛОБОДИ

26/09/2026
Македонија

ТЕТОВЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА СИЛУВАЊЕ ДЕТЕ САМ СЕ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА

26/09/2026
Македонија

НАПРЕДОКОТ Ѝ Е ПОТРЕБЕН НА МАКЕДОНИЈА БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ЌЕ

26/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45826
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПЛАТФОРМАТА 12.05 ЈА ПРОПУШТИЛА ШАНСАТА ЗА ДОБАР ПРВ ВПЕЧАТОК Мицкоски не сака да се меша

26/09/2026

Платформата „Разговори за иднината во 12:05“ ја пропуштила можноста да остави позитивен прв впечаток, бидејќи ги потценува граѓаните, со тоа

СОФИЈА НЕ САКА БРИСЕЛ ДА СЕ ВКЛУЧИ ЗА ДА НЕ ПРИЗНАЕ ДЕКА ИМАМЕ БИЛАТЕРАЛЕН СПОР

26/09/2026

Досегашните средби на билатерално ниво меѓу Северна Македонија и Бугарија се средби „колку да се случат“, а Европската Унија треба

ГОЛЕМ ПОЖАР НА ОТПАД ЗА АВТОМОБИЛИ ВО ТЕТОВО На граѓаните им е препорачано да ги

26/09/2026

Во автоотпад во Тетово избувна пожар, при што биле зафатени гуми, акумулатори и пластични делови од возила. Пожарникарите со часови

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy