Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мотор го победи Пелистер и пред нос му ја тресна вратата од Европа!
Спорт

Мотор го победи Пелистер и пред нос му ја тресна вратата од Европа!

28/02/2023

AA

Нема пролет во Еропа за Пелистер и покрај тоа што шансата изгледаше идеална, со вечерашниот домашен натпревар против Мотор Запорожје. Меѓутоа, не помогна ниту фактот што и реми беше доволно за битолчани да се пласираат во осминафиналето и наместо тоа претрпеа пораз, со 25-27.

Речиси, цел натпревар зелено-белите бркаа негатива зад украинскиот тим, со исклучок на неколку добри минути во првиот дел. Но, додека дојдат до нив, отворија со 0-3 и беа во минус десетина минути. Со низа од три гола и, конечно, усогласена игра во одбраната, направија пресврт и поведоа со 8-7 во 12. минута.

Ова беше шанса да се преземат уздите од натпреварот, меѓутоа Мотор имаше свои адути, пред се во голманот Генади Комок и во „топџијата“ Ихор Турченко. Тие го водеа членот на германската втора Бундеслига назад до водство и до 15-13 на паузата. Во тоа им помогна постот од шест минути на „пелистерци“ без гол, кон крајот на полувремето.

Како почна второто, не навести дека нешто ќе се смени, па Украинците првпат заминаа на плус четири, со 18-14 во 34. минута. Но, Пелистер повторно покажа знаци на живот и повторно поведен од Марио Танкоски, како и во серијата од првото полувреме. Средниот бек сега постигна три гола во низата од 5-1, за враќање на резултатска нула, 19-19 во 41. минута.

Сепак, тоа беше примерок за индивидуален блесок, какви што ги имаше повремено само уште Каспер Кисум, што се покажа недоволно за исчекор кон Европа. Нападот остана безидеен пред длабоката 6-0 зона на Мотор и до крајот на мечот само Танкоски успеваше да промени нешто. Ги постигна последните четири гола на својот тим.

По погодокот на Усама Хосни во 49. минута (21-22), ниту еден друг не успеа да го совлада Комок освен Танкоски, а на спротивната страна премногу лесно беше пробивана зоната, најчесто со удари од далечина на Турченко или со влезови меѓу зоната на битолчани. Имаше услови и за последен замав, напад на 40 секунди до крајот, кој донесе чиста позиција од крило, но капитенот Мирко Радовиќ не ја најде целта. 

Танкоски блескаше со девет гола од 10 обиди, сите од игра, но најконкретна поддршка имаше само од Денис Васиљев со четири гола. На спротивната страна Турченко застана на седум, додека голманот Комок имаше 13 одбрани, речиси двојно повеќе од Урбан Лесјак, кој остана со седум. 

Пелистер има шест бода, доволни за петтото место во групата Д, а Мотор го прескокна и со седум ја освои четвртата позиција, која носи во осминафиналето, против Нексе.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДВЕ ДЕВОЈЧИЊА ТЕПАЛЕ ВРСНИЧКА И СЕ СНИМАЛЕ СО ТЕЛЕФОНИ Полицијата

20/11/2026
Македонија

ОД ЗАТВОР МУ ИСПРАЌАЛЕ УЦЕНИ, КОГА ОДБИЛ ДА ПЛАТИ, МУ

20/11/2026
Македонија

Саудиска Арабија прва во светот во дигиталните владини услуги, ја

20/11/2026
Македонија

НЕМА СИГНАЛИ ДЕКА СЕ ПЛАНИРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ Илија Димовски очекува

20/11/2026
Македонија

НАСИЛСТВОТО НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ ПРЕДМЕТ НА ПАРТИСКИ ПРЕПУКУВАЊА Владата

20/11/2026
Македонија

„НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ!“ СО БЛОКАДА ПРЕД ВЛАДАТА Протест против фемицидот

20/11/2026
Македонија

ЗА ОДБРАНАТА НА РИСТОВ СПОРНО Е КАКО СЕ СОБРАНИ МАТЕРИЈАЛИТЕ

20/11/2026
Македонија

ПОЛИЦАЈЦИ ПРЕТЕПАЛЕ МАЛОЛЕТНИК ВО ОХРИД, ГО УДИРАЛЕ СО ПЕНДРЕК И

20/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46861
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДВЕ ДЕВОЈЧИЊА ТЕПАЛЕ ВРСНИЧКА И СЕ СНИМАЛЕ СО ТЕЛЕФОНИ Полицијата ги приведе

20/11/2026

Полицијата во четвртокот вечерта во Скопје привела две малолетни девојчиња, кои биле пријавени дека пресретнале друго девојче, кое го тепале

ОД ЗАТВОР МУ ИСПРАЌАЛЕ УЦЕНИ, КОГА ОДБИЛ ДА ПЛАТИ, МУ ИСПРАТИЛЕ ПИРОМАН Бизарна пресметка меѓу

20/11/2026

СВР Штип, во координација со Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал и семејно насилство при МВР

Саудиска Арабија прва во светот во дигиталните владини услуги, ја исполни целта на Визијата 2030

20/11/2026

Кралството се најде на првото место меѓу 194 држави и територии оценети од Обединетите нации за онлајн владини услуги, а

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy