
МОЖЕ ДА ДОБИЕ ЗАТВОР ДО ПЕТ ГОДИНИ: Уапсена Словенката чие дете почина во прегреан автомобил
Словенечката полиција ја уапси мајката на детето кое почина во прегреан автомобил.
Немилиот настан се случи во Свети Ловренц. Уапсен е и нејзиниот партнер. Нив им е одреден 48-часовен полициски притвор. Како што јави РТВ Словенија, се работи за дете кое имаше неполни две години. Детето најмалку два часа било затворено во автомобилот во дворот пред куќата. И покрај укажаната прва помош, детето починало.
Како што вчера за ТВ Словенија изјави помошник-началникот на секторот за криминалистичка полиција на Полициската управа Цеље, Алеш Слапник, мајката и нејзиниот партнер веќе се во притвор поради сомнение за кривично дело предизвикување смрт од небрежност, за што им се заканува казна од шест месеци до пет години затвор.